ЦРКВУЛЧЕ, С

ЦРКВУЛЧЕ, С. ТРПЕЈЦА – пештерна црква во близина на „Св. Богородица Заумска“ во правецот кон манастирот „Св. Наум“. хитектурата, посредно дефинирајќи и постулати од националниот стил во македонската архитектура на ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ в. Континуирано се развива и во периодот меѓу двете светски војни, со изградба на разни спомен-цркви, споменкапели и костурници. К. Гр. Учесниците… Continue reading ЦРКВУЛЧЕ, С

ЦРКОВНИ ОПШТИНИ НА МПЦ ВО РХ

ЦРКОВНИ ОПШТИНИ НА МПЦ ВО РХ (1993) – верско организирање на Македонците во РХ. Како прва црковна општина на МПЦ била Македонската православна црковна општина „Св. Злата Мегленска“ (Загреб, 1993), а потоа биле основани МПЦО „Св. Јоаким Осоговски“ (Пула, 1996) и МПЦО „Св. Наум Охридски“ (Сплит, 1996). МПЦ назначила постојан свештеник во РХ во црквата… Continue reading ЦРКОВНИ ОПШТИНИ НА МПЦ ВО РХ

ЦРКОВНО ГРАДИТЕЛСТВО

ЦРКОВНО ГРАДИТЕЛСТВО – обемен и еден од позначајните делови од целокупната архитектонска продукција во Македонија. Се однесува главно на христијанските православни храмови. Како продложувач на традицијата на поствизантсикото црковно градителство во Македонија, во периодот на ⅩⅠⅩ в. доживува интензивен развој и трансформации. На тој начин учествува во создавањето на преродбенскиот стил во ар-ЦРКОВНО-НАРОДНИ СОБОРИ на… Continue reading ЦРКОВНО ГРАДИТЕЛСТВО

ЦРКОВНО-УЧИЛИШНИ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА

ЦРКОВНО-УЧИЛИШНИ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА – посебни црковно-просветни и општествени институции, уште од времето на создавањето на првите христијански црковнорелигиозни општини. Во Охридската архиепископија била зачувана нивната извесна црковноопштествена самоуправа во регулирањето на религиозно-просветните, брачно-семејните, имотно-наследните и др. дела. Со укинувањето на Охридската архиепископија (1767) нејзините епархии и црковни општини потпаднале под јурисдикцијата на Цариградската патријаршија.… Continue reading ЦРКОВНО-УЧИЛИШНИ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА

ЦРНА АРАПИНА

ЦРНА АРАПИНА – негативен лик во епските народни песни, синоним за црнци во македонското народно творештво, особено во епската народна поезија; сложен лик со митски и историски елементи. С. Мл.

ЦРНА РАКА

ЦРНА РАКА“ – албански заштитен комитет (1943–1944), фашистичка организација формирана од Германците. Дејствувала за ширење омраза спрема Македонците, нивно убивање (посебно на видните личности) и протерување од окупираниот Западен дел на Македонија. Претседател на организацијата бил Имет Лимани. Извршувала и разузнавачка дејност за собирање информативни податоци за движењето и силата на македонските партизански единици. Расформирана… Continue reading ЦРНА РАКА

ЦРНА РЕКА

ЦРНА РЕКА – десна притока на р. Вардар. Извира во Демир Хисар кај с. Железнец, на височина Црна Река вкупниот пад изнесува 631 м. Изворот го сочинуваат 5 поголеми карстни извори, меѓу кои позначајни се Црна Дупка и Под Куќа, а изворишниот дел се наоѓа во североисточниот дел на Церско Поле, под планините Баба СачContinue reading ЦРНА РЕКА

ЦРНИ ДРИМ

ЦРНИ ДРИМ – река што истекува од Охридското Езеро кај Струга, тече низ северозападниот дел на Охридско-струшката Котлина и кај селото Ташмаруниште влегува во Дримколската Клисура. Од излезот на клисурата влегува во Дебарската Котлина, а западно од селото Спас, на кота од 476 м, ја напушта територијата на РМ и влегува во Албанија. На делницата… Continue reading ЦРНИ ДРИМ

ЦРНО СЕМЕ

ЦРНО СЕМЕ“ – игран филм, ед-но од најзначајните остварувања во македонската кинематографија. Снимен во 1971 г., според истоимениот роман на Т. Георгиевски, во режија на Кирил Ценевски. Дејството е лоцирано во времето на Граѓанската војна во Грција (1946). Потресните сведоштва за невидените тортури врз групата грчки униформирани војници од македонско етничко потекло добиваат во строгата… Continue reading ЦРНО СЕМЕ

ЦРНОГОРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ЦРНОГОРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Се воспоставуваат во средниот век кога цар Самуил го поразува дукљанскиот владетел кнезот Јован Владимир, ја приклучува неговата држава кон Самуиловото Царство, го донесува Јован Владимир на дворот во Преспа и го оженува со ќерката Косара, па го враќа да управува во Дукља како негов зет и вазал. По Берлинскиот конгрес… Continue reading ЦРНОГОРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ЦРНОРИЗЕЦ

ЦРНОРИЗЕЦ (ЧЕРНОРИЗЕЦ) ХРАБАР (втората половина на Ⅸ в. – првата половина на Ⅹ в.) – истакнат средновековен писател од кирилометодиевскиот период. Автор е на едно од најзначајните старословенски дела „О писменех“ („За буквите“). Во својата литературна творба дава исклучително важни податоци за создавањето на словенското писмо, неговата предисторија, чинот на создавањето и неговото ширење меѓу… Continue reading ЦРНОРИЗЕЦ

ЦРПИ ВОДА, ЈАНО

ЦРПИ ВОДА, ЈАНО“ – македонско народно оро во мешан состав, со метар 2/4. Најчесто се играло во Скопско со држење на рацете за појас, со движење во полукруг во одмерено темпо и со балансирање на предната половина од стапалото. ЛИТ.: Михаило Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 41. Ѓ. М. Ѓ. Н. Мартиноски: Слобода или… Continue reading ЦРПИ ВОДА, ЈАНО

ЦРТЕЖОТ ВО ⅩⅩ ВЕК

ЦРТЕЖОТ ВО ⅩⅩ ВЕК. Современиот македонски цртеж се појавува во периодот меѓу двете светски војни, едновремено со почетоците на современото сликарство и скулптура. Со него се занимавале пионерите на модерната (Д. А. Пандилов, Н. Мартиноски). Во повоениот период се актуализира особено од страна на членовите на групата Денес, развивајќи се понатаму како самостојна дисциплина со… Continue reading ЦРТЕЖОТ ВО ⅩⅩ ВЕК

ЦРЦАРЕВ, Пантелеј

ЦРЦАРЕВ, Пантелеј (Ресен, 1888 – Ресен, 1963) – лекар. По завршувањето на Мед. ф. во Атина (1912) бил лекар во Ресен. Во Првата светска војна бил воен лекар на Солунскиот фронт. Во времето на Втората светска војна бил околиски лекар во Ресен и Царев Двор. Го основал Здравствениот дом во Ресен (1. Ⅳ 1945). П.… Continue reading ЦРЦАРЕВ, Пантелеј

ЦУТАР

ЦУТАР – народно именување на третиот месец во годината – март. С. Мл.

ЦУЦУЛОВСКИ, Љубомир Наумов

ЦУЦУЛОВСКИ, Љубомир Наумов (Битола, 1. Ⅸ 1948) – доктор по филозофија, универзитетски професор и публицист. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1971), магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (1982), а докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1992). Работел како асистент на Институтот (1973–1975), кога е избран за асистент на Филозофскиот факултет во СкопјеContinue reading ЦУЦУЛОВСКИ, Љубомир Наумов

ЧАВДАРСКИ, Ванчо

ЧАВДАРСКИ, Ванчо (с. Владимирово, 3. Ⅲ 1930 – Бризбејн, Австралија, 9. Ⅹ 2001) – диригент. Дипломирал диригирање на Белградската музичка академија (проф. Ж. Здравковиќ), а специјализирал во Германија и САД. Добитник е на втора награда на меѓународниот натпревар на млади диригенти во Ливерпул, Англија. Од 1965 до 1970 г. соработувал со ансамблите на Операта и… Continue reading ЧАВДАРСКИ, Ванчо

ЧАДИКОВСКА-АНАСТАСОВА, Снежана

ЧАДИКОВСКА-АНАСТАСОВА, Снежана (Скопје, 20. Ⅺ 1950) – пијанистка. Својот прв настап на концертниот подиум го бележи на 12. ⅩⅠⅠ 1972 г. и оттогаш е постојано присутна на македонската музичка сцена. До 1984 г. е претежно солист, а потоа и пијано-придружник на голем број македонски и странски музички уметници. И како солист и како придружник настапува… Continue reading ЧАДИКОВСКА-АНАСТАСОВА, Снежана

ЧАЈ, ШАРПЛАНИНСКИ

ЧАЈ, ШАРПЛАНИНСКИ .(Сидеритис сцардица Грисеб.) – македонски флористички субендемит, опишан од шар Планина (Сцардус), но се среќава и на планините Бистра, Стогово, Илинска Планина, Лубен, Баба шарпланински чај Сач и др. Растение од кое се подготвува многу вкусен и ароматичен чај. Поради преголемото неконтролирано собирање, спаѓа во групата загрозени видови. Вл. М. Васил Чакаларов

ЧАКАЛАРОВ, Васил

ЧАКАЛАРОВ, Васил (с. Смредеш, Костурско, 1874 – Костурско, 20. Ⅶ 1913) – револуционер, војвода, учесник во Илинденското востание. Завршил прогимназија. Бил осуден и лежел во Корчанскиот затвор (1893), успеал да избега и заминал во Бугарија. Борис Сарафов (1900) го ангажирал и го испратил во Грција за организирање канал за испраќање оружје и муниција за потребите… Continue reading ЧАКАЛАРОВ, Васил

ЧАКАР, Јасмина

ЧАКАР, Јасмина (Битола, 4. Ⅶ 1939) – пијанист. Дипломирала на Музичката академија во Загреб (Д. Лукиќ, 1963). Магистрирала на ФМУ во Скопје (В. Крпан, 1976). Професор на ФМУ (19672003). Концертирала како солист и во различни состави, во РМ и во повеќе европски земји. Особено активен и ценет пијано-соработник, со реализирани над триста концертни вечери од… Continue reading ЧАКАР, Јасмина

ЧАКАР, Петар

ЧАКАР, Петар (Струга, 1912 – 1995) – публицист, драматург, истражувач на културното минато. Извесно време ја раководел манифестацијата Струшки вечери на поезијата. Пишувал драми, од кои изведени му се: „Туѓината тага голема“ во Детроит од наши иселеници (1940) и едночинката „Орлите на Македонија“ од Струшкото културно-уметничко друштво (1944). Пишувал и фељтони за животот на браќата… Continue reading ЧАКАР, Петар

ЧАКЕЉА, Михо

ЧАКЕЉА, Михо (Дубровник, 9. И 1909 – Скопје, 12. Ⅳ 1977) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Белград (1933). Освен педагошката работа, развил богата проектантска и урбанистичка активност. Учествувал на повеќе анонимни архитектонски конкурси. Се занимава и со графички дизајн. Позначајни реализации: зградата на… Continue reading ЧАКЕЉА, Михо