РАБОТНИЧКИ

РАБОТНИЧКИ“ (Скопје, 1946) – кошаркарски клуб. Меѓу првите членови на екипата биле: Драгољуб Лазиќ, Славко Матовски, Перо Христовски, Драган Луковски, Душко Стојановски, Ико ќовкаров, Трајан Ивановски, Александар Попов, Михаил Лазаревиќ, Војче Димитровски, Борис Анастасов. Бил републички првак 15 пати (до 1990). Се натпреварувал во Втората (1953 и 1954) и во Првата сојузна лига во 19… Continue reading РАБОТНИЧКИ

РАБОТНИЧКИ

РАБОТНИЧКИ“ – ракометен клуб во Скопје. Екипа во „големиот“ ракомет, првак на Македово Првата сојузна лига (1950/51). Репрезентативци на Југославија: Славко Матовски и Драган Геровски. Екипа на „малиот“ ракомет е создадена подоцна (1952). За првенството на Југославија сениорите се натпреварувале во десет, а младинците во четири сезони. Најголем успех е освоеното трето место (1956) и… Continue reading РАБОТНИЧКИ

РАБОТНИЧКИ

РАБОТНИЧКИ“ – ракометен клуб во Скопје. Екипа во „големиот“ ракомет, првак на Македово Првата сојузна лига (1950/51). Репрезентативци на Југославија: Славко Матовски и Драган Геровски. Екипа на „малиот“ ракомет е создадена подоцна (1952). За првенството на Југославија сениорите се натпреварувале во десет, а младинците во четири сезони. Најголем успех е освоеното трето место (1956) и… Continue reading РАБОТНИЧКИ

РАБОТНИЧКИ УНИВЕРЗИТЕТ КОЧО РАЦИН

РАБОТНИЧКИ УНИВЕРЗИТЕТ „КОЧО РАЦИН“ – Скопје – водечка установа за образование на возрасните во РМ. Основан е по иницијатива на Месниот синдикален совет (19. Ⅵ 1953) со цел да ги задоволува образовните и културните потреби на работните луѓе. Дејноста ја остварувал преку организирање масовни и систематски форми на работа: јавни предавања, циклус предавања, книжевни вечери,… Continue reading РАБОТНИЧКИ УНИВЕРЗИТЕТ КОЧО РАЦИН

РАБОТНИЧКИ УНИВЕРЗИТЕТИ

РАБОТНИЧКИ УНИВЕРЗИТЕТИ – воспитно-образовни установи за систематско образование на возрасните. Нивното формирање (педесеттите години на ⅩⅩ в.) првенствено било условено од потребата работните луѓе и граѓаните да добијат општи и стручни знаења, на организиран и систематски начин, заради успешно извршување на производствените и самоуправните задачи. Првите работнички универзитети се формираат 1953 г. (Скопје, Штип, Прилеп,… Continue reading РАБОТНИЧКИ УНИВЕРЗИТЕТИ

РАБОТНИЧКО ПРОСВЕТНО ДРУШТВО КЛАСНО ЕДИНСТВО

РАБОТНИЧКО ПРОСВЕТНО ДРУШТВО „КЛАСНО ЕДИНСТВО“ (Велес, септември 1908) – асоцијација на учители и занаетчии. Се застапувало за донесување социјално законодавство за заштита на трудот. Ги осудило надворешните пропаганди што дејствувале за разединување на масите и младотурците. ЛИТ.: Работничко и комунистичко движење во Македонија, Скопје, 1970. О. Ив.

РАБОТНИЧКО-ПРОСВЕТНО ДРУШТВО КЛАСНО СОЗНАНИЕ

РАБОТНИЧКО-ПРОСВЕТНО ДРУШТВО „КЛАСНО СОЗНАНИЕ“ (Битола, 1909) – друштво основано по иницијатива на Васил Главинов и Никола Петров Русински за ширење на социјалистичката пропаганда и за формирање нови работнички друштва. Се залагало за демократизација на Отоманската Империја, за заштита на работниците и за изборни права. ЛИТ.: Работничко и комунистичко движење во Македонија, Скопје, 1970. О. Ив.

РАДЕВ, Георги Николов

РАДЕВ, Георги Николов – Ѓорѓи Бродалијата (с. Горно Броди, Серско, 1857 – Асеновград, Бугарија, 15. Ⅱ 1942) – деец и серски војвода на ТМОРО/ВМОРО/ ВМРО. Како овчар, бил јатак на војводите Г. Зимбилев и Стојо Скрижовски, поради што бил апсен од османлиските власти. По излегувањето од затвор бил комита во четата на Илија Крчовалијата. Извесно… Continue reading РАДЕВ, Георги Николов

РАДЕВ, Симеон Трајчев

РАДЕВ, Симеон Трајчев (Ресен, 9. И 1879 – Софија, 15. Ⅱ 1967) – истакнат бугарски есеист, историчар, публицист, редактор на периодични весници и списанија, дипломат. Се школувал во Европскиот лицеј во Цариград, а правни студии завршил во швајцарија. Вклучен е во македонското револуционерно движење уште како ученик. Соработувал во органот на Бугарската егзархија „Новини“. Мошне… Continue reading РАДЕВ, Симеон Трајчев

РАДЕН

РАДЕН – еден од истакнатите ктитори на црквата „Св. Архангел Михаил“ во с. Непроштено (Тетовско). Покрај него, како ктитори се спомнуваат и неговиот брат Никола, како и сите православни христијани од селото. Во катастарскиот дефтер бр. 190 (се чува во Анкара) што се однесува на с. Непроштено, од Скопскиот санџак, во 1568/69 г. се спомнуваат… Continue reading РАДЕН

РАДИКА

РАДИКА – десна притока на р. Црни Дрим. Извира југозападно од врвот Голема Враца (Косово) на шар Планина, на височина од 2.260 м, а во Дрим се влива на височина од 487 м. Таа е изразито планинска река, која има претежно клисуреста, а на места и кањонеста речна долина. Долга е 64,7 км, има вкупен… Continue reading РАДИКА

РАДИОДИФУЗИЈА ВО РМ

РАДИОДИФУЗИЈА ВО Република Македонија– датира од 1941 г., кога првиот среднобранов предавател е монтиран на локација во Маџари. Македонското радио ја има својата прва емисија во Горно Врановци на 28. ⅩⅠⅠ 1944 г. Првата телевизиска емисија е емитирана на 14. ⅩⅠⅠ 1964 г. Денес МРТВ емитува три телевизиски и три радиоканали, сателитски телевизиски канал и… Continue reading РАДИОДИФУЗИЈА ВО РМ

РАДИЧ, Александар

РАДИЧ, Александар (Охрид, 20. ⅩⅠⅠ 1929) – спортски работник, организатор и инструктор во неколку спортови во Охрид и тренер на Александар Радич маратонските пливачи (1960–1967). Завршил Државен институт за физичка култура во Белград (1953). Бил член на ПВД „Охридски бранови“ во Охрид (од 1945). Се натпреварувал во пливање и ватерполо. Освоил 17 први места на… Continue reading РАДИЧ, Александар

РАДИЧЕВСКИ, Науме

РАДИЧЕВСКИ, Науме (Мешеишта, Охридско, 18. Ⅴ 1953) – поет, критичар, есеист, книжевен историчар. Завршил Филолошки факултет. Професор е на Филолошкиот факултет во Скопје. БИБ.: Постоење и мотиви, поезија, 1975; Критички интерпретации на младата македонска литература, критики и есеи, 1983; Светол тажен век, поезија, 1984; Контрасти, поезија, 1992; Релации и континуитет, литературни студии, 1996; Метаморфоза, критики,… Continue reading РАДИЧЕВСКИ, Науме

РАДНИЧКИ

РАДНИЧКИ“ (Скопје, 1937) – спортско друштво. Прв претседател бил Александар Танев. Фудбалската екипа се натпреварувала во Скопската лига. Активноста се одвивала и во времето на окупацијата. Под притисок на бугарските власти го смениле името во „Свобода“ и бојата на дресовите од црвена во зелена. Повеќето од членовите на Клубот биле припадници на КПЈ и СКОЈ:… Continue reading РАДНИЧКИ

РАДОВАНОВИЌ, Воислав

РАДОВАНОВИЌ, Воислав (Павлици, 27. И 1894 – 26. Ⅳ 1957) – српски географ. Основно образование завршил во с. Врбоци, а гимназија во Ниш. Диполомирал географија на Универзитетот во Белград (1921), на кој бил избран за асистент (1922) и докторирал (1924). Потоа доаѓа во Скопје, ка-Радовиш де што бил професор на Катедрата за географија на Филозофскиот… Continue reading РАДОВАНОВИЌ, Воислав

РАДОВИЌ, Живорад

РАДОВИЌ, Живорад (с. Ѓурѓевац, Валево, 5. И 1907 – Белград, 14. Ⅹ 1979) – филозоф, универзитетски професор. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Бел-град (1932), каде што и докторирал (1940). На Филозофскиот факултет (Институт за филозофија) во Скопје работел од 1948 до 1951 г. Ги предавал предметите логика и историја на филозофијата. Објавил прв учебник по… Continue reading РАДОВИЌ, Живорад

РАДОВИШ

РАДОВИШ – град во југоисточниот дел на Република Македонијасо 16.223 ж. (2002 г.). Се наоѓа во северозападниот дел на Струмичко-радовишката Котлина, од двете страни на Радовишка Река, на надморска височина од околу 380 м. Низ него поминува магистралниот пат М–6, кој на запад го поврзува со Штип, а на исток со Струмица. Зафаќа површина од… Continue reading РАДОВИШ

РАДОЈЧИЌ, Светозар

РАДОЈЧИЌ, Светозар (Сремски Карловци, Србија, 27. Ⅴ 1909 – Белград, 20. Ⅹ 1978) – водечки српски историчар на уметноста по Втората светска војна. Основач е на Катедрата за историја на уметноста во Белград. Студирал во Љубљана и во Загреб, специјализирал во Виена и во Прага. Близок соработник на Н. Л. Окуњев. Претставник е на современата… Continue reading РАДОЈЧИЌ, Светозар

РАДОМИРОВ ПСАЛТИР

РАДОМИРОВ ПСАЛТИР (од втората половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) – литургиски псалтир со молитви од македонска редакција. Кирилски ракопис пишуван со ситно уставно писмо во централномакедонското подрачје од ѓакот Радомир, според когошто го добил и името. Содржи 172 пергаментни листа (14,5 Ⅹ 10 см). Познат е и под името Зографски псалтир. Се чува во Библиотеката на… Continue reading РАДОМИРОВ ПСАЛТИР

РАДОНОВ, Крум

РАДОНОВ, Крум (Банско, 8. Ⅲ 1912 – Софија, ?) – учесник во НОД во Пиринскиот дел на Македонија (1941–1944). Завршил педагошко училиште (1931) и учителствувал во Неврокопската околија (1931–1932 и 1935–1938). Член на БКП (од 1934). Студирал во Брно (Чешка) и во Братислава (Словакија, 1939–1941). Бил партизан (22. Ⅵ 1941) и еден од основачите на… Continue reading РАДОНОВ, Крум

РАДОСАВЛЕВИЌ, Добривое

РАДОСАВЛЕВИЌ, Добривое (Боби) (Књажевац, Србија, 28. И 1915 – Белград, 4. Ⅳ 1984) – српски комунистички деец, инструктор на ЦК на КПЈ и еден од организаторите на НОАВ во МакедоДобривое (Боби) Радосавлевиќ нија, народен херој на Југославија и државник. Како апсолвент по агрономија на Земјоделско-шумарскиот факултет во Белград, бил член на КПЈ (од 1933), на… Continue reading РАДОСАВЛЕВИЌ, Добривое

РАДУЛОВ

РАДУЛОВ (РАДУЛЕ), Георги (Ѓорѓи) Николов (с. Кремен, Благоевградско, РБ, 29. Ⅸ 1942) – доцент и декан (2001–2005) на Електро-механичкиот факултет на Рударско-геолошкиот универзитет „Св. Иван Рилски“ во Софија, македонски културно-национален деец и историчар. Дипломиран двоен инженер – на Електро-механичкиот факултет на Рударскогеолошкиот универзитет и на Транспортниот факултет на Техничкиот универзитет во Софија. Неговата потесна специјалност… Continue reading РАДУЛОВ

РАДУША

РАДУША – рудник на Цр руда, кој се наоѓа 18 км северозападно од Скопје. Радушкиот масив е најголем (околу 70 км) и се смета за најрудоносен. Во неговиот подински дел преовладуваат дунити и харцбургити, каде што се и најзначајните рудни тела. Средната зона на масивот е изградена од харцбургити и лерзолити, каде што хромната минерализација… Continue reading РАДУША