ЌАМИЛОВ, Кирил

ЌАМИЛОВ, Кирил (Велес, 22. Ⅱ 1899 – Скопје, 9. Ⅸ 1976) – универзитетски професор, филозоф, фолклорист, револуционер. Студирал на универзитетот Сорбона во Париз (1924) и докторирал на темата „Прилог кон проучувањето на детето. Современи теории и методи“ на Универзитетот во Нанси (1936). Учесник во шпан-Кирил ќамилов ската граѓанска војна (1937–1938), потоа и во НОБ во… Continue reading ЌАМИЛОВ, Кирил

ЌАТИБ, ХАСАН

ЌАТИБ, ХАСАН (Битола, ⅩⅤ / ⅩⅤⅠ в.) – османлиски поет родум од Битола. Станал секретар на Синан-паша, големиот везир на султанот Селим И (1512–1520). Пишувал песни во хроностихови, а најзначајна му е песната испеана по повод освојувањето на Бел-град од султанот Сулејман. ЛИТ.: Историја на македонскиот народ, том втори. Македонија под турска власт (од ⅩⅣ… Continue reading ЌАТИБ, ХАСАН

ЌЕРИМИ, Веби

ЌЕРИМИ, Веби (Куманово, 8. Ⅴ 1955) – актер, режисер и педагог. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје 1979 г. Од 1980 г. е професор по Актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Тетово. РЕЖИИ: „Човекот што ја виде смртта со свои очи“, „Полицајци“, „Социјалистичка Ева“, Волпоне“ и други. УЛОГ: Енрик Ⅳ во… Continue reading ЌЕРИМИ, Веби

ЌОРВЕЗИРОСКИ, Миле

ЌОРВЕЗИРОСКИ, Миле (Прилеп, 18. В. 1928 – Скопје, 22. Ⅵ 2008) – филолог, учебникар, културолог. Гимназиското образование го завршил во Прилеп, а Филозофскиот факултет (Групата за литературите на народите на СФРЈ, со специјалност историја на македонскиот јазик и дијалектологија) во Скопје (1954). Работел како редактор во Радио Скопје (1. Х 1953 – 1. Ⅳ 1954),… Continue reading ЌОРВЕЗИРОСКИ, Миле

ЌОСЕВА, Слободанка

ЌОСЕВА, Слободанка (Штип, 1946) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Дипломирала на Универзитетот МХТИ во Москва (1969), а докторирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград (1989). Имала студиски престои во многу земји на Европа. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1969 г., а редовен професор од 2000 г. Била продекан на Технолошко-металуршкиот факултет… Continue reading ЌОСЕВА, Слободанка

ЌОСЕВСКИ, Владимир

ЌОСЕВСКИ, Владимир (Охрид, 1. Ⅺ 1921) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот факултет на Техничката висока школа во Белград (1953). Проектантската активност ја одвива во Заводот за урбанизам и архитектура во Охрид, во Скопје и во Републичкиот секретаријат за урбанизам при Извршниот совет на РМ. Изработил урбанистички планови за повеќе станбени населби во Скопје,… Continue reading ЌОСЕВСКИ, Владимир

ЌОСТАРОВ, Димитар

ЌОСТАРОВ, Димитар (Ичера, Бугарија, 25. Ⅷ 1912 – Охрид, 14. Ⅲ 1997) – актер, режисер и педагог. Еден од втемелувачите на современото театарско дело во Македонија. Завршил Виша театарска школа во Софија. Во Скопје пристигнува во 1941, како актер на новооснованиот бугарски Народен театар. Брзо потоа се вклучува во илегалната дејност, а подоцна стапува во… Continue reading ЌОСТАРОВ, Димитар

ЌУКА, Јорго

ЌУКА, Јорго (Крушево, 1947) – инж. технолог, долгогодишен директор на „ОХИС“ – Скопје, стопанственик и општественик. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1972). Во „ОХИС“ бил од инженер во погон, главен инженер, директор на погон и генерален директор (1987–2008). Бил претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија и член на Советот за меѓунационални односи.… Continue reading ЌУКА, Јорго

ЌУКОВИ

ЌУКОВИ (Отус) – род мали птици со должина на телото до 20 цм и со распон на крилјата до 60 цм, од кои во Македонија се среќава еден вид ќук (Отус сцопс). ќук (Отус сцопс) ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан… Continue reading ЌУКОВИ

ЌУЛАВКОВА, Ката

ЌУЛАВКОВА, Ката (Велес, 11. ⅩⅠⅠ 1951) – поет, литературен теоретичар, критичар, есеист, препејувач, антологичар. Член е на МАНУ и секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука. Има завршено Филозофско-историски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Докторирала на Филозофскиот факултет во Заг-Ката ќулавкова реб на тема: „Одлики на лириката“. Работи на Филолошкиот… Continue reading ЌУЛАВКОВА, Ката

ЌУЛАФКОВСКИ, Павле Јованов

ЌУЛАФКОВСКИ, Павле Јованов (Папрадиште, Велешко, јули 1865 – на пат кон Папрадиште, 13. Ⅵ 1940) – член на МНЛД во С.-Петербург и потписник на молбата за регистрација на неговиот Устав. УШТЕ млад работи како градежник во Воден (1892–1893) и во Ⅵ сектор на Отоманската же-Павле ќулафковски лезница во Битола (1894–1896), како мајстор-градежник на пристаништето во… Continue reading ЌУЛАФКОВСКИ, Павле Јованов

ЌУСТЕК

ЌУСТЕК – плетен украс од монистра. Машкото население го носело вденат на појасот. Ј. Р. П.

ЌУСТЕНДИЛСКИ ТРИОД

ЌУСТЕНДИЛСКИ ТРИОД – ракопис од македонска редакција од Кратовската книжевна школа од МАКЕДОНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА втората половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Ракописот е пишуван во две колони од по 38 реда со уставно писмо. Главниот дел се чува во Окружниот музеј во ќустендил, а по неколку листа по библиотеките во Софија, Краков, Пловдив и Санкт Петербург. о… Continue reading ЌУСТЕНДИЛСКИ ТРИОД