ЃАКОНОВСКИ-ШПАТО, Драган

ЃАКОНОВСКИ-ШПАТО, Драган (Скопје, 11. Ⅲ 1931 – Скопје, 3. Ⅰ 1987) – композитор, аранжер, диригент. Дал исклучителен придонес за развојот на популарната музика во Македонија. Првите Драган Ѓаконовскишпато контакти со џезот ги имал слушајќи ги странските радио станици (Глас на Америка, Радио Луксембург). Го формирал (1948) Студентскиот академски џез-ансамбл. Од 1950 г. работи во Радио… Continue reading ЃАКОНОВСКИ-ШПАТО, Драган

ЃЕЛАЈ, Том Ник

ЃЕЛАЈ, Том Ник (псевд. шумски) (с. Мирдита, Скадарско, Албанија, 1920 – с. Зајас, Кичевско, 6. XI 1943) – воен раководител на НОВ и ПОМ. Непосредно по фашистичката окупација на Македонија пристигнал во Гостивар (1941) како шумар, по што го добил и илегалното име шумски. Тука се вклучил во Македонското народноослободително движење. Пројавил особена активност во… Continue reading ЃЕЛАЈ, Том Ник

ЃЕЛЕВ, Јован

ЃЕЛЕВ, Јован (Иван) Недев (поп шаќо) (с. Дреново, Кавадаречко, 8. XI 1880 – Скопје, 18. Ⅲ 1954) – свештеник, илинденец и учесник во НОБ. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Президиумот на АСНОМ (2. Ⅷ 1944). По Ослободувањето бил свештеник во црквата „Св. Димитрија” во Скопје. Носител е на Орден од… Continue reading ЃЕЛЕВ, Јован

ЃЕРДАН

ЃЕРДАН -. масивен украс за на гради што го покрива целиот граден кош. Се изработувал на парче клашна и на него се нанижувале сребрени пари и кувенџиски амајлии. Ј. Р.-П.

ЃЕРЃИКОВИЌ, Ѓорѓе

ЃЕРЃИКОВИЌ, Ѓорѓе (Гевгелија, ? – Гевгелија, 1911) – српски офицер, илинденски револуционер и македонски „автономист”. По кратко учителствување во с. Мачуково (1. Ⅳ 1898), се запишува во Воената академија во Бел-град (22. Ⅶ 1898). Како српски поручник двапати со своја чета влегува во Македонија, но ранет е во борбите со Турците и се лекува во… Continue reading ЃЕРЃИКОВИЌ, Ѓорѓе

ЃОРГИЕВСКИ, Љупчо

ЃОРГИЕВСКИ, Љупчо (Битола, 21. Ⅹ 1956) – режисер. Дипломирал психологија на Филозофскиот факултет во Скопје (1980) и режија на ФДУ во Скопје (1990). Од и.г. е член на Народниот теа-тар во Битола, потоа негов директор (2002-2006). Режии: „Парите се отепувачка”; „Бегалка”; „Ромео и Јулија”; „Македонска крвава свадба”„Лисистрата”; „Летни Силјане”; „Лет во место” и др. Чест… Continue reading ЃОРГИЕВСКИ, Љупчо

ЃОРГОВ, Васил

ЃОРГОВ, Васил (Велес, 20. Ⅹ 1910 – Скопје, 23. Ⅲ 1968) – политички работник. Филозофски факултет завршил во Загреб (1935). Активен заднински работник е во НОБ од 1943. Член е на КПМ од 1944. По Ослободувањето бил секретар на СК во Делчево; републички и сојузен народен пратеник; претседател на Планската комисија на НРМ; министер за… Continue reading ЃОРГОВ, Васил

ЃОРЃЕВИЌ, Тихомир

ЃОРЃЕВИЌ, Тихомир (Књажевац, 19. Ⅱ 1868 – Белград, 28. Ⅴ 1944) – српски етнолог и историчар, универзитетски професор и академик, истражувач и на македонското народно творештво. Се смета за основоположник на етнологијата како наука на Белградскиот универзитет. Бил упорен теренски истражувач и особено внимание им посветил на интернационалните мотиви во народното творештво. Го проучувал и… Continue reading ЃОРЃЕВИЌ, Тихомир

ЃОРЃЕВСКИ, Јордан

ЃОРЃЕВСКИ, Јордан (Тетово, 7. Ⅻ 1910 – Скопје, 10. IX 1989) – агроном. Основно училиште завршува во Тетово, а Земјоделскошумарски факултет во Земун – Белград (1934). Работи во опитните станици во Сараево, Топчидер – Белград и во Скопје. Специјализира (една година) во Грција за елекција на памукот. Во 1948 г. доаѓа на Земјоделско-шумарскиот факултет во… Continue reading ЃОРЃЕВСКИ, Јордан

ЃОРЃЕВСКИ, Ристо Трпев

ЃОРЃЕВСКИ, Ристо Трпев (с. Теарце, Тетовско, 24. Ⅲ 1919 – Скопје, 16. Ⅳ 1996) – психолог, универзитетски професор. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1950). Со титулата доктор на психолошки науки се стекнал на Филозофскиот факултет во Загреб (1955). Бил инспектор за просвета и раководител на Одделението за школство при Министерството за просвета на ФРМ… Continue reading ЃОРЃЕВСКИ, Ристо Трпев

ЃОРЃЕВСКИ, Софре

ЃОРЃЕВСКИ, Софре (с. Радиовце, Тетовско, ? – ?, 1963) – еден од првите членови на МРО во Тетовско, војвода на чета (со решение на Тетовскиот местен комитет), која дејствувала во подрачјето на планината Сува Гора во Тетовско и Гостиварско. Учесник е во Илинденското востание, во борбите во Кичево. Во тетовските провали бил уапсен и затворен… Continue reading ЃОРЃЕВСКИ, Софре

ЃОРЃИ ЈАНИНСКИ, св

ЃОРЃИ ЈАНИНСКИ, св. (с. Чуркли, Гревена, 1810 – Јанина, 1838) – овој Македонец маченички настрадал на бесилка за православната вера во 1838 г. Од неговите мошти се случуваат чудеса. ЛИТ.: Александар Донски, Сите светители од Македонија, Штип, 2006; Жития на светиите, Синодално издателство, София (1974), 1991; Хризостом Столић, јеромонах, Православни светачник, месецослов светих, том први,… Continue reading ЃОРЃИ ЈАНИНСКИ, св

ЃОРЃИ КРАТОВСКИ, св

ЃОРЃИ КРАТОВСКИ, св. (Кратово, 1497 – Софија, 24/11. Ⅱ 1515) – христијански светец. Неговите родители, кратовците Димитар и Сара, од шестгодишна возраст го дале да изучува свештени книги, а потоа го изучувал и златарскиот занает. По смртта на татка си заминал во Софија кај тамошниот првосвештеник Петар, каде што продолжил да се образува во верата… Continue reading ЃОРЃИ КРАТОВСКИ, св

ЃОРЃИЕВ, Ѓорѓи М

ЃОРЃИЕВ, Ѓорѓи М. (с. Горна Бошава, Кавадаречко, 5. IX 1940) – етномузиколог, научен соработник и унив. професор (во пензија). Основно училиште завршил во Кавадарци (1955), средно музичко училиште во Скопје (1961), а Факултет за музичка уметност – Оддел за етномузикологија (прва генерација) во Бел-град (1967), каде што и докторирал на темата „Македонско народно певање са… Continue reading ЃОРЃИЕВ, Ѓорѓи М

ЃОРЃИЕВ, Тане Стојчев

ЃОРЃИЕВ, Тане Стојчев (Ѕоле војвода; Атеш-паша) (с. Баница, Леринско, ? – Лерин, 31. Ⅻ 1909) – национален деец и легендарен лерински војвода на ТМОРО/ ВМОРО. Во младите години бил печалбар во Цариград. Откако се вратил во родното село (1902), станал член на една ударна група на ТМОРО, а потоа комита и секретар во четата на… Continue reading ЃОРЃИЕВ, Тане Стојчев

ЃОРЃИЕВСКИ, Ванчо

ЃОРЃИЕВСКИ, Ванчо (Скопје, 24. Ⅵ 1924) – сликар и педагог што одиграл голема улога во доменот на ликовното воспитување на младината. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград (1952). Бил професор на Педагошката академија во Скопје. Имал ретроспектива во МСУ во Скопје (1978). Слика и прави графики во духот на експресионизмот, поетскиот и социјалниот… Continue reading ЃОРЃИЕВСКИ, Ванчо

ЃОРЕВ, Благој Димев

ЃОРЕВ, Благој Димев (Велес, 8. Ⅱ 1922 – Ново Село, Велешко, 1. XI 1942) – револуционер, учесник во НОБ, младински и партиски активист (од 1941) и еден од првите борци на ВПО „Димитар Влахов” (од април 1942). Бил член на СКОЈ од 1940, а на КП од 1941 г. Во неговата куќа (1941) се печател… Continue reading ЃОРЕВ, Благој Димев

ЃОРЕСКИ, Ѓоре

ЃОРЕСКИ, Ѓоре (псевд. Делчо) (Прилеп, 18. Ⅳ 1926 – Скопје, 1978) – првоборец и политички деец. Бил член на СКОЈ (од ноември 1940) и како ученик воⅤклас гимназија, станал најмлад борец на Прилепскиот НОПО „Гоце Делчев” (11. Ⅹ 1941). По расформирањето на Одредот (25. Ⅻ 1941), во една полициска блокада бил уапсен и осуден на… Continue reading ЃОРЕСКИ, Ѓоре

ЃОРЧЕВ, Анѓелко Сотиров

ЃОРЧЕВ, Анѓелко Сотиров (с. Трстеник, Светиниколско, 19. IX 1948) – спец. интернист-пулмоалерголог, редовен проф. на Мед. ф., вработен на Клиниката за пулмологија и алергологија при Мед. ф. во Скопје, каде што го раководи Центарот за астма. Мед. ф. завршил (1972) во Скопје. Истражува во подрачјето на бронхијалната астма. Соопштил и отпечатил над 300 апстракти и… Continue reading ЃОРЧЕВ, Анѓелко Сотиров

ЃОРЧЕВ, Ацо

ЃОРЧЕВ, Ацо (Неготино, 19. XI 1933 – Скопје, 26. Ⅵ 1993) – актер и режисер. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1961) и на Театарската академија во Белград (1969). Бил член на Радиодрамата (1954), потоа директор на Домот на културата во Неготино (1954-1962); член на Народниот театар во Куманово (1962-1969); член на Драмскиот театар во… Continue reading ЃОРЧЕВ, Ацо

ЃОРЧЕВ, Бранко

ЃОРЧЕВ, Бранко (Неготино, 24. Ⅵ 1962) – актер. Дипломирал актерска игра на ФДУ во Скопје (1987) и станал член на Драмскиот театар во Скопје, проект-менаџер (2001-2002) и негов директор од 2006 г. Улоги: Владимир („Чекајќи го Годо”); Спасе („Кумови”); Сцетион („Калигула”); Фауст; Јонадаб во истоимените дела; Хендрик („Мефисто”); Ефто („Лет во место”) и др. Р.… Continue reading ЃОРЧЕВ, Бранко

ЃОШЕВСКИ, Мирко Страшков

ЃОШЕВСКИ, Мирко Страшков (с. Студена Бара, Кумановско, 15. Ⅷ 1948) – универзитетски професор, филозоф. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1973). Магистрирал на Филозофскиот факултет во БелАнѓелко Ѓорчев Мирко Ѓошевски град (1987), а докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1994). Целиот работен век го поминал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што е редовен професор… Continue reading ЃОШЕВСКИ, Мирко Страшков

ЃУЗЕЛ, Богомил Димитров

ЃУЗЕЛ, Богомил Димитров (Чачак, Србија, 1939) – поет, раскажувач, драмски писател, есеист, преведувач. Завршил студии на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Ги превел делата на шекспир, Одн и Елиот. Бил в.д. директор на Струшките вечери на поезијата. Еден е од основачите на Независните писатели на Македонија. БИБ.: поезија: Медовина 1962, Алхемиска ружа 1963,… Continue reading ЃУЗЕЛ, Богомил Димитров