ЃОРЧЕВ, Анѓелко Сотиров

ЃОРЧЕВ, Анѓелко Сотиров (с. Трстеник, Светиниколско, 19. IX 1948) – спец. интернист-пулмоалерголог, редовен проф. на Мед. ф., вработен на Клиниката за пулмологија и алергологија при Мед. ф. во Скопје, каде што го раководи Центарот за астма. Мед. ф. завршил (1972) во Скопје. Истражува во подрачјето на бронхијалната астма. Соопштил и отпечатил над 300 апстракти и трудови во земјата и во странство. Член е на повеќе медицински здруженија и стручни академии. Објавил три книги. БИБ.: Астхма бронцхиале – енигма и предизвик, Скопје, 1991; Македонски национален план и програма за дијагноза и терапија на бронхијалната астма – реалност или визија, Скопје, 1996; Македонски национален консензус за дијагноза и лекување на астма и хронична опструктивна белодробна болест, Кочани, 1999. М. Пол. Ацо Ѓорчев