ЧАКАР, Јасмина

ЧАКАР, Јасмина (Битола, 4. Ⅶ 1939) – пијанист. Дипломирала на Музичката академија во Загреб (Д. Лукиќ, 1963). Магистрирала на ФМУ во Скопје (В. Крпан, 1976). Професор на ФМУ (19672003). Концертирала како солист и во различни состави, во РМ и во повеќе европски земји. Особено активен и ценет пијано-соработник, со реализирани над триста концертни вечери од тој вид со домашни уметници, како и со гостувачки солисти. Сн. Ч.-Ан.