МАКЕДОНЦИ

словенски народ во етничка, културна и национална смисла што живее во РМ, на територијата на етничка Македонија и во дијаспората. Самоименувањето на нацијата Македонци значи користење на правото да се искаже чувството на културноантрополошка посебност во однос на соседните и сите други народи. Современата македонска држава е конституирана како ДФМ/НРМ/СРМ во рамките на Југославија (од 1944). Освен Македонците во РМ и во соседните земји, уште ок. 700.000 лица се изјасниле како етнички Македонци во дијаспората (2004). Тие имаат свои етнички чувства, политички, граѓански и верски асоцијации и постојано го афирмираат македонскиот етнички идентитет. До Балканските војни Македонците живееле на територијата на историската етнокултурна Македонија што изнесувала 6.798 км². Денеска Македонците живеат во РМ (на ок. 38% од етничката територија на Македонија – 25.774 км²), во Егејскиот дел на Македонија во РГР, во Пиринскиот дел на Македонија во РБ, во РА – во етничките предели Мала Преспа, Голо Бр-до и Гора, и во РС и на Косово, во дел од етничкиот предел Гора и во дел од етничкиот предел Пчиња. Границите на територијата на етничка Македонија до 1913 г. биле истовремено и етнографски граници. Континуитетот на македонските етнички граници може да се констатира и од раните средновековни извори, кога наместо името Македонија, македонските предели се именувани како „Склавинија“ – земја на Словените (Теофан). Актуелната северна граница на Грција со РБ (Пиринскиот дел на Македонија) и РМ е повлечена во 1913 г. и неправилно хоризонтално ја сече етничката Македонија на половина. Сече делови од струмско-местанските, брсјачките, богданските, вардарските, костурските и други македонски етнички предели на штета на македонскиот народ. Етничките граници на Македонија можат да се следат почнувајќи од источната граница со Тракија и утоката на р. Места, од каде што се искачува до западните делови на Родопите и се движи кон север покрај планината Рила, ја сече р. Струма над Благоевград (Горна Џумаја) и оди по вододелницата на Осоговските Планини и другите пониски планини што се наоѓаат на западната страна до ниската вододелница меѓу реките Вардар и Морава кај Прешево. Границата натаму се движи по вододелниците на Скопска Црна Гора, ја сече р. Лепенец кај Качаник и се качува по вододелницата на шар Планина. Од тука западната граница води преку планината Кораб до реката Црн Дрим и по вододелницата меѓу Охридското и Преспанското Езеро, на една страна, и Корчанската Котлина, на друга страна. Потоа границата врви по планините Грамос и Пинд. Тука започнува јужната граница и се движи по јужната вододелница на р. Бистрица и во насока кон исток стигнува до Солунскиот Залив, го опфаќа и Халкидичкиот Полуостров, островот Тасос и завршува кај утоката на р. Места. Според податоците од последниот попис во РМ (2002), од вкупниот број 2,022.547, како етнички Македонци се изјасниле 1.297.981 или 64,18%. Бројот на Македонците во соседните земји (РГР, РБ и РА) не е познат, бидејќи во пописните листи не постои можност за изјаснување на македонското малцинство. Според апроксимативни пресметки на Партијата на Македонците во Грција „Виножито“, околу 200.000 селско население го зборува или го разбира македонскиот јазик. Најголема концентрација на македонското малцинство има во Леринско, Воденско и Костурско. Спротивно на тоа, во пописот во Грција (2001) се спомнуваат само 962 имигранти од „ПЈРМ“. Најголема концентрација на македонското малцинство во РБ има во Пиринскиот дел на Македонија што се покажува со пописите од 1946 и 1956 г. (над 70%), како и во пописот од 1992, кога 10.800 луѓе се изјасниле како етнички Македонци – и покрај сите притисоци од државата за нивна негација. Спротивно на тоа, во пописот во РБ (2001) фигурираат 5.071 Македонци, помалку дури и од пописот во Австрија (2001) – 5.145. Видливо е дека РГР и РБ не ги применуваат европските стандарди за малцински права и за слободно изјаснување на државните пописи. Според последниот попис во РА (1989), наведени се само 4.697 етнички Македонци, а се однесуваат само за пределот Мала Преспа, каде што Македонците уживаат територијално ограничени редуцирани малцински права. Според пресметки на македонските партии и граѓански здруженија од Албанија, тие 4.697 изнесуваат само 5% од апроксимативната бројка од ок. 200.000 етнички Македонци во Албанија, кои немале можност да се изјаснат поради непостоење посебна графа во пописите. Најголема концентрација на Македонци во Албанија има во етничките предели Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, како и во градовите Тирана, Кукс, Корча, Подградец. Во државниот попис во РС (2002) постојат посебни графи за Македонците, како и за Гораните што се всушност исто така исламизирани етнички Македонци. Според пописните податоци, како Македонци се изјасниле 25.847 лица (0,35%) и 4.581 како Горани (0,06%), вкупно 30.428 Македонци во Србија, коешто не одговара на фактичката состојба. Другите податоци за бројноста на Македонците во државите од поранешна СФРЈ се: РХ (2001) – 4.270; РБИХ (2005) – 2.278; РСЛ (2002) – 3.972. Пописите во европските земји не можат да се користат во оваа смисла, бидејќи се применува главно методологијата на „земја на потеклото“. Интензивната миграција на Македонците (поради економски и политички причини) придонела за создавање многубројни македонски колонии во светот, особено во прекуокеанските земји. Според пописот на САД (2002), по средна проценка има 42.975 етнички Македонци или по горна процена – 51.955; според пописот во Канада (2001) – 31.265 и според пописот на Австралија (2001) – 81.899. Македонските државни институции не располагаат со точни бројки за етничките Македонци во дијаспората. Се оперира со приближна бројка од ок. 700.000 – според податоци од МИА (2003). Предците на Македонците во провинцијата Македонија и во нејзиното соседство се евидентирани во раните средновековни извори под племенските имиња Струмјани (по р. Струма), Смолјани (по р. Места), Драгувити (западно/југозападно од Солун), Берзити (северно од Солун), Сагудати (околу р. Бистрица), Ринхини (на Халкидик), Велегизити во Тесалија, Војунити во Епир и др. Македонското население на овој простор континуирано може да се следи во средновековниот период во рам-ките на средновековните балкански држави (Источно Римско Царство, Прво и Второ Бугарско Царство, Самуилово Царство, Српско Царство) и во турското средновековје (ⅩⅤ – ⅩⅠⅩ – почетокот на ⅩⅩ в.). Модусот на административна непроменливост од над пет века под турската власт позитивно влијаел врз зачувувањето на македонскиот етнички карактер на просторот и одржувањето на континуитетот со античката и старословенската културна матрица од времето на средновековните предци на Македонците на овој простор.

Вез од женска кошула „ускукњак“ (с. Страцин, Кумановско, ⅩⅠⅩ в.) Везен ракав од женска кошула (Кичевија, ⅩⅩ в.) Невестински вез „сокај“ за на глава (с. Лопатица, Битолско Поле, ⅩⅠⅩ в.) Вез од женска кошула (Петричко, ⅩⅠⅩ в.) МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ВЕЗОВИ Вез од женска кошула „девет цвета“ (с. Скопска Блатија, ⅩⅩ в.) Невестински вез „сокај“ за на глава (Охридско Поле, ⅩⅠⅩ в.) Грабено ракавче, за постара жена (Прилепско Поле, ⅩⅠⅩ в.) Ракав од невестинска кошула (Костурско, ⅩⅠⅩ в.) Вез на ракав од женска кошула „со еден синџир“ (с. Радиовце, Полог, ⅩⅩ в.) Вез од женска кошула (Цапарско Поле, ⅩⅩ в.) Везен ракав од невестинска кошула со „ѓувезна“ (с. Дуње, Мариовско, ⅩⅠⅩ в.) Вез од женска крпа за на глава (с. Бугариево, Солунско, ⅩⅩ в.)

 

 

Во симбиоза со старобалканското население на Македонија создале свој препознатлив етнички идентитет во доменот на материјалната, социјалната и духовната култура. Лесно препознатливи вербални и невербални етнички симболи на етничките Македонци до средината на ⅩⅩ в. се дијалектите/говорите на македонскиот јазик, музичкиот фолклор, женските народни носии и посебната структура на организираните заедници на македонските ендогамни етнички групи. Етничкото сплотување на Македонците се градело врз основа на сопствената етничка култура, како и преку здружувањето против заедничкиот непријател (турската, грчката или друга туѓа власт, грчката црква итн.). Тоа се потврдува со иницијативи и масовни учества во ајдутски и востанички акции, сè до Илинденското востание и настаните што следеле потоа, вклучувајќи ги и последните поврзани со партизанското движење во Втората светска војна. Најкритичен период за етничките Македонци бил ⅩⅠⅩ в., кога на Балканот продреле идеите за создавање држава-нација како сосема различно општество од турскиот „милет систем“ во поглед на односот кон етничката и религиската структура на населението. Од првата фаза – книжевнофолкорната и пропагандната што ја спроведувале Србите, Бугарите и Грците на својата матична територија и на територијата на Македонија, се преминало кон реализација на идејата со воено-политички дејства и со помош од руските и европските ментори, сè до формирањето на првите современи балкански држави – Србија, Грција и Бугарија. Македонците направиле обид за создавање своја држава со актот на Разловечкото (1876) и Кресненското востание (1878/9), а особено со Илинденското востание (1903). По поразот на Илинденското востание започнале македонските страдања проследени со сурови казни од страна на турската власт. Тешките денови продолжиле во војните на соседните балкански држави – Србија, Грција и Бугарија за „ослободување“, односно за поделба на Македонија (1912–1923). Резултатот од војните соседните земји, со помош на своите странски ментори, го пресметале на тој начин што Македонците биле прогласени за „непостоен народ“. Без своја држава и оставени на „совеста“ на оние што биле заинтересирани единствено за своите интереси, Македонците доживеале, заедно со македонскта територија, да бидат поделени на четири дела: грчки, бугарски, српски и албански. По повлекувањето на новите граници започнале интензивни програми за уништување на македонското чувство и асимилирање на Македонците во културните сфери на соседните народи што претставувало продолжување на започнатата акција во ⅩⅠⅩ в. Во овие процеси најмногу настрадале Македонците од Егејскиот дел на Македонија, како најбројно население на околу 51% од етничката територија на Македонија. Тука прогонот на Македонците од нивните вековни огништа траел околу 38 години (1912–1950) и се реализирал во 6 насоки: Бугарија, Турција, НРМ и ФНРЈ, прекуокеанските земји, Европа и СССР со земјите од Источниот блок. Во согласност со идејата за нацијадржава, државите во кои бил поделен македонскиот народ развиле методологија и практика за грцизирање – бугаризирање – србизирање – албанизирање преку системи на казни и елиминација на „непослушните“ Македонци. Современата држава-нација на Македонците по Втората светска војна (1944) имала статус на република – членка на заедничката држава ДФЈ/ФНРЈ/СФРЈ. Конституирана на територијата на поранешната српска Вардарска Бановина во времето на Кралството Југославија, НРМ/СРМ не уживала полна самостојност во решавањето на сопствените национални прашања. Сите пројави на посилен патриотизам биле прогласувани за штетен национализам, а актерите биле казнувани или маргинализирани. Во настаните поврзани со Информбирото (1948/49) најголема штета претрпела НРМ со оглед на затворањето на границите и промената на односот кон Македонците во соседните земји. Сепак, и во тие услови, во период од околу половина век во НРМ/СРМ настапила силна афирмација на етничките Македонци и македонската култура во земјата и во светот. Тие еднаш веќе стекнати права и придобивки тешко можат да се поништат. Македонскиот етнички идентитет е афирмиран и кај македонската дијаспора, каде што во земјите со развиена демократија слободно се изјаснуваат како етнички Македонци. Македонскиот јазик го претставуваат: западномакедонското наречје и народните говори во тој дел; југоисточномакедонското наречје и говорите во тој дел и северните македонски говори; врз основа на Мисирковата кодификација (1903) стандардизираниот македонски јазик (1945) е заснован врз централните говори на западномакедонското наречје. Негативни последици за македонскиот јазик предизвикала акцијата на Бугарија за бугарска духовна превласт во Македонија што започнала со стандардизацијата на бугарскиот јазик. Американските протестантски мисионери, кои работеле за бугарските интереси главно на просторот на Источна/Југоисточна Македонија, во 30-тите и 40-тите години на ⅩⅠⅩ в. го создале првото стандардизирано бугарско писмо и притоа за основа на бугарскиот јазик го избрале дијалектот од Источна Македонија и Тракија, а не оној од автентичните северни бугарски територии. Затоа по 1844 г. започнува афирмацијата на денешниот бугарски литературен јазик – врз основа на источнобугарското наречје. Според религијата, Македонците припаѓаат на источноправославното христијанство со македонската народна религија (синкретички религиски систем со локални македонски варијанти). Во РМ има енклави и на источно католичко христијанство (унијатство –ⅩⅠⅩ/поч. на ⅩⅩ в.), но и поединци од западното католичко христијанство, со мали верски заедници на протестантизмот. Во РМ муслиманите припаѓаат главно на сунитскиот ислам, со дервишки редови (сунитски и шиитско-сунитски ислам). Македонците не уживаат малцински права и слободи во РБ и во РГ, а минимални права користат само во еден мал регион во РА. Нешто повисоки стандарди на елементарните етнички права обезбедува РС. Во самостојните држави од поранешната СФРЈ, како РСЛ (сега членка на ЕУ), РХ, РЦГ и РБИХ, Македонците ги уживаат елементарните малцински права

Вез од женска кошула „ускукњак“ (с. Страцин, Кумановско, ⅩⅠⅩ в.) Везен ракав од женска кошула (Кичевија, ⅩⅩ в.) Невестински вез „сокај“ за на глава (с. Лопатица, Битолско Поле, ⅩⅠⅩ в.) Вез од женска кошула (Петричко, ⅩⅠⅩ в.) МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ВЕЗОВИ Вез од женска кошула „девет цвета“ (с. Скопска Блатија, ⅩⅩ в.) Невестински вез „сокај“ за на глава (Охридско Поле, ⅩⅠⅩ в.) Грабено ракавче, за постара жена (Прилепско Поле, ⅩⅠⅩ в.) Ракав од невестинска кошула (Костурско, ⅩⅠⅩ в.) Вез на ракав од женска кошула „со еден синџир“ (с. Радиовце, Полог, ⅩⅩ в.) Вез од женска кошула (Цапарско Поле, ⅩⅩ в.) Везен ракав од невестинска кошула со „ѓувезна“ (с. Дуње, Мариовско, ⅩⅠⅩ в.) Вез од женска крпа за на глава (с. Бугариево, Солунско, ⅩⅩ в.)

Во развиените демократски европски држави и во прекуокеанските земји – САД, Канада и Австралија, Македонците ги уживаат етничките и граѓанските права. До осамостојувањето на РМ постоел еднопартиски државен систем на ниво на СФРЈ што функционирал во координација со посебните (комунистички) партии на републиките и покраините. По распаѓањето на заедничката држава и осамостојувањето на РМ (1991) е воведен повеќепартискиот парламентарен систем. Поради полувековната рестрикција на националните чувства на народите во СФРЈ, насекаде, па и во РМ, Драги Стојковски, потпретседател на организацијата „Обединети Македонци“, Торонто покрај партиите од граѓански политички карактер, се формирале повеќе партии со етнички и национален карактер. Во Македонија постојат повеќе партии од двете категории. Меѓу десетте главни и дванаесетте помали партии, како покарактеристични за етничките Македонци се издвојуваат ВМРОДПМНЕ и СДСМ (од големите) и ЛДП, ДОМ, НСДП, ДС, ЛП и др. (од помалите). Постојат и преку сто здруженија на граѓани. Етничките Македонци имаат значаен број партии и здруженија во соседните земји и во дијаспората, како, на пр.: Организација на Македонците во Албанија; ОМО-Илинден – политичка партија на Македонците во Бугарија; Виножито – политичка партија на Македонците во Грција; Обединети Македонци – здружение на Македонците во Канада; Светски македонски конгрес; Македонците во Холандија; Мацедониа Цласп оф тхе Њорлд; Светски македонски младински конгрес; Македонците во Чешка; Движење за човечковите права на Македонците во Канада; Македонска патриотска/политичка организација за САД и Канада – Форт Веин, Индијана, САД; Бисер балкански – канадско-македонско движење; Канадско-македонска бизнис мрежа; Македонска културна асоцијација во Онтарио за леринскиот регион; Асоцијација на Македонците во Обединетото Кралство – Лондон; Македонски сојуз во шведска – Гетеборг; Фолклорно македонско друштво „Вардарка“ – Марибор, Словенија; Македонска алијанса – Мелбурн, Австралија; Комитет за македонски човекови права за Мелбурн, Викторија Инк.; Заедница на Македонците во швајцарија; Страница на Македонската заедница во Детроит, САД; Обединета македонска дијаспора и др. ЛИТ.: Царнеги Репорт оф тхе Интернатионал Цоммиссион то Инљуире инто тхе Цаусес анд Цондуцт оф тхе Балкан Њарс, Њасхингтон, Д.Ц., 1914; Владимир А. Тсанофф, Рапорт анд Леттерс оф Америцан Миссионариес: Реферринг то тхе дистрибутион оф натионалитиес ин тхе формер провинцес оф Еуропеан Туркеѕ 1858-1918, Софиа, 1919; Македонија како природна и економска целина, ИНИ, Скопје, 1978; Стојан Киселиновски, Егејскиот дел на Македонија (1913 – Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров ду, Полиња жито – ридишта крв, Скопје, 2002; Крсте П. Мисирков, За македонцките работи. Приредил Блаже Ристовски, МАНУ, Скопје, 2003; Марк Мазовер, Балканот, Скопје, 2003; Димитрис Литоксоу, Грчка антимакедонска борба, 1, Од Илинден до Загоричани 1903–1905, Скопје, 2004; Грегорѕ Михаелидис, Салватион Аброад: Мацедониан Мигратион то Нортх Америца анд тхе Макинг оф Модерн Мацедониа 1870-1970, 2005 (ракопис на одбранета докторска дисертација на Универзитетот во Мериленд – САД), хттпс://друм.умд.еду/дспаце/битстреам/1903/2407/1/уми-умд-2270.пдф. Ан. Св.
МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО шПАНИЈА