АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА

АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА (САД, XI 2001 >) – асоцијација на Македонци доселени во САД (претежно од Тетовско) со Македонскиот фонд за помош. Основана за да придонесува за зближување и унапредување на политичката и економската соработка помеѓу САД и РМ. Организирала мирни собирања со осуди на етничкото чистење на Македонците од Тетовско во 2001 г., реализирала средби и разговори со раселените Македонци и извршила притисок кај македонските и кај американските власти за нивно враќање во своите домови. Сл. Н.-К.