ЦРНА РАКА

„ЦРНА РАКА“ – албански заштитен комитет (1943–1944), фашистичка организација формирана од Германците. Дејствувала за ширење омраза спрема Македонците, нивно убивање (посебно на видните личности) и протерување од окупираниот Западен дел на Македонија. Претседател на организацијата бил Имет Лимани. Извршувала и разузнавачка дејност за собирање информативни податоци за движењето и силата на македонските партизански единици. Расформирана во ноември 1944 г. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Балисти, Скопје, 2002. Ѓ. Малк.