АБАЗИ, Неџат (Абази Неџхат)(с. Колибари, Кичевско, 1948) – педагог и унив. професор. Основно и средно училиште завршил во Кичево, учителска школа во Скопје и Филозофски факултет (Група за педагогија) во Приштина. Магистрирал на тема „Развојот на албанските училишта во Македонија (1945–1958)” на Приштинскиот универзитет, а докторирал на Универзитетот во Тирана на тема „Развојот на образованието,… Continue reading АБАЗИ, Неџат
Category: Енциклопедија
Аграрните реформи во Македонија (1918 &1953)
Аграрните реформи во Македонија (1918&1953) & во текот на минатиот век биле извршени две аграрни реформи. Првата аграрна реформа била спроведена во периодот меѓу двете светски војни (1918–1941). Објект на оваа аграрна реформа биле слободните и напуштените имоти (обработлива земја, утрини и шуми во државна и општинска сопственост и сл.) и имотите што ќе останеле… Continue reading Аграрните реформи во Македонија (1918 &1953)
АЛЕКСАНДАР Ⅲ Македонски
АЛЕКСАНДАР Ⅲ Македонски (Велики) (шАле´џандроз Г ; Алеџандер Магнус) (Пела, 356 г. пр.н.е. – Бабилон, 13. Ⅵ 323 пр.н.е.) – македонски цар (336–323 пр.н.е.) од династијата на Аргеадите, син на Филип Ⅱ и на Олимпијада, ќерка на молоскиот владетел Неоптолем. Римјаните му го даваат прекарот „Магнус” –„Великиот освојувач на Светот”. Воспитуван во духот на Александар… Continue reading АЛЕКСАНДАР Ⅲ Македонски
Александар Македонски
види АЛЕКСАНДАР Ⅲ Македонски
АНТИГОН Ⅱ Гонат
АНТИГОН Ⅱ Гонат (277–239 пр.н.е.) – основач на династијата Антигониди, кои владеат од 277 до 168 г. пр.н.е. Син на Деметриј Ⅰ Полиоркет и на Фила, ќерка на Антипатар. Го презема македон Антигон Ⅱ Гонат, монета, аверс/реверс скиот престол по победата над Келтите кај Лисимахеја. Добар војсководец и вешт дипломат; војува со Пир, кој во… Continue reading АНТИГОН Ⅱ Гонат
АНТИГОНИДИ
АНТИГОНИДИ (277–168 пр.н.е.) – втора македонска династија владетели. Основач е Антигон Гонат (277–239); следните владетели се: Деметриј Ⅱ (239–229), Антигон Досон (229–222/1), Филип V (221– 179) и Персеј (179–168), последниот владетел во Македонија кој, заедно со Филип V, ги води Македонско-римските војни. Во нивно време уредувањето на државата е традиционална монархија, како во времето на… Continue reading АНТИГОНИДИ
АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА
АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА. Според географско-етничките и историските карактеристики, Античка Македонија го опфаќала североисточниот дел на Балканскиот Полуостров. Античките автори ја опишуваат како планинска земја, со голем број реки, богати полиња, шу-ми и езера и со рудни богатства. Етничката и јазичната граница помеѓу македонската и хеленската територија на југ е: планината Олимп, реката Пенеј (Пенеиос, Пенча) и… Continue reading АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА
АРГЕАДИ
АРГЕАДИ (шАргедаи) – првата македонска кралска династија (ок. 707/6–310/9 пр.н.е.) со кралевите (басилевси, монарси): Пердика, Аргај, Филип, Аероп I , Алкета, Аминта I, Александар I, Пердика Ⅱ, Архелај Ⅰ, Орест, Аероп Ⅱ, Аминта Ⅱ, Павзанија, Аминта Ⅲ, Александар Ⅱ, Птолемај Алорски, Пердика Ⅲ, Филип Ⅱ, Александар Ⅲ, Филип Ⅲ и Александар Ⅳ. Името Аргеади се… Continue reading АРГЕАДИ
АТАЛ
АТАЛ (? – 335 пр.н.е.) – македонски војсководец во војската на Филип Ⅱ. Во 337 год. пр.н.е. Филип Ⅱ се оженил со ќерката на Атал – Клеопатра. Атал бил убиен по наредба на Александар Ⅲ Македонски во 335 г. пр.н.е., а веднаш потоа била убиена и Клеопатра и нејзиното бебе, за да нема други претенденти… Continue reading АТАЛ
АХМЕДОВ, Мехмед
АХМЕДОВ, Мехмед (с. Кочица, Штипско, 1918) – работник, борец и општественик. Завршил турско верско училиште во родното село. Како учесник во НОАВМ (од август 1944), бил заменик-командант на баталјон, а по демобилизацијата резервен капетан на ЈНА. По Ослободувањето бил член, секретар и претседател на Околискиот народен одбор во Штип. Како работник во Фабриката „Македонка” во… Continue reading АХМЕДОВ, Мехмед
АХМЕТИ, Гафур Џабир
АХМЕТИ, Гафур Џабир (Гафур Џхабир Ахмети) (с. П’ршевце, Тетовско, 29. Ⅹ 1945) – писател, публицист и преведувач. Основно образование завршил во родното место, учителска школа во Тетово, а потоа дипломирал на Групата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел како новинар во в. „Флака е велазеримит”, а потоа како дописник на… Continue reading АХМЕТИ, Гафур Џабир
АХМЕТИ, Линдита Џабир
АХМЕТИ, Линдита Џабир (Линдита Џхабир Ахмети) (Призрен, 1974) – поетеса. По завршувањето на основното училиште (1986) и гимназијата во Тетово, од 1998 г. студирала на Групата за класична филологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Живее и работи во Скопје. БИБ.: Малина и блуз, 1993; Островот Адулар, 1996; Камена месечина, 1998; Божилак, 2000; Син сон, 2002.… Continue reading АХМЕТИ, Линдита Џабир
АЦЕВ, Ѓорѓи
АЦЕВ, Ѓорѓи (с. Ореовец, Прилепско, Ⅴ 1883 – месноста Куртов мост на пл. Даутица, Велешко, 25. Ⅵ 1906) – учител, револуционер, прилепски војвода. Од револуционерното семејство Ацеви, брат на Мирче и на Петар. Завршил Ѓорѓи Ацев Педагошко училиште во Скопје, учителствувал во Битолско и во Тиквешко. Станал четник во четата на брат му Петар (1904).… Continue reading АЦЕВ, Ѓорѓи
АЦЕВ, Мирче
АЦЕВ, Мирче (с. Ореовец, Прилепско, 1853 – с. Уланци, Велешко, 20. IX 1901) – прилепски војвода на ТМОРО, брат на македонските војводи Ѓорѓи и Петар Ацеви. Завршил основно училиште. По убиството на татко му од османлиски зулумќари, станал ајдутин во четата на Коне Павлев. Првин бил теренски водич и интендант на четата. Бил уапсен од… Continue reading АЦЕВ, Мирче
АЦЕВ, Мирче
АЦЕВ, Мирче Донев (псевд. Стојче) (с. Ореовец, Прилепско, 20. IX 1915 – Скопје, 4. Ⅰ 1943) – учесник во македонското националноослободително комунистичко и студентското движење, активен член на Студентското друштво „Вардар”. Во 1938 г. бил член на КП, активен во организирањето партиски организации во Охрид и Струга. Прогонуван од полицијата (1940), преминал во илегалство и… Continue reading АЦЕВ, Мирче
АЦЕВ, Мирче Донев
АЦЕВ, Мирче Донев (псевд. Стојче) (с. Ореовец, Прилепско, 20. IX 1915 – Скопје, 4. Ⅰ 1943) – учесник во македонското националноослободително комунистичко и студентското движење, активен член на Студентското друштво „Вардар”. Во 1938 г. бил член на КП, активен во организирањето партиски организации во Охрид и Струга. Прогонуван од полицијата (1940), преминал во илегалство и… Continue reading АЦЕВ, Мирче Донев
АЦЕВ, Петар
АЦЕВ, Петар (с. Ореовец, Прилепско, 7. Ⅵ 1877 – Пловдив, 20. Ⅳ 1939) – учител, револуционер, прилепски околиски војвода. Бил учител во с. Плетвар, Прилепско (1897–1901), секретар на ОРК на ТМОРО (1898–1902), околиски прилепски војвода (1902–1907), учесник на Смилевскиот конгрес (1903) и избран за резервен член на Востанички штаб, а во Илинденското востание предводел чета.… Continue reading АЦЕВ, Петар
АЦЕВИ
АЦЕВИ – револуционерно семејство (од Прилеп), учители и револуционери со 160-годишно континуирано учество во македонската борба за слобода и сопствена држава. Во ослободителната борба се пројавиле во предилинденскиот период како водачи на илегални востанички дружини. По основањето на МРО се вклучиле како борци и војводи на ор-каде што исполнувал помали те-АЧКОСКА, Виолета (Охрид, 4. ганизациони… Continue reading АЦЕВИ
АЦЕВСКА, Весна
АЦЕВСКА, Весна (Скопје, 10. XI 1952) – поет, раскажувач и преведувач. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Работи во весникот „Република”, а од 1992 работи како лектор во Институтот за национална историја во Скопје. Член е на ДПМ (1991). Се занимава и со преведување и го препева финскиот еп „Калевала”, за што ја доби наградата за… Continue reading АЦЕВСКА, Весна
АЦЕВСКИ, Боро
АЦЕВСКИ, Боро (псевд. Пашата) (Скопје, 14. IX 1914 – Скопје, 28. Ⅳ 1959) – сликар-иконограф. Сликарство учел кај Димитрија Папрадишки, а соло-пеење кај С. Зикова и П. Холотков. На почетокот на Втората светска војна, (1941) се приклучува кон Народноослободителната борба и во 1943 како партизан и член на Агитпроп во селото Горно Врановци е еден… Continue reading АЦЕВСКИ, Боро
АЦЕВСКИ, Илија
АЦЕВСКИ, Илија (с. Сливје, 27. Ⅵ 1952) – универзитетски професор, социолог. Завршил филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје (1975), каде што и докторирал на тема „Распростанетоста на населението во просторот на град Скопје во зависност од некои социо-економски белези“ (1982). Има објавено повеќе книги и учебници од областите на урбаната социологија и транзицијата. БИБ.: Илија… Continue reading АЦЕВСКИ, Илија
АЧКОВ, Иван
АЧКОВ, Иван (Струга, 27. Ⅶ 1874 – Софија, 21. Ⅻ 1939) – учител, револуционер, член на ТМОРО. Завршил педагошко училиште. Бил учител во Солун, Велес, Струмица и на други места. Во ТМОРО влегол (1895) по предлог на Гоце Делчев, кој и го покрстил. Бил касиер на Велешкиот (1895–1896) и на Струмичкиот окружен комитет (1896– 1897).… Continue reading АЧКОВ, Иван
АЧКОВСКИ, Ристо
АЧКОВСКИ, Ристо (Скопје, 14. Ⅱ 1950) – ел. инж., д-р на технички науки, ред. проф., раководител на Институтот за ПЕЕС, два мандата продекан на ЕТФ во Скопје. Претседател на Студискиот комитет за надземни водови. Неговата истражувачка дејност опфаќа прилози кон примената на симулацијата Монте Карло за усовршување на методите за планирање и експлоатација на ЕЕС,… Continue reading АЧКОВСКИ, Ристо
АЧОВСКИ, Душко Јованов
АЧОВСКИ, Душко Јованов (с. Робово, Пехчево, 18. Ⅵ 1938) – педагог, универзитетски професор. Завршил Висока педагошка школа (математика и физика, 1960) и Филозофски факултет во Скопје (Институт за педагогија, 1981), каде што магистрирал (1991) и докторирал (1996). Предавал на Педагошката академија, а потоа на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје. Бил директор на Педагошката… Continue reading АЧОВСКИ, Душко Јованов