ЧАКАР, Петар

ЧАКАР, Петар (Струга, 1912 – 1995) – публицист, драматург, истражувач на културното минато. Извесно време ја раководел манифестацијата Струшки вечери на поезијата. Пишувал драми, од кои изведени му се: „Туѓината тага голема“ во Детроит од наши иселеници (1940) и едночинката „Орлите на Македонија“ од Струшкото културно-уметничко друштво (1944). Пишувал и фељтони за животот на браќата Миладиновци, Ѓорѓија Пулевски, Наум Евро, Ѓорѓи Икономов и др. Ј. Стр.