ЏАМИЈА НА ХАЏИ ДУРГУТ (ТУРГУТ) (Охрид, 1466) – верски активен објект. Изградена е врз темелите на црквата Св. Недела. Има квадратната основа со димензии 6,50 х 6,50 м. Реставрирана 1980 г. Позната е под името Крст џамија (на врвот од минарето има крст). ЛИТ.: Охрид и Охридско низ историјата, кн. втора, Скопје, 1978; Фехим Бајрактаревиќ,… Continue reading ЏАМИЈА НА ХАЏИ ДУРГУТ
Category: Енциклопедија
ЏАМИЈА НА ХУСИН-шАХ
ЏАМИЈА НА ХУСИН-шАХ (с. Сарај, Скопско, сред. на ⅩⅤⅠ в.) – верски објект, споменик на културата. Изградена е од санџакбегот Хусеин-шах. Има квадратна основа засводена со купола, а денешниот изглед на тремот го добил по реставрацијата од земјотресот од 1963 г. Во дворот има шестострано затворено турбе, во кое е погребан ктиторот Хусеин-шах (1566/1567 г.).… Continue reading ЏАМИЈА НА ХУСИН-шАХ
ЏАФЕРИ, Арбен
ЏАФЕРИ, Арбен (Тетово, 24. И 1948) – новинар и политичар. Завршил Филозофски факултет. До 1990 г. работел за радио и телевизиските станици во Приштина (Косово) како главен уредник на Културната програма. Бил претседател на Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија (од 18. Ⅳ 1995), а потоа лидер на Демократската партија на Албанците (до… Continue reading ЏАФЕРИ, Арбен
ЏЕКОВ, Ангел Томов
ЏЕКОВ, Ангел Томов (Пловдив, Бугарија, 21. Ⅺ 1917 – Скопје, 8. Ⅲ 1986) – ветеринар. Од 1948 до 1983 г. бил началник, односно директор на Ветеринарната управата во РМ. Има објавено 46 научно-стручни трудови, 576 стручни популарни написи, 9 стручно популарни брошури и една скрипта за ветеринарни техничари. М. Д. – Ј. Б.
ЏЕКОВ, Славчо
ЏЕКОВ, Славчо (с. Раклиш, Радовишко, 21. Ⅸ 1924) – унив. професор, специјалист од областа на одгледувањето на шумите и за предметот дендрологија. Студирал на шумарскиот факултет во Белград, а дипломирал на новоотворениот Земјоделско-шумарски факултет во Скопје (1950). Докторирал на шумарскиот факултет во Загреб (1959). Избран е за асистент (1953), а потоа за редовен професор на… Continue reading ЏЕКОВ, Славчо
ЏЕКОВ, Томислав
ЏЕКОВ, Томислав (Гевгелија, 18. Ⅸ 1943) – ред. проф. на ЕТФ во Скопје. Докторирал (1976) во Университѕ оф Пеннсѕлваниа, Пхиладелпхиа во САД. Работел во РТВ Скопје (1967–1969) како инженер за видеотехника. Од 1969 г. работи на ЕТФ во Скопје каде што во 1985 г. е избран за редовен професор. На ЕТФ вршел повеќе функции како… Continue reading ЏЕКОВ, Томислав
ЏЕКОВА-СТОЈКОВА, Слобода Ангелова
ЏЕКОВА-СТОЈКОВА, Слобода Ангелова (Гевгелија, 12. Ⅲ 1945) – биохемичар, редовен професор на Мед. ф. во Скопје. По дипломирањето на Мед. ф. во Скопје, од 1969 работи во Институтот за биохемија, каде што била шеф и директор (1983–1998). Автор и коавтор е во над 100 труда, учебник и практикум по биохемија и учесник во бројни проекти… Continue reading ЏЕКОВА-СТОЈКОВА, Слобода Ангелова
ЏЕЛАДИН-БЕГ
ЏЕЛАДИН-БЕГ (1794–1831) – управник на Охрид, син на тетовскиот паша Реџеп. Важел за справедлив управник за кого работеле и христијани. За заштитник на градот од разбојници го поставил Кузман Капидан, јунакот во „Сердарот“ од Григор Прличев. Под влијание на својата втора жена Ташула, робинка од Негушкото востание, во чие задушување учествувал, бил толерантен кон христијаните.… Continue reading ЏЕЛАДИН-БЕГ
ЏЕЛАЛ, Томо
ЏЕЛАЛ, Томо (псевд. шумски) (Гјелај-Схумски, Том Ник) – в. Ѓелај, Том Ник (псевд. шумски).
ЏЕМАЛИ, шабан
ЏЕМАЛИ, шабан (Дебар, 6. Ⅴ 1918) – правник. Бил учесник во НОБ (од 1942) како заднински активист, помошник-командант на Командата на местото; член на КПМ (од 1944). По Ослободувањето ја завршил Вишата управна школа и бил претседател на Градскиот народен одбор (1944–1947), член на Околискиот комитет на СКМ, член на Општинскиот комитет на СКМ, потпретседател,… Continue reading ЏЕМАЛИ, шабан
ЏЕМИЕТ
„ЏЕМИЕТ“ („Дружба“) (1919) – политичка организација на муслиманите од Вардарскиот дел на Македонија, Косово и дел од Санџак. Во неа членувале претежно Турци и Албанци за зачувување на нивните верски и национални интереси. Основач и водач бил Неџиб Драга, а по неговата смрт, неговиот брат Ферид Драга. На парламентарните избори (1920) добила 8, во 1923… Continue reading ЏЕМИЕТ
ЏЕМПЕР
ЏЕРОВ-МАКЕДОНСКИ, Спиро
ЏЕРОВ-МАКЕДОНСКИ, Спиро (Битола, 1834 – месноста Булуџа, Бугарија, 17. Ⅶ 1868) – македонски револуционер. Од трговско и револуционерно семејство. Подготвувал заговор во Битолско (1862), бил уапсен и осуден на смрт. Издржал пет години робија. По ослободувањето зел учество во Критското востание (1866). Се активирал да организира ново востание во Битолско и во Крушевско (1867). Учествувал… Continue reading ЏЕРОВ-МАКЕДОНСКИ, Спиро
ЏЕРОВ, Лука
ЏЕРОВ, Лука (Битола, 27. Ⅹ 1870 – Софија, 20. Ⅸ 1948) –„лозар“, учител и револуционер, војвода во Илинденското востание. Се школувал во Битола и во Солун. Учествувал во Мелничкото востание (1895). Во периодот од 1897 до 1899 г. бил учител и училиштен инспектор во Кичевско и член на Битолскиот ОК (1901). Учествувал на Смилевскиот конгрес.… Continue reading ЏЕРОВ, Лука
ЏЕРОВ, Никола Георгиев
ЏЕРОВ, Никола Георгиев (Софија, 4. Ⅸ 1892 – Софија, 1. Ⅺ 1975) – бугарски и македонски поет, прозаист и публицист. Син на преселници од Охрид што живеат во бегалскиот софиски квартал Јучбунар, па уште мал го усвојува македонскиот како домашен јазик. Ја завршува гимназијата и студиите по словенска филологија на Софискиот универзитет. Во 1914–1915 г.… Continue reading ЏЕРОВ, Никола Георгиев
ЏИКОВ, Златан Трајков
ЏИКОВ, Златан Трајков (Скопје, 10. Ⅹ 1935) – гинеколог-акушер, генетичар. Мед. ф. завршил во Скопје во 1961 г., каде што и предавал. Докторирал и хабилитирал. Се усовршувал во повеќе центри во Европа (особено во ВеЏИКОВА лика Британија и Германија) во областа на преднаталната дијагностика, хуманата генетика и молекуларната биологија. Основоположник е на првата Лабораторија за… Continue reading ЏИКОВ, Златан Трајков
ЏИКОВА, Соња Љупчова
ЏИКОВА, Соња Љупчова (24. Ⅹ 1945, Скопје) – спец. интернистнефролог. Мед. ф. завршила во 1970 г., а специјализација по интерна медицина и супспецијализација по нефрологија на Мед. ф. во Скопје. Формирала Оддел за ехосонографија и интервентна ехосонографија (1982). Се усовршувала во повеќе центри во Европа (Дан-ска, Белгија, Германија). Докторирала и објавила повеќе од 120 стручни… Continue reading ЏИКОВА, Соња Љупчова
ЏИМРЕВСКИ, Боривое Тодоров
ЏИМРЕВСКИ, Боривое Тодоров (Куманово, 27. Ⅳ 1940) – етномузиколог, етноорганолог. Дипломирал на Музичката академија во Белград (1967). Еден период работел во Радио Скопје (1967–1974). Потоа се вработил (1974) во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ како асистент-истражувач на народните музички инструменти и инструменталната народна музика. Докторирал (1992) со темата „Гајдата во Македонија, инструмент – инструменталист –… Continue reading ЏИМРЕВСКИ, Боривое Тодоров
ЏИПУНОВА, Емилија
ЏИПУНОВА, Емилија (Велес, 30. И 1935) – балерина и балетски критичар. Го завршува Балетското училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова, напоредно со гимназијата. Апсолвира на Филолошкиот факултет во Скопје. Член е на Бале-тот при МНТ (1949–1974). Како солистка се истакнува со својата танцувалност и со сигурна балетска техника. Од 1979… Continue reading ЏИПУНОВА, Емилија
ЏОЛЕВА, Виолета
ЏОЛЕВА, Виолета (Скопје, 16. Ⅶ 1951) – режисер. Дипломирала на Театарската академија во Белград (1974). Била член на Радиодрамата (1958–1969); режисер во МРТ Скопје (1974–1976); режисер во Камерниот театар во Сараево (1976–1992); слободен уметник (1992–1994); од 1994 г. е драматург и режисер на МРТ. РЕЖИИ: „Хенрих Ⅳ“, „Димна Јуда град градила“, „Ана Франк“, „Змеј“, „Колапс“,… Continue reading ЏОЛЕВА, Виолета
ЏОНОВ, Борис
ЏОНОВ, Борис (Богданци, 1. ⅩⅠⅠ 1913 – Струмица, 25. Ⅴ 1943) – културно-национален деец и литературен творец. Поради воените состојби, уште како тригодишен со родителите е префрлен во Гевгелија, каде што останува до по завршувањето на Првата светска војна. Во 1926 г., како унијат, е испратен на школување во унијатскиот интернат во Загреб, каде што… Continue reading ЏОНОВ, Борис
ЏОНОВ, Илија Борисов
ЏОНОВ, Илија Борисов (Штип, 24. Ⅺ 1943) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф., вработен на Нервната клиника (1969). Мед. ф. завршил во Скопје (1967), специјалистички испит во 1973 г., а докторирал во Белград (1982) од областа на невромускулните болести. Основач е на Лабораторијата за хистолошки испитувања на мускулната биопсија (1978). Воведува современ дијагностички и… Continue reading ЏОНОВ, Илија Борисов
ЏУБЕ
ЏУБЕ – горна женска потпојасна облека, изработено од црна клашна или од чоја. Се носело зиме и било подлачено (поставено со крзно). Ј. Р.-П.
ЏУВАЛЕКОВСКИ, Илија
ЏУВАЛЕКОВСКИ, Илија (Прилеп, 20. ⅩⅠⅠ 1915 – Скопје, 18. Џ Илија Џувалековски 2004) – театарски и филмски актер, професор на ФДУ во Скопје. Еден од втемелувачите на македонскиот современ театар. Во втората половина на 1944 г. е испратен во Москва за да ги води емисиите на македонски јазик на Радио Слободна Југославија. УЛОГ: Поцко („Чорбаџи… Continue reading ЏУВАЛЕКОВСКИ, Илија