ЏАМИЈА НА ХУСИН-шАХ

ЏАМИЈА НА ХУСИН-шАХ (с. Сарај, Скопско, сред. на ⅩⅤⅠ в.) – верски објект, споменик на културата. Изградена е од санџакбегот Хусеин-шах. Има квадратна основа засводена со купола, а денешниот изглед на тремот го добил по реставрацијата од земјотресот од 1963 г. Во дворот има шестострано затворено турбе, во кое е погребан ктиторот Хусеин-шах (1566/1567 г.). ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998; Андреј Андрејевиђ, Исламска монументална уметност ⅩⅤⅠ века у Југославији, Београд, 1984. Др. Ѓ. Арбен Џафери