ЏОНОВ, Илија Борисов

ЏОНОВ, Илија Борисов (Штип, 24. Ⅺ 1943) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф., вработен на Нервната клиника (1969). Мед. ф. завршил во Скопје (1967), специјалистички испит во 1973 г., а докторирал во Белград (1982) од областа на невромускулните болести. Основач е на Лабораторијата за хистолошки испитувања на мускулната биопсија (1978). Воведува современ дијагностички и терапевтски пристап кај невромускулните болести. Формира Одделение за неврологија во развојната возраст. Бил директор на Нервната клиника (1987–1988), продекан (1988–1990) и декан (1990– 1994) на Мед. ф. и директор на Клиничкиот центар (1997–1999). Објавил 107 научностручни трудови и реализирал научен проект за невромускулните болести во РМ (1984–1988). БИБ.: Мускулни дистрофии, Скопје, 1986; Воспалителни болести на мускулот, Скопје, 1988; Невромускулни болес-ти – компендиум, Скопје, 1992–1996, 2000–2004. Ил. Џ.