ЏАФЕРИ, Арбен

ЏАФЕРИ, Арбен (Тетово, 24. И 1948) – новинар и политичар. Завршил Филозофски факултет. До 1990 г. работел за радио и телевизиските станици во Приштина (Косово) како главен уредник на Културната програма. Бил претседател на Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија (од 18. Ⅳ 1995), а потоа лидер на Демократската партија на Албанците (до 2007). На вторите парламентарни избори во РМ беше избран како независен пратеник (1994), а потоа како пратеник на ДПА. Познат е по своите контроверзни и радикални изјави за државното уредување и правата на Албанците во РМ. Од здравствени причини, се повлече од активната политика (2007). С. Мл.