БУКОВИЌ – средновисока планина во Западна Македонија, што се наоѓа помеѓу Кичевската Котлина на југ и Полошката Котлина север, и помеѓу планините Бистра на запад и Добра Вода на исток. Има динарски правец на протегање СЗ – ЈИ. Највисок врв е Тепе (1.528 м). Источниот дел на Буковиќ е издвоен како посебен познат под името… Continue reading БУКОВИЌ
Tag: Б
БУКОВКА
БУКОВКА . (Плеуротус остреатус (Јацљ.: Фр.) Куммер) – габа што расте како сапроб на паднати букови стебла. Се произведува на фарми за производство на буковки. М. К.
БУКУРЕШКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА
БУКУРЕШКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА (Букурешт, 17 / 30. Ⅶ – 28. Ⅶ /10. Ⅷ 1913) – мировна конференција по Втората балканска војна со учество на делегации на државите-победнички: Србија, Црна Гора, Грција и Романија, од една и на поразената Бугарија, од другата страна. Турција, која учествувала, исто така, во војната и одново ја презела Источна Тракија… Continue reading БУКУРЕШКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА
БУКУРЕШКИ МИРОВЕН ДОГОВОР
БУКУРЕШКИ МИРОВЕН ДОГОВОР (Букурешт, 28. Ⅶ / 10. Ⅷ 1913) – договор меѓу Грција, Србија, Црна Гора и Романија, од една, и Бугарија од друга страна. Во Договорот извршиле поделба на териториите по промените создадени со војната и утврдиле нови граници. Македонија била поделена меѓу Грција, Србија и Бугарија. Србија го задржала окупираниот Вардарски дел… Continue reading БУКУРЕШКИ МИРОВЕН ДОГОВОР
БУЛЕВ, Матеја
БУЛЕВ, Матеја (Мати) (с. Екши-Су, Леринско, 1904 – с. Зеленич, Леринско, 19. Ⅳ 1949) – национален деец, мајор на ДАГ. Како член на КПГ (1932) и на Матеја Булев ВМРО(Об), бил познат револуционер во Соровичката околија. Во времето на диктатурата на Метаксас бил интерниран на островот Хиос. Во времето на Втората светска војна бил борец… Continue reading БУЛЕВ, Матеја
БУЛКЕС
БУЛКЕС (јуни 1948 – септември 1949) – бегалски центар за учесниците во Граѓанската војна во Грција. Според договорот на КПЈ и КПГ, во времето на Граѓанската војна во Грција во Војводина биле згрижени извесен број семејства од Егејскиот дел на Македонија, главно Македонци, а биле отворени и неколку домови по интернатски принцип за децата-бегалци во… Continue reading БУЛКЕС
БУМБАРИЦИ
БУМБАРИЦИ (Бомбѕлиидае) – двокрилни инсекти. Имаат многу влакнесто тело со широк абдомен, по што личат на бумбарите. Одлични летачи. Имаат устен апарат со карактеристично долга и права цицалка, приспособена за исхрана со нектар од разни цветови, околу кои бумбариците лебдат слично на колибрите. Ларвата е паразит на гасеници од некои инсекти. Познат е видот голема… Continue reading БУМБАРИЦИ
БУНАТА ВО ЃАВАТО
БУНАТА ВО ЃАВАТО -. (1639) – буна против османлиската власт. Непосреден повод за нејзиното избувнување било апсењето на ајдутинот Белче. Селаните се противставиле. Ја предводеле Митре, Никола, Илија и Голе. Започнала борба во која Турците имале пушки и сабји, а селаните вили и стапови. Неколку селани загинале, Белче бил убиен, по што му ја отсекле… Continue reading БУНАТА ВО ЃАВАТО
БУНДАЛЕВСКИ, Марко
БУНДАЛЕВСКИ, Марко (с. Галичник, 1936 – Скопје, 2003) – јавен обвинител на Македонија, правник. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1964). Бил општински јавен обвинител во Скопје (1965-1969) и заменик на окружниот јавен обвинител во Окружното јавно обвинителство во Скопје (1970-1984). Наименуван е за окружен јавен обвинител во Скопје (1984), а ја извршувал и функцијата… Continue reading БУНДАЛЕВСКИ, Марко
БУНДАЛЕВСКИ, Томислав Рафаилов
БУНДАЛЕВСКИ, Томислав Рафаилов (с. Галичник, 30. Ⅳ 1935 – Скопје, 20. Ⅳ 2004) – дипломиран машински инженер. Дипломирал на Машинскиот факултет во Бел-град во 1960 г. По дипломирањето (1960–1976) работел во РЖ „Скопје” – Скопје и во Инженеринг „ФАКОМ” како директор. Во 1962 г. е избран за хонорарен наставник на Електромашинскиот факултет. Во 1981 г.… Continue reading БУНДАЛЕВСКИ, Томислав Рафаилов
БУНЕВА, Мара
БУНЕВА, Мара (Тетово, 1901 – Скопје, 15. Ⅰ 1928) – атентаторка на ВМРО. По Првата светска војна заедно со семејството емигрирала во Бугарија и стапила во ВМРО на В. Михајлов. Се вратила во Тетово (1926), и во Скопје, извршила атентат (кај Камениот мост) над полицискиот чиновник Велимир Прелиќ (13. Ⅰ 1928), жесток иследник на уапсените… Continue reading БУНЕВА, Мара
БУРДОНСКИ ДВОГЛАС
БУРДОНСКИ ДВОГЛАС -. двогласно пеење како основна форма на звучно обликување на една мелодија врз основа на неподвижниот втор глас. Македонскиот народен двоглас, како најстара форма на повеќегласјето, содржи голем број особености. Почетоците на бурдонскиот начин на пеење во Македонија се наоѓаат во антифоното пеење, и тоа во зоната на сменувањето и преклопувањето на гласовите,… Continue reading БУРДОНСКИ ДВОГЛАС
БУРЕВА, Благородна
БУРЕВА, Благородна (Виница, 23. Ⅱ 1903 – Белград, 6. XI 1977) – оперска певица. Дипломирала (1935) на Филозофскиот факултет во Скопје. Учествувала во исполнувањето на првата оперска претстава во Штипскиот театар со улогата на Неда во операта Палјачи (29 август 1925) под му-зичкото водство на Сергеј Михајлов, а во режија на Душан Будимировиќ. Ф. М.… Continue reading БУРЕВА, Благородна
БУРЗЕСКИ, Ванчо
БУРЗЕСКИ, Ванчо (Немањинци, Светиниколско, 2. Ⅰ 1916 – Скопје, 8. Ⅴ 2007) – национален деец, првоборец, економист, унив. професор и амбасадор. Бил учесник во МАНАПО во Загреб и во Белград (1938– 1941) и член на КПЈ (1941). Во НОАВМ бил член на МК на КПЈ во Свети Николе (1941) и организатор на Воениот комитет за… Continue reading БУРЗЕСКИ, Ванчо
БУРИЛЧЕВО
БУРИЛЧЕВО – енеолитска населба сместена од десната страна на патот Штип – Кочани (14 км од Кочани), на ридот Пилаво, недалеку од с. Бурилчево (2 км кон исток). Поставена е на зарамнето плато на ридот, на околу 80 м над реката Брегалница. Констатирана е енеолитска двослојна населба врз којашто се наоѓаат траги од хеленистичкиот период.… Continue reading БУРИЛЧЕВО
БУРМАЛИ ЏАМИЈА
БУРМАЛИ ЏАМИЈА (Скопје, 1495) – подигната (врз темелите на некогашна црква) од Мехмедбег Карли-заде на десната страна на р. Вардар, до Камениот мост. Името Бурмали го добила по минарето, кое однадвор било изгравирано со шари во вид на спирала. Покриена со три коритести свода, а тремот бил пресводен со пет кубиња кои се потпирале на… Continue reading БУРМАЛИ ЏАМИЈА
БУРНАЗОВСКИ-МУМУРУЗНИЦА, Киро Тодоров
БУРНАЗОВСКИ-МУМУРУЗНИЦА, Киро Тодоров (Куманово, 31. Ⅰ 1907 – с. Бељаковце, Кумановско, 14. Ⅹ 1941) – металски работник, комунистички деец и првоборец од НОБ. Завршил два класа гимназија (1922), а потоа го изучил металскиот занает. Бил секретар на Синдикалната под-ружница на металските работници (1925), член на СКОЈ (1926), член (1928) и потоа секретар на ПК на… Continue reading БУРНАЗОВСКИ-МУМУРУЗНИЦА, Киро Тодоров
БУРХАН, Рахим
БУРХАН, Рахим (Скопје, 1948) – режисер. Основач и раководител на Театарот на Ромите „Пралипе” (1971). Од 1991 г. театарот „Пралипе” соработува со театарот „Андер Рур” во Милхајм, Германија. Режии: „Не! Не”, „Божицата на виолината” („Маутие”), „Крвави свадби”, „Бибахтали” („Несреќа”), „Соске” („Зошто”), „Тхагар Едип” („Крал Едип”), „Орестија”, „Отело”, „Јерма”, „Ѕидот, водата”. Р. Ст. Стојан Бурчевски-Буридан
БУРЧЕВСКИ-БУРИДАН, Стојан Јорданов
БУРЧЕВСКИ-БУРИДАН, Стојан Јорданов (Рудник, Велешко, 29. Ⅳ 1920 – мес. Речани, Велешко, 6. Ⅰ 1943) – организатор и учесник во оруженото востание од 1941 г. Бил борец, а потоа и командир на чета во партизанскиот одред „Димитар Влахов“ (1942). Од страна на бугарскиот воен прек суд во Скопје, во декември 1942 г. во отсуство бил… Continue reading БУРЧЕВСКИ-БУРИДАН, Стојан Јорданов
БУТНИКОШАРЕВА, Нада Николова
БУТНИКОШАРЕВА, Нада Николова (Велес, 27. Ⅰ 1919 – с. Војница, Велешко, 16. Ⅻ 1942) – револуционер, организатор на женското и на синдикалното движење во Велес (1939), член на КПМ (од 1940) и активен учесник во подготовките за оруженото востание (од април 1941). Нејзината куќа била засолниште за голем број илегалци од Македонија и место на… Continue reading БУТНИКОШАРЕВА, Нада Николова
БУФ , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА
„БУФ“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Детроит, Мичиген, САД, 1924) – селско спомагателно друштво. Едно од најбројните македонски друштва во САД во кое членуваат доселениците од селото Буф (Леринско), кои се доселиле во САД меѓу првите (на крајот од ⅩⅠⅩ в.). Дејноста ја проширило и во Виндзор (Канада), каде што имало голем број Бувчани, а потоа и во… Continue reading БУФ , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА
БУФ , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО
„БУФ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Виндзор, Канада, 26 Ⅲ 1944) – друштво на доселеници по потекло од с. Буф, Егејскиот дел на Македонија. Друштвото развивало културни дејности, особено на селските прослави, и ги зближувало доселениците од селото Буф (Леринско). Сл. Н.-К. БУФЧАНСКО ОРО – македонско женско народно оро во метар 2/4, најзастапено во Битолско. Рацете се држат… Continue reading БУФ , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО
БУЦЕВСКИ, Милош
БУЦЕВСКИ, Милош (Скопје, 27. Ⅲ 1945) – економски техничар, атлетичар. Го завршил Средното економско училиште „Борис Кидрич” во Скопје (1966). Бил член на Атлетскиот клуб „Вардар” во Скопје. Бил репрезентативец на Македонија и на Југославија. На Европското првенство за младинци во Одеса (1966) освоил бронзен медал во штафета 4 х 400 м. Поставил македонски рекорди… Continue reading БУЦЕВСКИ, Милош
БУЧАЛО
БУЧАЛО -. најдолгата дрвена мелодиска цевка на гајдата. Составена е од три меѓусебно заглавени делови, а на едниот од нив, што влегува во гајдата, наречен пискарче, однатре е прицврстен писка од трска. Таа константно произведува еден длабок тон – бордунира, а се штима со помош на гајдарката. При затворањето на трите горни отвора на гајдарката… Continue reading БУЧАЛО