БУКУРЕШКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА

БУКУРЕШКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА (Букурешт, 17 / 30. Ⅶ – 28. Ⅶ /10. Ⅷ 1913) – мировна конференција по Втората балканска војна со учество на делегации на државите-победнички: Србија, Црна Гора, Грција и Романија, од една и на поразената Бугарија, од другата страна. Турција, која учествувала, исто така, во војната и одново ја презела Источна Тракија со Одрин, не учествувала на Мировната конференција во Букурешт. Конфернцијата се одржала под претседателство на Мајореску, претседател на Владата и министер за надворешните работи на Романија. На првата седница била усвоена одлука за запирање на непријателствата, за воспоставување цврст мир и правична рамнотежа на силите на Балканот. Воените делегати договориле едностран прекин на воените дејства и повлекување на силите на демаркациската линија на еднакво растојание од позициите на претстражите. На седницата (25. Ⅶ / 7. Ⅷ) би-Александар и Букефал, споменик во Братфорд (шкотска) ле усвоени новите граници. КонУчесниците на Мировната конференција на балканските сојузници во Букурешт (1913) ференција завршила со потпишување на Мировниот договор (28. Ⅶ /10. Ⅷ 1913). ЛИТ.: Македонија во билатералните и мултилтерални договори на балканските држави, Скопје, 2000; Македонија во Меѓународните договори, 1875–1919, Скопје, 1994. М. Мин.