Tag: Б

БАБА

БАБА САЧ – средновисока планина која се издига помеѓу Кичевската Котлина на север и карстното Церско Поле на југ. Со највисокиот врв Голем Сач (1.698 м), кој се наоѓа во средишниот – централен дел, се протега во напореднички правец исток – запад. На запад со превалот Турла (1.099 …

БАБА Прочитај »

БАБА САЧ

БАБА САЧ – средновисока планина која се издига помеѓу Кичевската Котлина на север и карстното Церско Поле на југ. Со највисокиот врв Голем Сач (1.698 м), кој се наоѓа во средишниот – централен дел, се протега во напореднички правец исток – запад. На запад со превалот Турла (1.099 …

БАБА САЧ Прочитај »

БАБАМОВ, Васил

БАБАМОВ, Васил (Скопје, 1942) – теориски хемичар и уредник на списанието „Цхемицал Абстрацтс”, Цолумбус, Охајо, САД. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и бил асистент (1968). Докторирал на Универзитетот во Урбана, Илиноис, САД, каде што бил асистент и истражувач (од 1971). Соработник на нобеловецот Р. А. Маркус. Бил …

БАБАМОВ, Васил Прочитај »

БАБАМОВ, Лазар

БАБАМОВ, Лазар (Кочани, 21. Ⅻ 1906 – Скопје, 10. IX 1976) – агроном, редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Земјоделски факултет завршил во Земун – Бел-град. Потоа работи како околиски земјоделски референт и управник на расадник во Кочани, Велес и во Гевгелија (1933–1938). …

БАБАМОВ, Лазар Прочитај »

БАБАМОВ, Петар

БАБАМОВ, Петар (Скопје, 13. Ⅵ 1937) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1982 до пензионирањето во 2002) по предметите Технологија на бетонот и Бетонски и армиранобетонски конструкции. Магистрирал во ИЗИИС (1968), бил на студиски престој во САД (1974). Главно е ориентиран кон експериментални …

БАБАМОВ, Петар Прочитај »

БАБИНКОСТОВ, Вангел Ристов

БАБИНКОСТОВ, Вангел Ристов (с. Герман, Леринско, Грција, 5.Ⅶ 1938) – математичар. Дипломирал (1962) во Самарканд, Узбекистан. Ред. проф. на ПМФ од 1998 (асистент од 1967). Магистрирал (1974) на ПМФ во Бел-град, а докторирал (1992) на ПМФ во Скопје со темата Прилог кон нумеричкото решавање на диференцијалните равенки и …

БАБИНКОСТОВ, Вангел Ристов Прочитај »

БАБИЌ-ЃОРЃЕВИЌ, Гордана

БАБИЌ-ЃОРЃЕВИЌ, Гордана (Валево, Србија, 22. Ⅱ 1932 – Бел-град, 25. Ⅻ 1993) – историчар на уметноста, академик. Коавтор на книгата Иконе, каде што ги обработува средновековните икони од Македонија. БИБ.: Иконе на иконостасима у српској уметности, ЗЛУ, 11, Нови Сад. Цв. Гр.

БАБИЌ, Анто

БАБИЌ, Анто (с. Граховац, кај Травник, 3. Ⅰ 1899 – Сараево, 12. Ⅰ 1974) – историчар, редовен член на АНУБИХ и член на МАНУ надвор од работниот состав (од 4. Ⅴ 1972). Завршил Филозофски факултет во Загреб (1923), а потоа бил гимназиски професор во Сараево. Како учесник во …

БАБИЌ, Анто Прочитај »

БАБЛИКА

БАБЛИКА . (вид Сорбус ариа Л., фам. Росацеае) – вид во европскиот ареал, кој во РМ има општа распространетост во високите делови на планините. Мало дрво до 15 м или грмушка со прости, елипсовидни листови, густо, бело до сиво влакнести од долната страна. Цветовите се бели, собра-Баблика плодовите …

БАБЛИКА Прочитај »

БАБУНА

БАБУНА – средновисока планина што се наоѓа во средишниот дел на Република Македонија, а се издига помеѓу долината на реката Бабуна и Прилепско Поле. Во средишниот дел е позната кани во штитовидни соцветија, а Планината Бабуна ко Мукос Планина со највисок врв Лута (1.499 м). Највисок врв е …

БАБУНА Прочитај »

БАБУНСКА, Вера Ѓошева

БАБУНСКА, Вера Ѓошева (Велес, 21. Ⅲ 1920 – Скопје, 2. XI 1999) – револуционер, учесник во работничкото и женското движење во Велес (од 1935) и член на КПЈ (од 1940). По окупацијата работела со жените од Велес за нивно вклучување во НОД. Во 1942 г. била два пати …

БАБУНСКА, Вера Ѓошева Прочитај »

БАГЕРИ, Јован Јосиф

БАГЕРИ, Јован Јосиф (Јован Јосиф Багери) (с. Нистрово, Горна Река, Гостиварско, 1870 – Приштина, 1916) – еден од најистакнатите албански културни дејци од почетокот на ⅩⅩ век. Го уредувал списанието „Схљѕпја е схљѕпнис“ во Софија. Во почетокот на ⅩⅩ век активно учествувал во просветувањето на албанското население во …

БАГЕРИ, Јован Јосиф Прочитај »

БАГЕСКИ, Никола

БАГЕСКИ, Никола (Прилеп, 15. XI 1924) – епидемиолог. Медицина завршил во Белград (1956), специјализирал епидемиологија (1967) и спортска медицина (1974) во Скопје. Бил началник на Хигиенско–епидемиолошката служба во Прилеп, директор на Заводот за здравствена заштита, управник на ДНЗ и директор на Медицинскиот центар во Прилеп. Звањето примариус го …

БАГЕСКИ, Никола Прочитај »

БАГРЕМ

БАГРЕМ .(вид Робиниа псеудоацациа Л., фам. Легуминосае) – еден од првите странски видови (Северна Америка), внесен уште од ⅩⅠⅩ век во Македонија. Дрво до 30 м високо, со топчеста или со овална круна. Листовите сложени непарно перести, со сочнозелени, елипсовидни, прости ливчиња (9–21). При основата на лисната дршка …

БАГРЕМ Прочитај »

БАДЕВ, Атанас

БАДЕВ, Атанас (Прилеп, 14. Ⅰ 1860 – ќустендил, 21. IX 1908) – композитор и музички педагог. Основно училиште завршува во родниот град. школувањето го продложува во Солун, потоа во Бугарија, каде што матурира со одличен успех во Ⅰ.машка гимназија во Софија. Во летниот одмор (1879) формира црковно-училиштен хор …

БАДЕВ, Атанас Прочитај »

БАДЕВ, Илија

БАДЕВ, Илија (Кавадарци 17. Ⅶ 1923 – Скопје, 10. Ⅲ 1997) – припадник на првата генерација македонски новинари. Во 1945 г. дописник на агенцијата Танјуг. Во наредната година преминува во „Нова Македонија” а од 1950 до пензионирањето во 1985 г. во Радио Скопје и Македонската телевизија, како репортер …

БАДЕВ, Илија Прочитај »

БАДЕВ, Јордан

БАДЕВ, Јордан (Битола, 1888 – Софија, 1944) – бугарски литературен критичар, пројавен како екстремен портпарол на десницата во редовите на бројната македонска емиграција во Бугарија, врзан за милитантното крило на Тодор Александров и Иван Михаилов. Во текот на Втората светска војна отворено се става на страната на фашистичките …

БАДЕВ, Јордан Прочитај »

БАДЕВ, Никола

БАДЕВ, Никола (с. Глишиќ, Кавадаречко, 8. Ⅷ 1918 – Скопје, 25. IX 1976) – интерпретатор на македонски народни песни. По освојувањето на првото место на фолклорниот фестивал во Скопје (1948), забележан од етномузикологот Васил Хаџиманов, наскоро започнал и професионална кариера како пејач и инструменталист на тамбура (1950). Бил …

БАДЕВ, Никола Прочитај »

БАДЕМ

БАДЕМ . (МИГДАЛ) (род Амѕгдалус Л., фам. Росацеае) – родот опфаќа околу 40 вида, распространети во Европа, Азија, Африка и во Северна Америка. Тоа се лис-Бадем (Амѕгдалус Л.) топадни дрвја или грмушки, со тесни елипсовидни листови, бели, розови или црвени, петтоделни цветови, а плодовите се сплескани коскички. Во …

БАДЕМ Прочитај »

БАДЕНТЕР, Робер

БАДЕНТЕР, Робер (Роберт Бадинтер) (Париз, 30. Ⅲ 1928) – француски адвокат и политичар. Завршил студии по литература и право во Париз. Магистрирал на Универзитетот Колумбија (САД, 1949). Докторирал компаративно право во Париз (1951). Бил адвокат во Апелациониот суд во Париз (1951–1981), министер за правда на Франција (1981–1986) и …

БАДЕНТЕР, Робер Прочитај »

БАДЕРСКА КЛИСУРА

БАДЕРСКА КЛИСУРА – епигенетска клисура во долниот тек на Бадерската клисура реката Пчиња. Се протега помеѓу с. Бадер во Скопската Котлина до вливот на реката Пчиња во Вардар во должина од 9,5 км. Таа е всечена во палеозојски шкрилци помеѓу ридовите Каменица (479 м) и Ветерски Рид (508 …

БАДЕРСКА КЛИСУРА Прочитај »

БАДИВУКУ, Сихана Хусеин

БАДИВУКУ, Сихана Хусеин (Сихана Хусеин Бадивуку) (Приштина, 4. Ⅷ 1967) – виолинистка, унив. професор. Основно и средно образование завршила во Приштина, а потоа дипломирала на Конзерваториумот „Петар Илич Чајковски” во Москва. Постдипломски студии завршила во класата на проф. Е. Чугајева. Професор по виолина на Факултетот за музичка уметност …

БАДИВУКУ, Сихана Хусеин Прочитај »

БАДНИК

БАДНИК – ден спроти големиот празник Рождество Христово – Божик. Особено богати обичаи се изведуваат вечерта спроти Божик, кога се извршуваат последните подготовки за празникот. За него е карактеристична богатата трпеза со исклучиво посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и сл. Обичај е по вечерата …

БАДНИК Прочитај »

БАЕЊА

БАЕЊА – вид архаичен остаток од ромската магија што Ромите ја наследиле, според верувањето, од Индија. И денес се бае за да оздрави детето, против уроци, демони, епилепсија, вртоглавица и сл. Тр. П. Георги Баждаров

БАЖДАРОВ, Георги

БАЖДАРОВ, Георги (с. Горно Броди, Серско, Егејскиот дел на Македонија, 8. Ⅱ 1881 – Варна, 19. IX 1919) – новинар, публицист, историчар, револуционер и општественик. Завршил историја на Софискиот универзитет. Уште како ученик во Битолската гимназија влегол во редовите на ТМОРО. Како секретар на четата на Илија Крчовалијата …

БАЖДАРОВ, Георги Прочитај »

БАЗАЛТ

БАЗАЛТ – изливна, вулканска карпа од групата на габровите и базалтите, односно од групата на базичните магматски карпи. Се одликува со холокристалестопорфирска до витрофирско-порфирска структура и со масивна, флуидална до мандолесто-меуреста текстура. Базалтот обично се појавува во вид на сливови на лави или поголеми плочи, при што лачењето …

БАЗАЛТ Прочитај »

БАЗЕРКОВСКИ-ЛАНСКИ, Стефан

БАЗЕРКОВСКИ-ЛАНСКИ, Стефан (Прилеп, 1921 – Прилепец, Прилепско, 20. Ⅻ 1942) – радиомеханичар и комунистички деец. Како член на СКОЈ (1940) и на КПЈ (1941), бил еден од организаторите на НОАВМ во Прилеп и Прилепско, борец во Прилепската партизанска чета (септемвриоктомври 1941) и во Првиот прилепски НОПО „Гоце Делчев“

БАЗЕРКОВСКИ-ЛАНСКИ, Стефан Прочитај »

БАЗИЛИКА ДЕ

БАЗИЛИКА ДЕ (Хераклеја Линкестис) – источно од градските бедеми натслоена од средновековна некропола. Во периодот 1980–1986 при ископувањето на трикорабната, гробишна Базилика Де – еџтра мурос, градена во времето на Јустинијан И, е откриена некрополата што егзистирала до крајот на Ⅵ век, за потоа во времето од крајот …

БАЗИЛИКА ДЕ Прочитај »

БАЗИЛИКА, ПАЛАТА НА ПРАВДАТА

БАЗИЛИКА, ПАЛАТА НА ПРАВДАТА – базилика од почетокот на Ⅳ в. н.е. идентификувана како јавна градба – судница, откриена во Скупи. Се наоѓа во западниот дел од градот, со влезот ориентирана кон главната град-ска улица. Објектот (27,5 х 21,70 м) се состои од две простории: широка централна сала …

БАЗИЛИКА, ПАЛАТА НА ПРАВДАТА Прочитај »

БАЗИЛИКИ, РАНОХРИСТИЈАНСКИ

БАЗИЛИКИ, РАНОХРИСТИЈАНСКИ – епископски, катедрални базилики (регистрирани околу 300) откриени во Скупи, Стоби, Лихнид, Хераклеја итн. Во Стоби се откриени 4 интра мурос и 4 еџстра мурос базилики. Најстара е Старата епископска базилика ( Ⅳ в. н.е.). Во Североисточна Македонија (Средоземна Дакија) кај две еџтра мурос базилики (Бегов …

БАЗИЛИКИ, РАНОХРИСТИЈАНСКИ Прочитај »

БАЗНА ОРГАНСКА И НЕОРГАНСКА ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА ВО РМ

БАЗНА ОРГАНСКА И НЕОРГАНСКА ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА ВО РМ – индустрија за производство на суровини за хемиската индустрија, од кои натаму се добиваат полупроизводи и на крај финални производи. На пример, со електролиза на готварска сол (НаЦл) се добиваат базните хемикалии хлор и натриумхидроксид. Со нив се произведуваат полупроизводи, …

БАЗНА ОРГАНСКА И НЕОРГАНСКА ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА ВО РМ Прочитај »

БАЈАЗИД I

БАЈАЗИД I (Одрин, 1354/1360 – Ахшехир 8. Ⅲ 1403) – четврти османлиски султан, познат како „Илдирим” („Молња”). Владеел со Македонија 13 години (28. Ⅵ 1389 – 28. Ⅶ 1402). Во негово време биле освоени Солун (април 1394, вторпат), Кратово (1390), Воден, Скопје (кр. на 1391 или поч. на …

БАЈАЗИД I Прочитај »

БАЈАЗИД Ⅱ

БАЈАЗИД Ⅱ (Диметока, 1447 / 1448 / 1452/1453 – 26. Ⅴ 1512) – османлиски султан. Владеел со Македонија 30 години (5. Ⅴ 1481 – 25. Ⅳ 1512). Се посветил на внатрешното уредување на државата. Бил соборен од јаничарите (1512), а на власт дошол неговиот син Селим Ⅰ.Јавуз („Свирепиот”), …

БАЈАЗИД Ⅱ Прочитај »

БАЈАЗИД И

БАЈАЗИД И (Одрин, 1354/1360 – Ахшехир 8. Ⅲ 1403) – четврти османлиски султан, познат како „Илдирим” („Молња”). Владеел со Македонија 13 години (28. Ⅵ 1389 – 28. Ⅶ 1402). Во негово време биле освоени Солун (април 1394, вторпат), Кратово (1390), Воден, Скопје (кр. на 1391 или поч. на …

БАЈАЗИД И Прочитај »

БАЈАЛСКИ, Ристо

БАЈАЛСКИ, Ристо (Стојаково, Гевгелиско, 1926 – Москва, 20. XI 1998) – новинар кој целосна афирмација постигнал пишувајќи долги години за „Борба” и „Политика”, неделникот НИН и Југословенската телевизија. Почнал во скопските спортски весници „Фискултурен глас”, „Спортски глас” и „Спорт” (1947-1951). Во „Нова Македонија” бил соработник во Внатрешнополитичката рубрика …

БАЈАЛСКИ, Ристо Прочитај »

БАЈАЛЏИЕВ, Димитар

БАЈАЛЏИЕВ, Димитар (с. Лагунци, Егејскиот дел на Македонија, 1944) – универзитетски професор, правник. Основно образование и гимназија завршил во Гевгелија. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1968), каде што магистрирал (1977) и докторирал, бранејќи ја темата „Моралната основа на категоријата право“ (1985). Избран за асистент по предметот Теорија …

БАЈАЛЏИЕВ, Димитар Прочитај »

БАЈРАКТАРИ, Мехди

БАЈРАКТАРИ, Мехди (Гостивар, 7. Ⅰ 1936 – Скопје, 26. Ⅴ 1995) – актер во Албанската драма на Театарот на народностите во Скопје од 1954 г. Типичен карактерен актер со широк изразен дијапазон, со убава дикција и сценска појава. Со забележителен успех играше и во проекти на Турската драма. …

БАЈРАКТАРИ, Мехди Прочитај »

БАЈРАКТАРОВА-ЃОРЧУЛОВСКА, Надежда Христова

БАЈРАКТАРОВА-ЃОРЧУЛОВСКА, Надежда Христова (Прилеп, 12. Ⅻ 1936) – специјалистортодонт, редовен професор на Ст. ф. Средно образование завршила во Струмица, Ст. ф. во Бел-град. Специјалист по ортодонција (1970), хабилитирала (1977) и докторирала (1986). Престојувала во Финска и во Норвешка. Публикувала 82 статии. Научниот интерес $ е фокусиран кон растот …

БАЈРАКТАРОВА-ЃОРЧУЛОВСКА, Надежда Христова Прочитај »

БАЈРАКТАРОВА, Бона Лазарова

БАЈРАКТАРОВА, Бона Лазарова (с. Ново Село, Струмичко, 25. IX 1946) – специјалист по детска и превентивна стоматологија, редовен професор на Ст. ф. Докторирала во 1988 г. Публикувала 70 стручно-научни трудови. Автор е на прирачникот „Млечни и трајни заби” и на учебникот „Трајна дентиција – дентална ембриологија и хистоморфологија”. …

БАЈРАКТАРОВА, Бона Лазарова Прочитај »

БАЈРАМ, Амди

БАЈРАМ, Амди (Скопје, 30. Ⅷ 1956) – бизнисмен и политичар. Сопственик на конфекцијата „шутекс”. Еден од основачите и претседател е на ПЦЕР и основач и претседател на партијата Сојуз на Ромите од Македонија (од 1996). Пратеник во три мандати во Собранието на РМ (1996–2002 и од 2008). Р. …

БАЈРАМ, Амди Прочитај »

БАЈРАМ, Газанфер

БАЈРАМ, Газанфер (Газанфер Баѕрам) (Скопје, 17. Ⅲ 1943) – академски сликар, мозаичар и професор од турската националност во РМ. Завршил постдипломски студии на Отсекот за монументално сликарство на Академијата за ликовна уметност во Белград. Специјализирал фреско-сликарство и мозаик. Две години работел на Отсекот за мозаик на Академијата за …

БАЈРАМ, Газанфер Прочитај »

БАЈРАМ, Есад

БАЈРАМ, Есад (Есад Баѕрам) (Охрид, 1934) – поет, раскажувач, преведувач од турската националност во РМ. Бил општествено-политички работник, директор во основно училиште, дописник и новинар во в. „Бирлик” во Скопје. Пишува на турски и на македонски јазик. Член е на ДПМ од 1987 г. конгрес на Народната федеративна …

БАЈРАМ, Есад Прочитај »

БАЈРАМ, Ферид Ф

БАЈРАМ, Ферид Ф. (Скопје, 1. Ⅲ 1880 – Скопје, 23. Ⅱ 1965) – просветен деец, општественик и новинар; по националност Турчин. Завршил турска гимназија во Скопје, а потоа бил учител во турското основно училиште во Велес (2. Ⅷ 1902 – 1907), каде што воспоставил врски со македонските социјалисти …

БАЈРАМ, Ферид Ф Прочитај »

БАК, Розина

БАК, Розина (Ружа) Јоха (шид, Србија, 7. Ⅲ 1923 – Скопје, 7. Ⅲ 1994) – комунистички деец, новинар и општественик. Била член на Литературното друштво „Јефимија“, на Црвениот крст и на Скаутската организација, а поради членството во СКОЈ (1939) била исклучена од Женската гимназија во Скопје (кон крајот …

БАК, Розина Прочитај »