БУРЕВА, Благородна

БУРЕВА, Благородна (Виница, 23. Ⅱ 1903 – Белград, 6. XI 1977) – оперска певица. Дипломирала (1935) на Филозофскиот факултет во Скопје. Учествувала во исполнувањето на првата оперска претстава во Штипскиот театар со улогата на Неда во операта Палјачи (29 август 1925) под му-зичкото водство на Сергеј Михајлов, а во режија на Душан Будимировиќ. Ф. М. Ванчо Бурзески