БУРХАН, Рахим

БУРХАН, Рахим (Скопје, 1948) – режисер. Основач и раководител на Театарот на Ромите „Пралипе” (1971). Од 1991 г. театарот „Пралипе” соработува со театарот „Андер Рур” во Милхајм, Германија. Режии: „Не! Не”, „Божицата на виолината” („Маутие”), „Крвави свадби”, „Бибахтали” („Несреќа”), „Соске” („Зошто”), „Тхагар Едип” („Крал Едип”), „Орестија”, „Отело”, „Јерма”, „Ѕидот, водата”. Р. Ст. Стојан Бурчевски-Буридан