БАЈРАКТАРОВА, Бона Лазарова

БАЈРАКТАРОВА, Бона Лазарова (с. Ново Село, Струмичко, 25. IX 1946) – специјалист по детска и превентивна стоматологија, редовен професор на Ст. ф. Докторирала во 1988 г. Публикувала 70 стручно-научни трудови. Автор е на прирачникот „Млечни и трајни заби” и на учебникот „Трајна дентиција – дентална ембриологија и хистоморфологија”. Е. М.

БАЈРАМ, Амди

БАЈРАМ, Амди (Скопје, 30. Ⅷ 1956) – бизнисмен и политичар. Сопственик на конфекцијата „шутекс”. Еден од основачите и претседател е на ПЦЕР и основач и претседател на партијата Сојуз на Ромите од Македонија (од 1996). Пратеник во три мандати во Собранието на РМ (1996–2002 и од 2008). Р. Газанфер Бајрам

БАЈРАМ, Газанфер

БАЈРАМ, Газанфер (Газанфер Баѕрам) (Скопје, 17. Ⅲ 1943) – академски сликар, мозаичар и професор од турската националност во РМ. Завршил постдипломски студии на Отсекот за монументално сликарство на Академијата за ликовна уметност во Белград. Специјализирал фреско-сликарство и мозаик. Две години работел на Отсекот за мозаик на Академијата за убави уметности во Равена. Мозаиците се изложени… Continue reading БАЈРАМ, Газанфер

БАЈРАМ, Есад

БАЈРАМ, Есад (Есад Баѕрам) (Охрид, 1934) – поет, раскажувач, преведувач од турската националност во РМ. Бил општествено-политички работник, директор во основно училиште, дописник и новинар во в. „Бирлик” во Скопје. Пишува на турски и на македонски јазик. Член е на ДПМ од 1987 г. конгрес на Народната федеративна партија (Солун, 1909) и еден од основачите… Continue reading БАЈРАМ, Есад

БАЈРАМ, Ферид Ф

БАЈРАМ, Ферид Ф. (Скопје, 1. Ⅲ 1880 – Скопје, 23. Ⅱ 1965) – просветен деец, општественик и новинар; по националност Турчин. Завршил турска гимназија во Скопје, а потоа бил учител во турското основно училиште во Велес (2. Ⅷ 1902 – 1907), каде што воспоставил врски со македонските социјалисти Илија и Лазар Плавев. Извесно време бил… Continue reading БАЈРАМ, Ферид Ф

БАК, Розина

БАК, Розина (Ружа) Јоха (шид, Србија, 7. Ⅲ 1923 – Скопје, 7. Ⅲ 1994) – комунистички деец, новинар и општественик. Била член на Литературното друштво „Јефимија“, на Црвениот крст и на Скаутската организација, а поради членството во СКОЈ (1939) била исклучена од Женската гимназија во Скопје (кон крајот на 1940). Тогаш станала член на КПЈ… Continue reading БАК, Розина

БАКАЛОВ, Георги Иванов

БАКАЛОВ, Георги Иванов (Стара Загора, Бугарија, 1873 – Москва, СССР, 1939) – припадник на бугарското социјалдемократско и комунистичко движење. Истакнат независен публицист, исклучуван од БКП. Го поддржувал и го помагал македонското ослободително дело, со девизата: „Македонија на Македонците“. Во анкетата на „Балканска федерација“ (1925) за решавање на македонското прашање ја осудил поделбата на Македонија и… Continue reading БАКАЛОВ, Георги Иванов

БАКАЛОВСКА, Марија

БАКАЛОВСКА, Марија (Охрид, 1928) – универзитетски професор и стопанственик. Дипломирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград (1954). Работела во „Југохром” – Јегуновце. Специјализации и студиски престои во Белгија, швајцарија, Полска, Бугарија и во В. Британија. Била раководител на лабораторија, контрола и на службата за развој во „Тетекс” – Тетово (од 1956). Работела на Технолошко-металуршкиот факултет во… Continue reading БАКАЛОВСКА, Марија

БАКАРНО ВРЕМЕ

БАКАРНО ВРЕМЕ . ( енеолит лат. цупрум – бакар, грч. λиθος ‡?камен) – културно-историски период што ја означува појавата и обработката на првиот метал, бакарот (→ ИВ–Ⅲ милениум пр. н.е.). Доста долго траел, така што неговата еволуција се одвивала во три фази, обележани како ран, среден и доцен енеолит. Почетоците му се совпаѓаат со времето… Continue reading БАКАРНО ВРЕМЕ

БАКАРНО ГУМНО

БАКАРНО ГУМНО .(с. Чепигово) – праисториска населба, на околу 500 м ј-з од селото. Претставува доминантна височинка на која, со ископувањата во 1959 г. од Народниот музеј во Прилеп, биле констатирани траги од четвртести надземни куќи од дрво и кал, фрагменти од керамички садови, култна пластика и орудија од камен и од коска, од крајот… Continue reading БАКАРНО ГУМНО

БАКЕВСКИ, Петре

БАКЕВСКИ, Петре (Кавадарци, 5. Ⅰ 1947) – поет, романсиер, раскажувач, публицист, театарски критичар. Работел како новинар, театарски критичар и уредник. Бил уредник на Културната рубрика на весникот „Вечер” и директор и главен уредник на Книгоиздателството „Детска радост” при НИП „Нова Македонија”. Уредник во весникот „Македонија денес”. Член на ДПМ (1974). Бил претседател на Советот на… Continue reading БАКЕВСКИ, Петре

БАКУЛЕВСКИ, Никола

БАКУЛЕВСКИ, Никола (Битола, 27. XI 1928 – Скопје, 2002) – правник, општественик и државник. Основно училиште завршува во Битола, а гимназија во Скопје. Виша управна школа завршува во Земун, а дипломира на Правниот факултет во Белград. Се вработува во СВР Скопје, потоа во Републичкиот секретаријат за внатрешни работи како помошник на правниот советник, а потоа… Continue reading БАКУЛЕВСКИ, Никола

БАКУЛЕВСКИ, Никола

БАКУЛЕВСКИ, Никола (Битола, 26. Ⅴ 1939) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола. Дипломирал на Архитектонскоградежниот факултет во Скопје (1963). Магистрирал на Архитектонскиот факултет во Загреб (1981), во областа на урбанизмот и просторното планирање и хабилитирал во областа на просторното планирање. Предавал урбанизам, просторно планирање и нацртна геометрија. Бил претседател на Комисијата за настава… Continue reading БАКУЛЕВСКИ, Никола

БАКУЛЕВСКИ, Никола

БАКУЛЕВСКИ, Никола (Битола, 27. XI 1928 – Скопје, 2002) – правник, општественик и државник. Основно училиште завршува во Битола, а гимназија во Скопје. Виша управна школа завршува во Земун, а дипломира на Правниот факултет во Белград. Се вработува во СВР Скопје, потоа во Републичкиот секретаријат за внатрешни работи како помошник на правниот советник, а потоа… Continue reading БАКУЛЕВСКИ, Никола

БАКУЛЕВСКИ, Никола

БАКУЛЕВСКИ, Никола (Битола, 26. Ⅴ 1939) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола. Дипломирал на Архитектонскоградежниот факултет во Скопје (1963). Магистрирал на Архитектонскиот факултет во Загреб (1981), во областа на урбанизмот и просторното планирање и хабилитирал во областа на просторното планирање. Предавал урбанизам, просторно планирање и нацртна геометрија. Бил претседател на Комисијата за настава… Continue reading БАКУЛЕВСКИ, Никола

БАКХОС Бахус, Дионис

БАКХОС Бахус, Дионис . – божество што е поврзано со култот за Теракота: Сатири и Бакхос во игра бесмртноста на душата и реинкарнацијата; кај античките Македонци ова божество на вегетацијата се нарекува: Бакхос, Сабос, Сабазиос, Савадиос (придружниците на Дионис се Силени, во Македонија наречени Сабои); ова божество е наречено и Бассареус, што би значело „облечен… Continue reading БАКХОС Бахус, Дионис

БАЛАБАН

БАЛАБАН (Балабанидис, Балабаноглу), Аврам Продром (Ендурљук, Мала Азија, 1865 – Битола, 1913) – лекар, хирург. Медицина завршил во Цариград (1890). Како лекар, хирург и гинеколог работел Бакла во Охрид, Приштина и Елбасан, а од 1899 г. во Битола, каде што отворил прифатилиште со ординација, операциона сала, неколку болнички кревети и аптека. Работел и во болницата… Continue reading БАЛАБАН

БАЛАБАНОВ, Александар Михаилов

БАЛАБАНОВ, Александар Михаилов (Штип, 18/30. Ⅰ 1879 – Софија, 30. Ⅱ 1955) – класичен филолог, унив. проф., поет. До Ⅱ клас учел во Штип, продолжил во Солун и во Софија во класична гимн., студирал класична филологија во Лајпциг, каде што и докторирал (1905). Како унив. проф. во Софија, развил широка преводна и оригинална книжевна дејност.… Continue reading БАЛАБАНОВ, Александар Михаилов

БАЛАБАНОВ, Павел

БАЛАБАНОВ, Павел (Охрид, 20. Ⅷ 1942) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград (1969). Работел во Заводот за урбанизам и архитектура во Охрид. Ја основал Архитектонската работилница „Балабан и партнери“ во Охрид (1991). Проектирал поголем број објекти со разновидна функција во кои успешно го вклопува духот на традиционалната архитектура. Учествувал на повеќе анонимни архитектонски… Continue reading БАЛАБАНОВ, Павел

БАЛАБУРСКИ, Оливер

БАЛАБУРСКИ, Оливер (Скопје, 14. Ⅵ 1969) – диригент. Во 1995 г.дипломирал диригирање на Факултетот за музичка уметност во Скопје (Ф. Муратовски). Од 1996 г.е диригент на Операта и Бале-тот на Македонскиот народен теа-тар. Гостувал во Бугарија, Англија, Србија и Црна Гора. На сцената на МНТ ги диригирал оперите: Риголето, Трубадур, Набуко, То-ска, Боеми, Аида и… Continue reading БАЛАБУРСКИ, Оливер

БАЛАЖИ, Назиф

БАЛАЖИ, Назиф (с. Србица, Кичевско, 1911) – службеник. Завршил нижа гимназија. По Ослободувањето бил учител, претседател на Општинскиот народен одбор во родното село и народен пратеник во Републичкиот собор на Народното собрание на НРМ (1957). С. Мл. Георги Баласчев БАЛАСЧЕВ, Георги Димитров

БАЛДУИН Ⅰ Фландриски

БАЛДУИН Ⅰ Фландриски (1172 – 1205/6) – гроф на Фландрија и на Ено, водач на Ⅳ крстоносен поход, император на Латинското Царство (1204–1205/6). Водел успешни војни против Византијците во Мала Азија. Се обидел да ја задуши побуната на византиското благородништво во Тракија, помогната од Бугарите, но бил победен и заробен од Бугарите во битката кај… Continue reading БАЛДУИН Ⅰ Фландриски

БАЛЕТОТ И БАЛЕТСКОТО ШКОЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

БАЛЕТОТ И БАЛЕТСКОТО ШКОЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА – балетскиот ансамбл беше основан 1948 г. Сродно на другите балетски ансамбли во Европа, основниот дел на балетскиот репертоар и неговото кореографско оформување беа врзани за руската балетска школа. Тие беа приспособени на можностите на младите но талентирани почетници: Н. Пенушлиска, М. Јанева, Е. Џипунова, Ј. Поповска, К. Лашков… Continue reading БАЛЕТОТ И БАЛЕТСКОТО ШКОЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

БАЛИ КОМБЕТАР Национален фронт

„БАЛИ КОМБЕТАР – Национален фронт . – албанска националистичка и профашистичка организација, формирана во ноември 1942 г. во Албанија од страна на Италијанците, со помош на квислингот Мустафа Круја. Организацијата ја раководеле големопоседниците, главно аги и бегови, бајрактари од Северна Албанија. Најважната парола со која добивале највеќе приврзаници била „создавање на голема Албанија“. За борбаContinue reading БАЛИ КОМБЕТАР Национален фронт