БАЈРАМ, Есад

БАЈРАМ, Есад (Есад Баѕрам) (Охрид, 1934) – поет, раскажувач, преведувач од турската националност во РМ. Бил општествено-политички работник, директор во основно училиште, дописник и новинар во в. „Бирлик” во Скопје. Пишува на турски и на македонски јазик. Член е на ДПМ од 1987 г. конгрес на Народната федеративна партија (Солун, 1909) и еден од основачите на Демократскиот клуб и раководител на Комунистичкиот клуб на СРПЈ(к) во Скопје. На општинските избори бил избран за одборник и прв потпретседател (кмет) на „Црвената општинска управа“ во Скопје (1920) и за комунистички Ферид Ф. Бајрам пратеник во Уставотворното собрание на Кралството СХС. Бил уредник на в. „Социјалистичка зора“ (Скопје) на турски јазик. Во подоцнешните години бил активен член на КПЈ. По фашистичката окупација на Македонија (април 1941) живеел во Косовска Митровица. БИБ.: Првото црвено знаме на Скопската општина, „Нова Македонија“, ⅩⅤ, 4735, Скопје, 1959, 5. ЛИТ.: Деведесет денови на Скопската црвена општина, Скопје, 1970; Душко Константинов – Милош Константинов – Кузман Георгиевски, Синдикатите во Скопје (1900-1908 до 1971), Скопје, 1971; Д-р Орде Иваноски, Црвените комуни во Македонија во 1920 година, Скопје, 1980; Работничкото синдикално движење во Македонија до 1918 година. Документи за револуционерните и единствени синдикати на Македонија, И, Скопје, 1985. С. Мл.