БАЛЕТОТ И БАЛЕТСКОТО ШКОЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

БАЛЕТОТ И БАЛЕТСКОТО ШКОЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА – балетскиот ансамбл беше основан 1948 г. Сродно на другите балетски ансамбли во Европа, основниот дел на балетскиот репертоар и неговото кореографско оформување беа врзани за руската балетска школа. Тие беа приспособени на можностите на младите но талентирани почетници: Н. Пенушлиска, М. Јанева, Е. Џипунова, Ј. Поповска, К. Лашков и др. Веќе во 1960 година македонскиот балет забележа исклучителен напредок. Тој во многу краток период создаде ансамбл способен за изведби на многу сериозен репертоар. Во овој период се изведувани и дела со поинаква содржинска и стилска физиономија: музички втемелени на народниот (вклучително и македонскиот) мелос. Реализирани се и претстави посообразени со тогашните тенденции во балетската уметност низ светот. Следните генерации македонски балетски уметници ги продлабочуваа веќе остварените резултати на основоположниците, стремејќи се кон модерниот балетски израз. Се намалуваа разликите меѓу класичниот и современиот балет, што придонесе модерната игра да се развие во повеќе насоки и преку поголемо стилско богатство. Во деветтата деценија се вкрстуваа разновидни стилови и насоки, а се избегнуваше примената на академизираниот класичен балет. Во почетокот на ⅩⅪ век, македонските балетски уметници, со својата Скулптура на Балдуин И во Фландрија Сцена од балетска претстава (Скопје)