ЧАЧАНСКИ, Крсте

ЧАЧАНСКИ, Крсте (с. Драслајца, Струшко, 25. Ⅸ 1949 – Струга, 13. Ⅱ 2003) – поет, раскажувач, романсиер. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Бил директор на Домот на културата во Струга. Вистинската книжевна афирмација ја доживеал со расказите и романите. Патилата и црнилата на македонскиот човек, судбината на откорнатикот, родното поднебје и нивната универзалност се посведочуваат… Continue reading ЧАЧАНСКИ, Крсте

ЧАШКА

ЧАШКА – село во Велешко. Се наоѓа на крајниот јужен дел на Бањичко Кале, од левата страна на р. Тополка, на надморска височина од околу 240 м. Преку регионален пат е поврзано со Велес. Има 1.471 ж., од кои 1.425 се Македонци и 44 Срби. Населението се занимава со одгледување житни и градинарски култури и… Continue reading ЧАШКА

ЧАШУЛЕ, Коле

ЧАШУЛЕ, Коле (Прилеп, 2. Ⅲ 1921) – раскажувач, романсиер, драмски писател, публицист и дипломат. Средно образование завршил во Битола, потоа студирал медицина во Белград, но по окупацијата на Југославија од страна на германските окупатори, се враќа во родниот град, каде што учествува во подготовката и кревањето на Антифашистичкото востание од 11 октомври 1941 г., а… Continue reading ЧАШУЛЕ, Коле

ЧАШУЛЕ, Слободан

ЧАШУЛЕ, Слободан (Скопје, 27. Ⅸ 1945) – новинар, општественик, политичар и државник. Дипломирал филологија и докторирал на Понтифицискиот католички универзитет во Лима (Перу). Со новинарство почнал во Телевизија Скопје (1965), уредник на Дописништвото на Танјуг за Македонија, потоа дописник од Перу, Бразил и Мексико. Во периодот 1990–1994 г. бил директор и главен и одговорен уредник… Continue reading ЧАШУЛЕ, Слободан

ЧЕВРЕВСКИ, Данчо

ЧЕВРЕВСКИ, Данчо (Скопје, 17. Ⅴ 1951) – актер и продуцент. На филм дебитира во 1975 г. во историскиот спектакл „Атентатот во Сараево“, но најквалитетните остварувања ги постигнува по успешната улога на младиот Стеван во спектаклот „Најдолгиот пат“. Од другите улоги посебно се истакнува интерпретацијата на ликот на младиот музичар во филмот „Хајфај“, кој има сериозни… Continue reading ЧЕВРЕВСКИ, Данчо

ЧЕЈКОВСКА, Вера

ЧЕЈКОВСКА, Вера (Скопје, 16. Ⅹ 1954) – физичар и сеизмолог, доктор на физички науки, поет и есеист. Основно училиште и гимназија завршила во Кавадарци (1973), а потоа дипломирала применета физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје (1979) и магистрирала на студии по физика на внатрешноста на Земјата на Геофизичкиот завод „Андрија Мохозоровиќ“ при Природно-математичкиот факултет на… Continue reading ЧЕЈКОВСКА, Вера

ЧЕЛЕБИ, Исхак

ЧЕЛЕБИ, Исхак (Исхак ќ елеби), (Скопје, 1493 – Дамаск, 1537) – турски поет од средновековната диванска литература. Бил професор на медресите во Скопје, Серез, Едрене, Бурса. Ја завршил највисоката османска медреса Сахн во Истанбул. Бил мудерис-соработник на истата медреса. На многу места бил кадија. Литературниот опус опфаќа: еден диван (собрани касида и газели напишани на… Continue reading ЧЕЛЕБИ, Исхак

ЧЕЛЕНКА

ЧЕЛЕНКА – невестински украс за на глава, изработен од чаталесто дреново дрво, обвиткано со шарени крпи. Се придржувала на главата со ремче под гушата, а со други ремчиња се прикачувала за рамото на горната облека. Од неа се спуштале Челенка надолу низи од пари или монистра што ѕвонеле при одењето. Престанала да се носи кон… Continue reading ЧЕЛЕНКА

ЧЕЛИКУ, Емин Калош

ЧЕЛИКУ, Емин Калош (с. Црвица, Кичевско, 13. Ⅱ 1951) – поет, раскажувач, романсиер, драмски писател и писател за деца. Основно образование завршил во родното место, а образованието го продолжил во Учителската школа во Скопје. Студирал книжевност и дипломирал на Филозофскиот факултет во Приштина. Еден период работел како учител и наставник во Скопско, а потоа како… Continue reading ЧЕЛИКУ, Емин Калош

ЧЕЛИЧНИ МОСТОВИ И КОНСТРУКЦИИ

ЧЕЛИЧНИ МОСТОВИ И КОНСТРУКЦИИ. Кај нас датираат од крајот на ⅩⅠⅩ в., кога се во изградба двете железнички линии: СкопјеСолун и СолунБитола. Позначајни мостови се: на р. Вардар во Скопје, Градец и Удово, на р. Црна во Стоби и на р. Бошава во Д. Капија (најдолг мост, 171 м). На р. Србиновачка (1970) е изграден… Continue reading ЧЕЛИЧНИ МОСТОВИ И КОНСТРУКЦИИ

ЧЕЛОПЕК

ЧЕЛОПЕК – село во Гостиварско. Се наоѓа во горнополошката рамнина, од десната страна на р. Вардар, на надморска висина од околу 500 м. Со Гостивар е поврзано со локален асфалтен пат. Тоа е населено со Албанци, чиј број е во постојан пораст. Во 1953 г. во него живееле 2.825 ж., а во 2002 г. тој… Continue reading ЧЕЛОПЕК

ЧЕМЕРСКИ-ЈАНУШ, Ангел

ЧЕМЕРСКИ-ЈАНУШ, Ангел (Кавадарци, 31. Ⅲ 1923 – Скопје, 18. Ⅺ 2003) – економист, комунистички деец, првоборец и државник. Бил член на СКОЈ (1938), секретар на Бирото на СКОЈ во Трговската академија во Битола (1940), член на МК на СКОЈ во Кавадарци (1942–1943) и на КПЈ (1942), а потоа борец на Тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“ (од… Continue reading ЧЕМЕРСКИ-ЈАНУШ, Ангел

ЧЕМЕРСКИ, Глигор

ЧЕМЕРСКИ, Глигор (Гиче) (Кавадарци, 9. Ⅲ 1940) – сликар, особено значаен претставник на новата фигурација во шеесеттите години, заслужен за афирмацијата на македонската култура во светот. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Бел-град (1965). Во штафелајното сликарство создава експресионистички дела, проникнати со поет-ски реализам и фантастика („Лудата Грета“, 1962/63, „Чувар на гнездо“, 1964, „Инстинкт… Continue reading ЧЕМЕРСКИ, Глигор

ЧЕМПРЕС

ЧЕМПРЕС . (КИПАРИС) (Цупрессус Л., фам. Цупрессацеае) – род со 10-15 вида зимзелени дрвја од Северната хемисфера. Леторастите се покриени со ситни, спро-Г. Чемерски: „Охриѓанки“ (1997) Медитерански чемпрес тивно поставени лушпести листови, на напречниот пресек четвороаголни. шишарките се колку орев, одрвенети. Во РМ се култивираат следниве видови: Ц. семпервиренс Л. – чемпрес (кипарис) од Медитеранот,… Continue reading ЧЕМПРЕС

ЧЕМРЕН

ЧЕМРЕН – средновековен град/ тврдина кај влезот на Црна Река во Мариово. Единствените изворни вести се зачувани кај биографот на Стефан Душан, кој вели дека градот Чемрен потпаднал под српска власт истовремено со српското освојување на градовите Охрид и Прилеп, при Душановиот воен налет на југ (1334). ЛИТ.: Т. Томоски, Македонија низ вековите. Градови, тврдини,… Continue reading ЧЕМРЕН

ЧЕМЧЕВ, Вангел

ЧЕМЧЕВ, Вангел (Лаки) (Воден, Егејскот дел на Македонија, Р.Гр., 4. Ⅳ 1937) – филмски и телевизиски монтажер, режисер и сценарист. Во „Вардар филм“ се вработува во 1959 г. како асистент-монтажер. Како монтажер на игран филм дебитира со филмот „Македонска крвава свадба“ (1967). Реализирал повеќе од 100 филма, од кои 11 се играни. Автор е (како… Continue reading ЧЕМЧЕВ, Вангел

ЧЕПИНЧИЌ, Мирослав

ЧЕПИНЧИЌ, Мирослав (Стари Трг, 18. Ⅳ 1941) – филмски критичар и телевизиски режисер. По дипломирањето на Филозофскиот факултет во Скопје, се занимава со филмска критика и публицистика. Извесен период работи во Македонската телевизија како режисер, а од 1984 г. до пензионирањето работи во Кинотеката на Македонија, каде систематски го истражува домашното филмско наследство. Автор е… Continue reading ЧЕПИНЧИЌ, Мирослав

ЧЕПРЕГАНОВ, Методие Василев

ЧЕПРЕГАНОВ, Методие Василев (Штип, 28. Ⅵ 1936) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Скопје (1964) и се вработил на Нервната клиника (1964–2001), каде што бил и директор (1988– 1995). Специјализирал (1968) и докторирал (1984) од областа на неврофизиологијата. Еден од најеминентните претставници на неврофизиологијата кај нас, епилептолог и… Continue reading ЧЕПРЕГАНОВ, Методие Василев

ЧЕПРЕГАНОВ, Михаил

ЧЕПРЕГАНОВ, Михаил (Штип, 8. Ⅲ 1929) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1984 до пензионирањето во 1989 г.) по групата предмети Организација, технологија и економика на градбата. Специјализирал монтажна станбена изградба во СССР (1966). Пред изборот за доцент (1974) работел во Заводот за станбено-комунално стопанисување. Магистрирал во ИЗИИС (1972), докторирал… Continue reading ЧЕПРЕГАНОВ, Михаил

ЧЕПРЕГАНОВ, Тодор

ЧЕПРЕГАНОВ, Тодор (Штип, 20. Ⅸ 1955) – историчар, научен советник и директор на Институтот за национална историја во Скопје. Основно училиште завршил во Штип, гимназија во Скопје, а дипломирал на Филозофскиот факултет (Група историја, 1979). Откако се вработил како асистент во ИНИ (1979), магистрирал на тема „Одгласот на Ослободителната војна и револуција во Ју-Тодор Чепреганов… Continue reading ЧЕПРЕГАНОВ, Тодор

ЧЕРЕПНАЛКОВСКИ, Илија Софрев

ЧЕРЕПНАЛКОВСКИ, Илија Софрев (Галичник, 2. Ⅷ 1932) – машински инженер. Дипломирал на Машинскиот факултет во Бел-град (1959). Работел во Свиларниот комбинат во Велес (1959 –1961), во Ремонтниот завод за локомотиви – Скопје (1961–1964), во Енергетика на Рудници и железарница – Скопје (1964–1970) и на Машинскиот факултет во Скопје (1970–1997). Во 1962 г. е избран за… Continue reading ЧЕРЕПНАЛКОВСКИ, Илија Софрев

ЧЕРНОДРИНСКИ, Војдан

ЧЕРНОДРИНСКИ, Војдан (с. Селци, Дебарско, 2. И 1875 – Софија, 8. И 1951) – основоположник на македонската драмска литература и на македонската театарска дејност, поет, драмски автор, општественик, публицист. Во 1894 г., заедно со неколкумина соученици Македонци во Првата машка гимназија во Софија, ја формира театарската група „Македонски зговор“, за чиј репертоар ги пишува едночинките… Continue reading ЧЕРНОДРИНСКИ, Војдан

ЧЕРНОЗЕМСКИ, Владо

ЧЕРНОЗЕМСКИ, Владо (с. Каменица, Велинградско во РБ, 19. Х 1897 – Марсеј, Франција, 9. Х 1934) – атентатор на михајловистичката ВМРО, ликвидатор на истакнати македонски дејци, како и на југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Вистинското име му е Величко Димитров Керин, Бугарин, шофер и саатчија во Софија, познат во ВМРО како „Владо шоферот“, со фалсификувани документи… Continue reading ЧЕРНОЗЕМСКИ, Владо

ЧЕРНОПЕЕВ, Христо

ЧЕРНОПЕЕВ, Христо (с. Дерманци, Плевенско, Бугарија, 16. Ⅶ 1869 – Криволак, Неготинско, 5. Ⅺ 1915) – Бугарин, подофицер во бугарската армија (до 1899), илинденски војвода. Во ТМОРО бил придобиен од Г. Делчев, станал близок соработнк на Сандански, потоа кукушки војвода (од 1900) и војвода во Горноџумајско (1901–1902). Учествувал во пленувањето на мис Елен Стон и… Continue reading ЧЕРНОПЕЕВ, Христо