ЧЕВРЕВСКИ, Данчо

ЧЕВРЕВСКИ, Данчо (Скопје, 17. Ⅴ 1951) – актер и продуцент. На филм дебитира во 1975 г. во историскиот спектакл „Атентатот во Сараево“, но најквалитетните остварувања ги постигнува по успешната улога на младиот Стеван во спектаклот „Најдолгиот пат“. Од другите улоги посебно се истакнува интерпретацијата на ликот на младиот музичар во филмот „Хајфај“, кој има сериозни морални разидувања со татка си. Убедлив е во реализацијата на ликови на пожртвувани борци, урбани губитници, непоправливи криминалци во филмовите: „Пресуда“, „Црвениот коњ“, „Доротеј“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“. Г. В. ЧЕВРЕСКА, Стефка Михајлова