ЧАШУЛЕ, Слободан

ЧАШУЛЕ, Слободан (Скопје, 27. Ⅸ 1945) – новинар, општественик, политичар и државник. Дипломирал филологија и докторирал на Понтифицискиот католички универзитет во Лима (Перу). Со новинарство почнал во Телевизија Скопје (1965), уредник на Дописништвото на Танјуг за Македонија, потоа дописник од Перу, Бразил и Мексико. Во периодот 1990–1994 г. бил директор и главен и одговорен уредник на Македонското радио. Во наредните години е водител на ноќната програма и колумнист во Панорама на селото Чашка, Велешко „Дневник“. Од 1998 г. се вклучува во политиката, станува министер за надворешни работи (2001–2002) и пратеник во Собранието на РМ (2002–2006). Колумнист на „Неделно време“ и основач и главен уредник на сп. „Мацедониан Афаирс “ (2005) и на „Глобус“. Б. П. Ѓ. Данчо Чевревски