ЧЕПИНЧИЌ, Мирослав

ЧЕПИНЧИЌ, Мирослав (Стари Трг, 18. Ⅳ 1941) – филмски критичар и телевизиски режисер. По дипломирањето на Филозофскиот факултет во Скопје, се занимава со филмска критика и публицистика. Извесен период работи во Македонската телевизија како режисер, а од 1984 г. до пензионирањето работи во Кинотеката на Македонија, каде систематски го истражува домашното филмско наследство. Автор е на книгата „Македонскиот игран филм“ (во два тома). Иг. Ст. Методие Чепреганов