ВЕРСАЈСКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА (Версај, 18. Ⅰ – 28. Ⅵ 1919) – мировна конференција по Првата светска војна. На македонскиот народ не му било признато правото на самоопределување и на државност. Прашањето за Македонија во Државата на Србите, Хрватите и Словенците било разгледувано во Комитетот за новите држави и за заштитата на малцинства при утврдувањето на… Continue reading ВЕРСАЈСКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Tag: В
ВЕРСАЈСКИ МИРОВНИ ДОГОВОРИ
ВЕРСАЈСКИ МИРОВНИ ДОГОВОРИ (1919) – договори што произлегуваат од Версајскиот мировен договор што се однесуваат и на Македонија. На Мировната конференција на македонскиот народ не му било признато правото за самоопределување и за создавање самостојна држава. Со мировните договори била санкционирана поделбата на Македонија. Во Сен-Жермен (10. IX 1919) бил ВЕРСКИ потпишан Договорот меѓу Сојузничките… Continue reading ВЕРСАЈСКИ МИРОВНИ ДОГОВОРИ
ВЕРСКИ ДВИЖЕЊА во Македонија
ВЕРСКИ ДВИЖЕЊА во Македонија (. движења што секогаш, покрај конфесионалните, имале и политички, социјални, културни и национални програми. Богомилството се јавило во првата половина на Ⅹ в. и го добило името по Богомил, свештеник кој прифатил идеи од манихејската вера. Започнало како религиозно против црквата, а прераснало во социјално движење на народните маси за противставување… Continue reading ВЕРСКИ ДВИЖЕЊА во Македонија
ВЕРСКИ ЗАЕДНИЦИ во Република Македонија
ВЕРСКИ ЗАЕДНИЦИ во Република Македонија (- религиозни организации на верски заедници и религиозни групи. Според Законот за верските заедници и религиозните групи верските заедници претставуваат доброволно организирани, непрофитни заедници на верници од иста вероисповед, а религиозните групи се доброволни, непрофитни здружувања на верници со исто верско убедување кои не припаѓаат на регистрирана верска заедница. Верските… Continue reading ВЕРСКИ ЗАЕДНИЦИ во Република Македонија
ВЕРСКИ ШКОЛИ ВО МАКЕДОНИЈА
ВЕРСКИ ШКОЛИ ВО МАКЕДОНИЈА – средни училишта за подготовка и образование на кадар за потребите на црковните служби и религиозните обреди на разните вероисповеди, надвор од државниот образовен систем. Според Уставот, сите вероисповеди имаат право на школување кадар за своите религиозни потреби. Свои верски училишта имаат организирано православната и муслиманската заедница (Скопје, по едно училиште).… Continue reading ВЕРСКИ ШКОЛИ ВО МАКЕДОНИЈА
ВЕСЕЛИНОВ, Коста
ВЕСЕЛИНОВ, Коста (с. Бобшево, Пиринско, 1908 – Ксанти, Тракиско, 19. IX 1942) – македонски културно-национален деец, историчар и публицист. Учи во Горна Џумаја, но поради учество во марксистичкото движење, во Ⅵ клас е исклучен од гимназијата и образованието го продолжува во Пазарџик. Во следната година се враќа во Горна Џумаја и развива поширока национално-политичка дејност.… Continue reading ВЕСЕЛИНОВ, Коста
ВЕСЕЛИНОВИЌ, Милојко В
ВЕСЕЛИНОВИЌ, Милојко В. – учител, книжевник, српски публицист и дипломат. Бил учител во Врање (1874), службеник на Министерството на војната и управник на Домот на Друштвото „Свети Сава“ во Белград (ноември 1888 – август 1889), по што заминал на дипломатска служба во Цариград (август 1889–1892) за подготовка на македонски учебници и книги за српската пропаганда… Continue reading ВЕСЕЛИНОВИЌ, Милојко В
ВЕСЛАР, ОРАБЕН
ВЕСЛАР, ОРАБЕН . (Дѕтисцус маргиналис Л.) – воден тврдокрилен инсект. Распространет е во цела Европа (освен Пиринејскиот Полуостров), во Сибир, во Јапонија и во Северна Америка. Живее во бари и јазови. Може брзо да плива и да нурка. Во неповолни услови, обично по зајдисонце и ноќе, бара ново поповолно живеалиште. Издржлив летач. Наесен се закопува… Continue reading ВЕСЛАР, ОРАБЕН
ВЕСЛАРИ
ВЕСЛАРИ (Дѕтисцидае) – тврдокрилни инсекти. Телото им е хидродинамично сплескано и широко, приспособено за живот во водна средина. Задните нозе се издолжени, раширени и со густи влакнести израстоци, функционираат како весла по што го добиле името. Се хранат со водни инсекти, полноглавци, тритони и ситни риби. Женката полага јајца на водни растенија. Ларвите се долги… Continue reading ВЕСЛАРИ
ВЕСЛИЕВСКИ-ОВЧАРОТ, Наум
ВЕСЛИЕВСКИ-ОВЧАРОТ, Наум (с. Златари, Ресенско, 1921 – с. Јанкоец, Ресенско, 28. 12. 1972) – комунистички деец, легендарен воен командант и потполковник на НОВЈ. Бил член на СКОЈ (1941) и КПЈ (1942) и еден од организаторите на НОАВМ: заменик-командант на НОПО „Даме Груев” (1942), командант на Првиот НО баталјон „Мирче Ацев” (18. Ⅶ 1943), политички комесар… Continue reading ВЕСЛИЕВСКИ-ОВЧАРОТ, Наум
ВЕСНИК
„ВЕСНИК“ (Скопје, 2. Ⅴ – 15. Ⅹ 1942) – неделен весник, илегален орган на МК на КПЈ во Скопје. Бил печатен на циклостил во партиската техника, на 8-10 страници, формат 22 х 21 цм, во тираж од 500-600 примероци. Одговорен уредник била Веселинка Малинска. Објавени се вкупно 9 броја, прва серија бр. 1-7 и втора… Continue reading ВЕСНИК
ВЕСОВ, Љубомир
ВЕСОВ, Љубомир (Велес, 1892 – с. Острилци, Крушевско, 1922) – поет, револуционер. Се школувал во Велес, Солун и Софија. Во текот на ученичките денови пројавувал интерес кон литературата. Студирал правни науки на Софискиот универзитет. Поттик за литературата му давал неговиот близок пријател, Васил Пундев, кој ја има заслугата што ја презентира пред јавноста поетската оставина… Continue reading ВЕСОВ, Љубомир
ВЕСПАЗИЈАН, Тит Флавиј
ВЕСПАЗИЈАН, Тит Флавиј (9–79) – римски император (69–79), основач на династијата на Флавиите. За император го прогласила војската од источните провинции. Ја зацврстил централната власт и дисциплината во војската. Ги задушил востанијата во Галија и во Германија, на Понт и во Јудеја. Ги средил финансиите; вовел нови даноци, а некои од старите ги удвоил. Подигнал… Continue reading ВЕСПАЗИЈАН, Тит Флавиј
ВЕСТ, Ребека
ВЕСТ, Ребека (1892–1983) – англиска писателка со богат романсиерски опус и бурна биографија, исполнета со турбулентни љубовни авантури и афери. Авторка на книга за Балканот, за Југославија и за Македонија и еден вид дневник и патопис „Црното јагне и сивиот сокол” (1941). Англиската авторка патувала на Балканот за подобро да ги разбере тензиите и конфликтите… Continue reading ВЕСТ, Ребека
ВЕТЕРИНАРЕН ИНСТИТУТ СКОПЈЕ
ВЕТЕРИНАРЕН ИНСТИТУТ СКОПЈЕ – јавна научна установа што врши научноистражувачка, апликативна и едукативна дејност од областа на ветеринарната медицина и биотехнологијата. Ветеринарното одд. е формирано во 1925 г. во Хигиенски завод во Скопје. Почнува со активност во 1927 г. Ветеринарно бактериолошкиот институт е формиран во 1941/42 г. во склоп на Хигиенскиот завод во Скопје. Од… Continue reading ВЕТЕРИНАРЕН ИНСТИТУТ СКОПЈЕ
ВЕТЕРОВА, Ирена
ВЕТЕРОВА, Ирена (Скопје, 19. XI 1971) – балерина. Член на балетскиот ансамбл при МНТ (1989-1992). Станува првенка на балетот во Визбаден (1993). Балетската наобразба ја добива при МБУЦ „Илија Николовски-Луј„ во Скопје, во класата на Е. Кушовска. Врз своето понатамошно усовршување работи со познати балетски имиња: М. Плисецкаја, П. шауфус и др. Улоги: Одета и… Continue reading ВЕТЕРОВА, Ирена
ВЕТРОВИ ВО МАКЕДОНИЈА
ВЕТРОВИ ВО МАКЕДОНИЈА – ветровите во Македонија се последица на општиот распоред на воздушниот притисок. Дуваат главно од северниот квадрант, но во одделни региони правецот зависи и од орографските услови. Ветровите на поголемите надморски височини во Македонија, на примерот на м.м. Солунска Глава (2.540 м), Лазарополе (1.332 м) и Крушево (1.230 м) доминираат во струењето… Continue reading ВЕТРОВИ ВО МАКЕДОНИЈА
ВЕТРУШКИ
ВЕТРУШКИ (Фалцо) – мали грабливи птици од фамилијата соколи (Фалцонидае), од кои во Македонија се среќаваат: обична ветрушка или керкенез (Фалцо тиннунцулус), степска или мала ветрушка (Фалцо науманни) и вечерна или црвенонога ветрушка (Фалцо веспертинус). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус. Цамбридге, „Бирд Лифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге, 2004; Ц.… Continue reading ВЕТРУШКИ
ВЕЧЕРНИ ШКОЛИ
ВЕЧЕРНИ ШКОЛИ – установи наменети за образование на возрасни, главно, вработени, со различни програмски ориентации: за основно образование, за професионално образование, вечерни политички школи, училишта за странски јазици и сл. Се јавуваат како последица на индустрискиот развој и потребата за зголемени знаења и вештини кај работниците. Посебно интензивен развиток бележат непосредно по ослободувањето на Македонија,… Continue reading ВЕЧЕРНИ ШКОЛИ
ВЕШТАЧКИ ЕЗЕРА ВО РМ
ВЕШТАЧКИ ЕЗЕРА ВО РМ.Регистрирани се вкупно 110 вештачки езера, од кои 21 имаат зафатни3 на поголема од 1.000.000 м вода, а другите акумулираат количество 3 вода помало од 1.000.000 м . Изградени се од страна на човекот со определени цели и за определени намени, како што се: водоснабдување на населените места и на индустријата, наводнување… Continue reading ВЕШТАЧКИ ЕЗЕРА ВО РМ
ВЕШТАЧКО ОСЕМЕНУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ ВО РМ
ВЕШТАЧКО ОСЕМЕНУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ ВО Република Македонија – првпат е воведено кај говедата во 1953 г., како метод за борба против јаловоста и подобрувањето на расниот состав и продуктивноста кај говедата. Во 1953 г. се осеменети првите 197 крави. Вештачкото осеменување на овци како метод за подобрување на овчарското производство во Македонија е воведено во… Continue reading ВЕШТАЧКО ОСЕМЕНУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ ВО РМ
ВИДАКОВИЌ, Милое
ВИДАКОВИЌ, Милое (Белград, 28. Ⅰ 1898 – Белград, 1974) – физиолог, редовен проф. на Мед. ф. Член на Матичната комисија и еден од првите 19 наставници на новоформираниот Мед. ф. во Скопје (1947). Основач е на Институтот за физиологија, негов директор и шеф на Катедрата. Тој е прв продекан, а во еден мандат и декан… Continue reading ВИДАКОВИЌ, Милое
ВИДЕОАРТ
ВИДЕОАРТ . (анг. видео арт) – автономна уметничка дисциплина во современата уметност. Користи телевизиска техника и технологија, експериментира во областа на електронската слика и звук и воведува специфичен визуелен јазик. Почетоците се врзуваат за уметничките движења на шеесеттите и седумдесеттите години на ⅩⅩ в., кога уметници во светот почнуваат да користат: камера, рикордер, монитор, видеолента.… Continue reading ВИДЕОАРТ
ВИДЕЦ, Блага
ВИДЕЦ, Блага (Битола, 24. IX 1930 – Сараево, 21. Ⅹ 1982) – оперска певица – мецосопран. Пеење учела во Загреб (З. шир) и во Љубљана (проф. Ј. Бетето). Со-лист на Операта на МНТ (1954– 1960), а потоа на Сараевската опера. Остварила повеќе главни улоги од мецосопранскиот фах, меѓу кои: Ацучена (Трубадур), Амнерис (Аида), Далила (Самсон… Continue reading ВИДЕЦ, Блага