ВЕСПАЗИЈАН, Тит Флавиј

ВЕСПАЗИЈАН, Тит Флавиј (9–79) – римски император (69–79), основач на династијата на Флавиите. За император го прогласила војската од источните провинции. Ја зацврстил централната власт и дисциплината во војската. Ги задушил востанијата во Галија и во Германија, на Понт и во Јудеја. Ги средил финансиите; вовел нови даноци, а некои од старите ги удвоил. Подигнал монументални градби во Рим (Колосеумот, храмот на мирот, храмот на Јупитер Капитолски и др.). ЛИТ.: Х. Бенгстон, Дие Флавиер. Веспасиан, Титус, Домитиан. Гесцхицхте еинес ромисцхен Каисерхаусес, Мунцхен, 1979. К. Аџ.