ВЕТЕРИНАРЕН ИНСТИТУТ СКОПЈЕ

ВЕТЕРИНАРЕН ИНСТИТУТ СКОПЈЕ – јавна научна установа што врши научноистражувачка, апликативна и едукативна дејност од областа на ветеринарната медицина и биотехнологијата. Ветеринарното одд. е формирано во 1925 г. во Хигиенски завод во Скопје. Почнува со активност во 1927 г. Ветеринарно бактериолошкиот институт е формиран во 1941/42 г. во склоп на Хигиенскиот завод во Скопје. Од 30. Ⅻ 1955 работи како Ветеринарен институт. Од 1. Ⅶ 1960 има статус на научна установа, а од 10. Ⅻ 1973 е организиран во ООЗТ „Ветеринарен институт” – Скопје. Од 1. Ⅰ 1979 Институтот работи под името РО Ветеринарен институт – Скопје до 20. Ⅻ 1996 кога се пререгистрира во Јавна научна установа Ветеринарен институт – Скопје. Од 20. Ⅹ 2003 се припојува кон Ф. вет. мед. М. Д. – Ј. Б.