ВЕСТ, Ребека

ВЕСТ, Ребека (1892–1983) – англиска писателка со богат романсиерски опус и бурна биографија, исполнета со турбулентни љубовни авантури и афери. Авторка на книга за Балканот, за Југославија и за Македонија и еден вид дневник и патопис „Црното јагне и сивиот сокол” (1941). Англиската авторка патувала на Балканот за подобро да ги разбере тензиите и конфликтите во овој регион. Трипати доаѓала во Југославија (1936, 1937 и 1938) и сите овие посети се преточени во романот за црното јагне. Книгата наидува на одличен прием, наречена е врв на патописот; преиздавана и преведувана, книгата ги урива сите бариери и дистанции и наоѓа широк прием. Оваа книга претставува историска, археолошка и политичка анализа на најатрактивната балканска земја, со многу коментари за фолклорот, обичаите, пејзажите, со кристализирани погледи врз религијата, народот, уметноста, митовите и љубовта. Во деловите што £ се посветени на Македонија авторката е одушевена од културното наследство и ритуалите. Незаборавни се страниците низ кои се дешифрира тајнописот за Овчо Поле. Г. Т. Дневниот весник „Вест“ „ВЕСТ” – независен дневен информативно-политички весник. Првиот број излегол на 5 јули 2000 г. Издавач: ДНИД „Огледало”. Основачи: „Фершпед”, Горан Михајловски и Дончо Мирчев. Во 2003 г. мнозинскиот удел на сопственоста го откупил германскиот издавачки концерн ВАЦ. Главен и одговорен уредник Горан Михајловски. Б. П. Ѓ. Ветеринарниот институт, Скопје