АЛПСКА ГРАНИЦА НА ШУМАТА – нивото до кое достигнува склопена шума што расте исправено повисоко од 5 м. Таа е законита појава на сите високи планини на сите континенти, само што е формирана од разни видови дрвја и се наоѓа на различна надморска висина. швајцарскиот ботаничар Х. Броцкманн–Ѕеросцх (1919) ја испитувал алпската граница на шумата… Continue reading АЛПСКА ГРАНИЦА НА ШУМАТА
Tag: А
АЛТБАУЕР, Моше
АЛТБАУЕР, Моше (Алтбауер, Мосхе) (Пшемишл, Полска, 12. XI 1904 – Тел Авив, Израел, 14. Ⅹ 1998) – лингвист, специјалист за староцрковнословенски, Евреин, роден и школуван во Полска, но АЛУСИЈАН (XI в.) – македонски благородник, внук на Самуиловиот брат Арон и син на царот Јован Владислав. По ликвидирањето на Самуиловото Царство бил одведен во Византија да… Continue reading АЛТБАУЕР, Моше
АЛТИПАРМАКОВ, Димитар
АЛТИПАРМАКОВ, Димитар (Битола, 3. Ⅷ 1949) – дипл. ел-инж., д-р на технички науки. Истражувач во Институтот за нуклеарни науки во Винча (Србија) и во компанијата Атомска енергија на Канада (Атомиц Енергѕ оф Цанада Лимитед). Дал прилози кон теоријата на неутронските полиња во нуклеарните реактори и моделирањето на физичките процеси во циклотроните. Др. Р. Пелистерска молика… Continue reading АЛТИПАРМАКОВ, Димитар
АЛУШЕВСКИ, Илија
АЛУШЕВСКИ, Илија (с. Ѓавато, Битолско, 1928 – Битола, 8. Ⅱ 2004) – средношколски професор, фолклорист. Уште како ученик во Учителската школа „Браќа Миладиновци” во Битола почнал да собира македонски фолклор, а повеќе записи направил и на Фолклорниот фестивал во Битола (1947) и на Младинската работИлија Алушевски на акција „Маврово”. По завршувањето на Учителската школа (1948/1949)… Continue reading АЛУШЕВСКИ, Илија
АЛЧЕВ, Петре
АЛЧЕВ, Петре (с. Раштани, Велешко, 1880 – Велес, 21. XI 1956) – столар, социјалдемократски и комунистички деец. Бил член на работничкото друштво „Класово единство” и еден од основачите на Велешката социјалдемократска организација. Како носител на комунистичката листа на општинските избори (22. Ⅷ 1920), станал претседател на „Црвената” општинска управа во Велес. Бил еден од иницијаторите… Continue reading АЛЧЕВ, Петре
АЛЧЕВ, Стојан
АЛЧЕВ, Стојан (Велес, 12. Ⅲ 1903 – Титов Велес, 26. Ⅳ 1969) – музички педагог и композитор. Студиите по пијано и композиција ги завршува во Музичкото училиште „Станковиќ” во Белград. Наставник по музика е во школата за слепи деца во Земун; иницијатор и основач на Музичкото училиште во Титов Велес и негов директор (1945-1954 и… Continue reading АЛЧЕВ, Стојан
АМАМ
АМАМ – јавна бања градена во градовите во Македонија во периодот на турското владеење. Секој амам содржел пет групи простории: шадрван (гардероба) со квадратна основа, капалук (дел за адаптација) со правоаголни основи, халвет (простор за капење) еден квадратен простор на кој може да се надоврзат повеќе мали простории, хазна (резервоар за вода) и ќулхан (ложиште).… Continue reading АМАМ
АМАМ
АМАМ -. (с. Лопате. Кумановско) – неолитска населба. Се наоѓа сретсело, во просторот околу стариот турски амам, близу до десниот брег на Липковска Река. Според карактеристиките на материјалните остатоци, посебно типологијата на облиците и декоративните мотиви кај кермичките садови, а и култните предмети откриени во 1978 г., детерминирана е како доцнонеолитска населба од времето на… Continue reading АМАМ
АМАМ јавна бања
АМАМ – јавна бања градена во градовите во Македонија во периодот на турското владеење. Секој амам содржел пет групи простории: шадрван (гардероба) со квадратна основа, капалук (дел за адаптација) со правоаголни основи, халвет (простор за капење) еден квадратен простор на кој може да се надоврзат повеќе мали простории, хазна (резервоар за вода) и ќулхан (ложиште).… Continue reading АМАМ јавна бања
АМАМ неолитска населба
АМАМ -. (с. Лопате. Кумановско) – неолитска населба. Се наоѓа сретсело, во просторот околу стариот турски амам, близу до десниот брег на Липковска Река. Според карактеристиките на материјалните остатоци, посебно типологијата на облиците и декоративните мотиви кај кермичките садови, а и култните предмети откриени во 1978 г., детерминирана е како доцнонеолитска населба од времето на… Continue reading АМАМ неолитска населба
АМАНДМАНИ НА УСТАВОТ НА РМ
АМАНДМАНИ НА УСТАВОТ НА Република Македонија (1992-2005) – дополненија и поправки на постојните устави. Првите амандмани на Уставот на РМ, Амандманот Ⅰ и Амандманот Ⅱ, беа донесени 1992 г. Со овие амандмани се констатира дека Република Македонија нема територијални претензии кон соседите и дека нема да се меша во внатрешните работи на други држави. Амандманот… Continue reading АМАНДМАНИ НА УСТАВОТ НА РМ
АМЕБИ
АМЕБИ (Амоебина) – најпросто градени протоплазматични организми. Имаат голо тело, поради што се нарекуваат голи праживотни. Обликот на телото постојано го менуваат, по што го добиле името (амоибеин гр. = менувам); се движат со помош на лажни ножиња – псевдоподии. Се хранат со цврсти честички како бактерии и други ситни организми што ги фаќаат со… Continue reading АМЕБИ
АМЕРИКАНСКА ВОЕНА МИСИЈА ПРИ ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПОМ
АМЕРИКАНСКА ВОЕНА МИСИЈА ПРИ ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПОМ (јули 1944 – мај 1945) – втора странска линија на територијата на Вардарскиот дел на Македонија. Мисијата пристигнала преку територијата на Србија, во состав: мајор Скот Дикенсон, шеф на мисијата, Тед, радиотелеграфист, Стево Бузич и Стив Силјанов (по потекло Македонец), преведувачи, и Стефан Бизик, наредник.… Continue reading АМЕРИКАНСКА ВОЕНА МИСИЈА ПРИ ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПОМ
АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА
АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА (САД, XI 2001 >) – асоцијација на Македонци доселени во САД (претежно од Тетовско) со Македонскиот фонд за помош. Основана за да придонесува за зближување и унапредување на политичката и економската соработка помеѓу САД и РМ. Организирала мирни собирања со осуди на етничкото чистење на Македонците од Тетовско во 2001 г., реализирала средби… Continue reading АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА
АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА
АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА (Детроит, Мичиген, САД, 1990 ‡) – организирана од бизнисмени од македонско потекло (претежно од тетовскиот крај), кои живеат во Детроит и во други градови во САД. Формирана со цел да одржува контакти и заеднички да придонесуваат за економскиот развој на Република Македонија , посебно на Тетовскиот крај. Сл. Н.-К.
АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Започнуваат како трговски во 1776 г. Првата политичка активност САД ја преземаат на Цариградската конференција (1876/1877) како предлог за автономија на Македонија. Прв индиректен контакт со македонското националноослободително движење воспоставуваат по повод киднапирањето на протестантската мисионерка Елен Марија Стон (Еллен Мариа Стоне), заедно со Катерина Стефанова–Цилка (септември 1901 – март 1902).… Continue reading АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
АМЕТИ, Решат
АМЕТИ, Решат (Ресхат Амети) (Гостивар, 15. Ⅴ 1964) – сликар. Дипломирал (1989) на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, магистрирал (2001) на Факултетот за ликовна уметност во Приштина. Професор на Педагошкиот факултет во Скопје и на Тетовскиот државен универзитет. Самостојно излагал во Виена, Годишен зборник на ЦК на Македонскиот народен сојуз во Америка (1937) Решат… Continue reading АМЕТИ, Решат
АМЗАБЕГОВО
АМЗАБЕГОВО -. современа селска населба во Овчеполската Котлина. Во македонската и балканската археолошка литература е присутна уште и под имињата Анзабегово и Анза заради резултатите од истражувањето на наоѓалиштето Барутница во нејзиниот атар. Се работи за материјални и други артефакти од повеќеслојна неолитска населба, според кои е извршена временската и културната детерминација на постариот неолит… Continue reading АМЗАБЕГОВО
АМИНТА Ⅰ
АМИНТА Ⅰ (540–498 пр.н.е.) – македонски крал од династијата на Аргеадите, син на Алкета. Во почетокот владее со Пиерија и Ботиаја, ги освојува областа покрај делтата на Аксиос и Западна Мигдонија (областа Анатемунт) до северната граница на државата, пл. Дисорос. Има добри политички и трговски врски со Пизистратите од Атина. По походот на Дариј против… Continue reading АМИНТА Ⅰ
АМИНТА Ⅲ
АМИНТА Ⅲ (393/2 – 370/69 пр.н.е.) – македонски крал од династијата на Аргеадите. Оженет со Евридика (ќерката на владетелот на Линкестида, Арабај); имаат три деца, идните македонски кралеви: Александар Ⅱ, Пердика Ⅲ и Филип Ⅱ. Откако ја обезбедува внатрешната стабилност на Македонија, Аминта во сојуз со Спарта го освојува Олинт (претходно Олинт ја напаѓа Македонија… Continue reading АМИНТА Ⅲ
АМИХАЈ, Јехуда
АМИХАЈ, Јехуда (Ѕехуда Амицхаи) (Вирцбург, Германија, 2. Ⅳ 1924 – Ерусалим, 1. Ⅹ 2000) – еден од првите израелски поети што својата поезија ја пишувал на хебрејски јазик. Објавил 13 книги поезија на хебрејски, десетина избори на англиски јазик (од кои четири се издадени двојазично), потоа два романа, од кои романот Не од ова време,… Continue reading АМИХАЈ, Јехуда
АМНЕСТИЈА ВО Република Македонија
АМНЕСТИЈА ВО Република Македонија – акт во форма на закон со кој Собранието на Република Македонија ги ослободува од гонење за кривични дела неопределен број лица или пак лицата ги ослободува целосно или делумно од натамошното издржување на казната или им ја заменува изречената казна со поблага казна. Во Република Македонија беа донесени три закони… Continue reading АМНЕСТИЈА ВО Република Македонија
АМУРИ
АМУРИ – детали од невестинска капа. Изработени се со редење разнобојни монистра, плетење и поткит, долги ок. 37 цм. Сл. Ѓ.
АМФАКСИТИДА
АМФАКСИТИДА – старомакедонска област што го зафаќала тесниот појас долж двете страни на долниот тек на реката Вардар, од Демиркаписката Клисура до Егејското Море. Во времето на Филип Ⅴ (Ⅱ в. пр. н.е.), Амфакситида е една од петте области кои во Тесалоника коват сребрени и бакарни монети. Според Хомер, во времето на Тројанската војна оваа… Continue reading АМФАКСИТИДА