АМЗАБЕГОВО

АМЗАБЕГОВО -. современа селска населба во Овчеполската Котлина. Во македонската и балканската археолошка литература е присутна уште и под имињата Анзабегово и Анза заради резултатите од истражувањето на наоѓалиштето Барутница во нејзиниот атар. Се работи за материјални и други артефакти од повеќеслојна неолитска населба, според кои е извршена временската и културната детерминација на постариот неолит во Источна Македонија. В. С.