ЧАКОВ, Михаил

ЧАКОВ, Михаил (Гуменџа, 16. Ⅲ 1873 – Софија, 17. Ⅸ 1938) – учител, илинденски војвода. Завршил Ⅵ клас гимназија во Солун. Бил учител во с. Тумба, Ениџевардарско. Во ТМОРО влегол од 1897 г. Бил во четата на М. Попето (1899 –1900), потоа самостоен војвода во Петричко, Драмско, Серско, Кумановско и во Велешко (1901– 1908). Учествувал… Continue reading ЧАКОВ, Михаил

ЧАКШИРИ

ЧАКШИРИ – дел од машка народна носија. Биле изработувани од сура или бела клашна, а некаде и од црна. Биле кроени со должина до глуждовите, а на долниот дел се закопчувале со капаци. Околу џебовите и рабовите биле украсувани со црни гајтани. Празничните чакшири во горниот дел биле пошироки. Како и некои други елементи на… Continue reading ЧАКШИРИ

ЧАЛНИК

ЧАЛНИК – бела правоаголна невестинска крпа, со димензии 100 х 35 или 150 х 20 цм. Го носеле невестите на денот на свадбата и краток период по свадбата. Бил исткаен од бел тенок памук, нашарен со хоризонтални прачки. На краиштата бил орнаментиран со шарки од бојадисан памук (во сино, зелено или црвено), но можел да… Continue reading ЧАЛНИК

ЧАЛОВСКИ, Тодор

ЧАЛОВСКИ, Тодор (Гостивар, 23. Ⅷ 1945) – поет, литературен критичар, есеист и преведувач. Основно образование завршил во Галичник, гимназија учел во Скопје и Гостивар, а дипломирал на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел како новинар во весниците „Студент-ски збор“, „Вечер“ и „Нова Македонија“, во Радио Скопје, како уредник на Културна… Continue reading ЧАЛОВСКИ, Тодор

ЧАМО, Едхем

ЧАМО, Едхем (Требиње, 30. ⅩⅠⅠ 1909 – Сараево 25. Ⅺ 1996) – ветеринар, редовен проф. на В. ф. во Сараево (од 1950), академик. Дипломирал на В. ф. во Загреб (1938), каде што се здобил и со степенот доктор на ветеринарна медицина (1948). Учесник е во НОБ од 1941 г. По војната врши низа одговорЕдхем Чамо… Continue reading ЧАМО, Едхем

ЧАМЧЕ

ЧАМЧЕ“ (Чифте чамче) – машко народно оро со држење на рацете за рамо, во метар 2/4 и 4/4, со елементи од турската орска традиција. Започнува бавно во неопределен ритам, со доста вртења на играорците околу својата оска, но и со потклекнувања и доскокнувања. ЛИТ.: Елзи Иванчиќ Дунин – Станимир Вишински, Ората во Македонија, Скопје 1995,… Continue reading ЧАМЧЕ

ЧАПАРОСКИ, Љубомир Трајков

ЧАПАРОСКИ, Љубомир Трајков (с. Галичник, 8. Ⅲ 1938 – Скопје, 10. Ⅷ 1999) – спец. интернист-ревматолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (од 1989). Мед. ф. и специјализација завршил во Скопје, а докторирал во 1976 г. Од 1974–1980 бил шеф на Ревматолошкиот центар (Интерна клиника), од 1980 до 1998 директор на Ревматолошката клиника и… Continue reading ЧАПАРОСКИ, Љубомир Трајков

ЧАПАРОСКИ, Радослав Трајков

ЧАПАРОСКИ, Радослав Трајков (с. Галичник, 2. Ⅸ 1936) – васкуларен хирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал на Радослав Чапароски Мед. ф. (Скопје, 1961), специјализирал општа хирургија (Скопје, 1968), работел на Клиниката за торако-васкуларна и срцева хирургија (1962–2003). Супспецијализација за васкуларна хирургија завршил во Прага (1974). Ги вовел реконструктивните оперативни интервенции при облитерации… Continue reading ЧАПАРОСКИ, Радослав Трајков

ЧАПЈИ

ЧАПЈИ (Ардеидае) – фамилија средно големи птици од редот штрковидни птици (Цицонииформес), од кои во Македонија се присутни осум видови: воден бик или букавец (Ботаурус стелларис), пурпурна чапја (Ардеа пурпуреа), сива чапја (Ардеа ци-Голема бела чапја нацреа), голема бела чапја (Егретта алба), мала бела чапја (Егретта гарзетта), гривеста чапја (Ардеола раллоидес), ноќна чапја (Нѕцтицораџ нѕцтицораџ)… Continue reading ЧАПЈИ

ЧАПОВСКИ, Иван

ЧАПОВСКИ, Иван (с. Пожарско, Воденско, 12. Ⅹ 1936) – поет, романсиер, публицист. Завршил Орото „Чифте чамче“ во сценска изведба на Ансамблот „Танец“ Филозофски факултет во Скопје. Како новинар работел во редакциите на весниците „Вечер“ и „Нова Македонија“, а како режисер во РТВ Скопје. Бил главен уредник и директор на книгоиздателството „Македонска книга“ во Скопје. Член… Continue reading ЧАПОВСКИ, Иван

ЧАРАКЧИЕВ

ЧАРАКЧИЕВ (Кожаров), Асен (Неврокоп, 19. Ⅶ 1911 – Неврокоп, 19. Ⅺ 1988) – припадник на македонското НОД во Пиринскиот дел на Македонија. Член на ВМРО(Об) (1931). На судскиот процес (1936), заедно со сестра му Мара Димитрова-Петрова и другите судени, изјавил дека е Македонец по националност, а не Бугарин. Учествувал во оружената борба на НОД (1941–1944).… Continue reading ЧАРАКЧИЕВ

ЧАРДАК

ЧАРДАК (СОФА, ПОТОН, ОТВОРЕН И ЗАТВОРЕН) – просторија на катот формирана со специфична организација на просториите. Има различна намена, во зависност од климатските услови, економската состојба на имателот, конфесионалната припадност и периодот на градбата. Служи за комуникација, како простор за работа и за одмор (за спиење преку лето), за одржување семејни свечености и сл. К.… Continue reading ЧАРДАК

ЧАРШИ–

ЧАРШИ–ЏАМИЈА (Прилеп, 1475) – подигната од Хаџи Хусеин, син на Абдулах. Има правоаголна основа со димензии 20,25 х 11,30 м, скромна внатрешна декорација и минаре високо 25 м, градено во неколку фази. Тремот бил изграден во сред. на ⅩⅠⅩ в. Се наоѓа во руинирана состојба. ЛИТ.: Арх. К. Јованоски, За Чарши – џамијаПрилеп,… Continue reading ЧАРШИ–

ЧАУЛЕ, Киро

ЧАУЛЕ, Киро (Охрид, 17. Ⅲ 1918 – Скопје, 3. Ⅲ 1983) – новинар, учесник во НОБ од 1941 г. Про-должувајќи ја семејната револуционерна традиција (син е на илинденскиот војвода Петар Чауле), уште како младинец се определува за Националноослободителното движење. Бил командант на Осмата велешка бригада (1944), член на првиот редакциски состав на „Нова Македонија“ во… Continue reading ЧАУЛЕ, Киро

ЧАУЛЕВ, Петар

ЧАУЛЕВ, Петар (Охрид, 1880 – Милано, 23. ⅩⅠⅠ 1924) – учител, револуционер, учесник во Илинденското востание. Се школувал во Охрид и Битола, учителствувал во Охридско. Бил организатор на револуционерните комитети во Охридско, Преспанско и Леринско (1899). Во Илинденското востание бил војвода и раководител на Охридскиот револуционерен комитет, во 1911 г. бил член на ЦК на… Continue reading ЧАУЛЕВ, Петар

ЧАУСИДИС, Никос

ЧАУСИДИС, Никос (Ташкент, Узбекистан, 17. Ⅶ 1959) – археолог, унив. професор. Студиите ги Никос Чаусидис завршува во 1984 г. на Катедрата за историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што ги завршува и магистерските студии (1992). Стручното издигање го почнува со истражување на археолошките локалитети во Македонија, за подоцна да им… Continue reading ЧАУСИДИС, Никос

ЧАУШЕВ, Боро

ЧАУШЕВ, Боро (Неготино, 6. Ⅺ 1917 – Скопје, 22. Ⅱ 2001) – припадник на работничкото и на комунистичкото движење пред војната, учесник во НОБ, генерал. Член на Спортското друштво „Вардар“ во Неготино (1936– 1939). Член на СКОЈ и на КПЈ (од 1940) и на МК на КПЈ за Неготино (од 1941). Активно вклучен во НОД… Continue reading ЧАУШЕВ, Боро

ЧАЧАНСКИ, Крсте

ЧАЧАНСКИ, Крсте (с. Драслајца, Струшко, 25. Ⅸ 1949 – Струга, 13. Ⅱ 2003) – поет, раскажувач, романсиер. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Бил директор на Домот на културата во Струга. Вистинската книжевна афирмација ја доживеал со расказите и романите. Патилата и црнилата на македонскиот човек, судбината на откорнатикот, родното поднебје и нивната универзалност се посведочуваат… Continue reading ЧАЧАНСКИ, Крсте

ЧАШКА

ЧАШКА – село во Велешко. Се наоѓа на крајниот јужен дел на Бањичко Кале, од левата страна на р. Тополка, на надморска височина од околу 240 м. Преку регионален пат е поврзано со Велес. Има 1.471 ж., од кои 1.425 се Македонци и 44 Срби. Населението се занимава со одгледување житни и градинарски култури и… Continue reading ЧАШКА

ЧАШУЛЕ, Коле

ЧАШУЛЕ, Коле (Прилеп, 2. Ⅲ 1921) – раскажувач, романсиер, драмски писател, публицист и дипломат. Средно образование завршил во Битола, потоа студирал медицина во Белград, но по окупацијата на Југославија од страна на германските окупатори, се враќа во родниот град, каде што учествува во подготовката и кревањето на Антифашистичкото востание од 11 октомври 1941 г., а… Continue reading ЧАШУЛЕ, Коле

ЧАШУЛЕ, Слободан

ЧАШУЛЕ, Слободан (Скопје, 27. Ⅸ 1945) – новинар, општественик, политичар и државник. Дипломирал филологија и докторирал на Понтифицискиот католички универзитет во Лима (Перу). Со новинарство почнал во Телевизија Скопје (1965), уредник на Дописништвото на Танјуг за Македонија, потоа дописник од Перу, Бразил и Мексико. Во периодот 1990–1994 г. бил директор и главен и одговорен уредник… Continue reading ЧАШУЛЕ, Слободан

ЧЕВРЕВСКИ, Данчо

ЧЕВРЕВСКИ, Данчо (Скопје, 17. Ⅴ 1951) – актер и продуцент. На филм дебитира во 1975 г. во историскиот спектакл „Атентатот во Сараево“, но најквалитетните остварувања ги постигнува по успешната улога на младиот Стеван во спектаклот „Најдолгиот пат“. Од другите улоги посебно се истакнува интерпретацијата на ликот на младиот музичар во филмот „Хајфај“, кој има сериозни… Continue reading ЧЕВРЕВСКИ, Данчо

ЧЕЈКОВСКА, Вера

ЧЕЈКОВСКА, Вера (Скопје, 16. Ⅹ 1954) – физичар и сеизмолог, доктор на физички науки, поет и есеист. Основно училиште и гимназија завршила во Кавадарци (1973), а потоа дипломирала применета физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје (1979) и магистрирала на студии по физика на внатрешноста на Земјата на Геофизичкиот завод „Андрија Мохозоровиќ“ при Природно-математичкиот факултет на… Continue reading ЧЕЈКОВСКА, Вера

ЧЕЛЕБИ, Исхак

ЧЕЛЕБИ, Исхак (Исхак ќ елеби), (Скопје, 1493 – Дамаск, 1537) – турски поет од средновековната диванска литература. Бил професор на медресите во Скопје, Серез, Едрене, Бурса. Ја завршил највисоката османска медреса Сахн во Истанбул. Бил мудерис-соработник на истата медреса. На многу места бил кадија. Литературниот опус опфаќа: еден диван (собрани касида и газели напишани на… Continue reading ЧЕЛЕБИ, Исхак