ЧАУШЕВ, Боро

ЧАУШЕВ, Боро (Неготино, 6. Ⅺ 1917 – Скопје, 22. Ⅱ 2001) – припадник на работничкото и на комунистичкото движење пред војната, учесник во НОБ, генерал. Член на Спортското друштво „Вардар“ во Неготино (1936– 1939). Член на СКОЈ и на КПЈ (од 1940) и на МК на КПЈ за Неготино (од 1941). Активно вклучен во НОД (1941–1944), првин како борец на НОПО „Добри Даскалов“ и во баталјонот „Страшо Пинџур“, а потоа во Четвртата бригада, во 41., 48. и 50. дивизија, ги извршувал функциите од четен до дивизиски комесар. Делегат на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето ги извршувал функциите: командант на Народната милиција на Македонија, командант на ГШ за НО на СРМ, претседател на СЗБНОВ на Македонија, член на ЦК на КПМ, на Претседателството на ЦК на КПМ, на Советот на Федарацијата, делегат (во повеќе свикувања) на Собранието на СФРЈ и на СРМ. Носител е на Партизанска споменица 1941. ИЗВ.: Извори за ослободителната војна и револуцијата во Македонија 1941–1945, И, кн. трета, Скопје, 1970; Лексикон Народноослободилачког рата и револуције у Југославији 1941–1945, Београд, 1980. Ѓ. Малк. Крсте Чачански