АЏАЛАРСКИ, Васил Стојанов (с. Аџалари, ден. Миладиновци, Скопско, 1880 – Скопје, 14. XI 1909) – скопски војвода на ВМОРО. Како обучен комита (од пролетта 1903), зел учество во Илинденското востание. Подоцна бил скопски војвода и учествувал во повеќе борби со османлиската војска во Скопско и Кумановско (1905). По Младотурската револуција (1908) се легализирал во Скопје,… Continue reading АЏАЛАРСКИ, Васил Стојанов
Category: Енциклопедија
АЏИЕВСКИ, Илија
АЏИЕВСКИ, Илија (Струга, 25. Ⅻ 1926) – скулптор. Бил учесник во НОБ (1942). Автор е на Споменикот на паднатите борци во Струмица (1959), Мавзолејот на паднатите борци во Кратово (1962), Споменикот на братството и револуцијата во Дебар (1989), во Неготино и др. Имал повеќе самостојни изложби: Струга (1965), Битола (1966), Велес (1967), Скопје, (1991, 1994… Continue reading АЏИЕВСКИ, Илија
АЏИЕВСКИ, Коста
АЏИЕВСКИ, Коста (с. Елевци, Дебарско, 28. Ⅹ 1943) – историчар, унив. професор. Завршил историја на Филозофскиот факултет во Скопје (1968), магистрирал (1976) и докторирал (1990) на катедрата за византологија на Филозофскиот факултет во Белград. На Институтот за историја е избиран во сите звања. Предава општа исто-Коста Аџиевски рија на стариот век (1978–1984), општа историја на… Continue reading АЏИЕВСКИ, Коста
АЏИЕВСКИ, Томе
АЏИЕВСКИ, Томе (Струмица, 29. XI 1958) – скулптор. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Загреб (1983). Самостојно и групно ја афирмирал македонската уметност во Берлин, Манчестер, Венеција, Лос Анџелес. Создава апстрактни и фигуративни форми поставени во различни амбиенти. Работи и ангажирани интерактивни проекти (Архитектура на агресијата, 2001). М. Б.-П.
АЏИМИТРЕСКИ, Димче
АЏИМИТРЕСКИ, Димче (Прилеп, 1916 – Скопје, 1994) – правник, национален и комунистички деец, борец и унив. професор. Како гимназијалец во Скопје станал член на СКОЈ (1932), а потоа и на КПЈ (1935) и раководител на МОРО. Бил еден од организаторите на НОАВМ: член на МК на КПЈ во Скопје и ПК на СКОЈ за Македонија… Continue reading АЏИМИТРЕСКИ, Димче
АЏИЌ, Мирјана Љубомирова
АЏИЌ, Мирјана Љубомирова (Ниш, Србија, 13. Ⅵ 1950) – интернист, геронтолог. Медицина завршила во Скопје (1976), а специјализира интерна медицина (1991), ориентирана кон геријатрија и палијативна медицина. Од 1988 г. е директор на Геронтолошкиот завод „13 Ноември” во Скопје. Од 1997 е член на Бордот на Фондацијата Суе Ридер Царе – Лондон. Во 2000 станува… Continue reading АЏИЌ, Мирјана Љубомирова
АШИК Челеби
АШИК Челеби (Призрен, 1518 – Скопје, 1572) – научник, поет и скопски кадија, идентичен со Кади Баба или Гази Баба, чие турбе се наоѓа во Скопје, на истоимениот рид. Бил мутевелија во Бурса, потоа кадија во повеќе места во Империјата, а во Македонија во: Серфиџе, Кратово и Скопје, каде што и починал. Познат е по… Continue reading АШИК Челеби
АШКЕНАЗИ
АШКЕНАЗИ – Евреи од северноевропските земји, чиј говорен јазик јидиш е комбинација од неколку јазици со хебрејско писмо. Помали групи Ашкенази се населувале на Балканскиот Полуостров уште во времето на крстоносните војни. Нивната миграција се засилила под притисок на Католичката црква во втората половина на ⅩⅣ в. Големи ашкенаски општини биле формирани и во Македонија… Continue reading АШКЕНАЗИ
АШОТ
АШОТ – син на дуксот Григориј Таронит и зет на царот Самуил. Додека се наоѓал во заробеништво кај Самуила, во него се вљубила Самуиловата ќерка Мирослава. Таа му се заканила на татка си со самоубиство доколку не $ дозволи да се венчаат. По свадбата Самуил ги испратил во Драч и го поставил Ашота за управник.… Continue reading АШОТ
БАБА
БАБА – висока планина во југозападниот дел на Република Македонија со највисок врв Пелистер (2.601 м). Низ повеќефазните тектонски активности, планината е издигната во типичен хорст, помеѓу Пелагониската Котлина на исток и Преспанската на запад. На север со превалот Ѓавато (1.167 м) и Цапарско Поле морфолошки е одвоена од планината Бигла (1.656 м), а на… Continue reading БАБА
БАБА
БАБА САЧ – средновисока планина која се издига помеѓу Кичевската Котлина на север и карстното Церско Поле на југ. Со највисокиот врв Голем Сач (1.698 м), кој се наоѓа во средишниот – централен дел, се протега во напореднички правец исток – запад. На запад со превалот Турла (1.099 м), е одвоена од планината Бабен (1.220… Continue reading БАБА
БАБА САЧ
БАБА САЧ – средновисока планина која се издига помеѓу Кичевската Котлина на север и карстното Церско Поле на југ. Со највисокиот врв Голем Сач (1.698 м), кој се наоѓа во средишниот – централен дел, се протега во напореднички правец исток – запад. На запад со превалот Турла (1.099 м), е одвоена од планината Бабен (1.220… Continue reading БАБА САЧ
БАБАМОВ, Васил
БАБАМОВ, Васил (Скопје, 1942) – теориски хемичар и уредник на списанието „Цхемицал Абстрацтс”, Цолумбус, Охајо, САД. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и бил асистент (1968). Докторирал на Универзитетот во Урбана, Илиноис, САД, каде што бил асистент и истражувач (од 1971). Соработник на нобеловецот Р. А. Маркус. Бил постдокторант на Калифорнискиот институт за технологија (Цалифорниа… Continue reading БАБАМОВ, Васил
БАБАМОВ, Лазар
БАБАМОВ, Лазар (Кочани, 21. Ⅻ 1906 – Скопје, 10. IX 1976) – агроном, редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Земјоделски факултет завршил во Земун – Бел-град. Потоа работи како околиски земјоделски референт и управник на расадник во Кочани, Велес и во Гевгелија (1933–1938). По Ослободувањето станува директор и шеф на… Continue reading БАБАМОВ, Лазар
БАБАМОВ, Неофит
БАБАМОВ, Неофит (Офе) (Кочани, 2. Ⅱ 1909 – Кочани, 19. Ⅲ 1994) – синдикален и комунистички деец, борец. Како член на СКОЈ (од 1929) и на КПЈ (од 1938), бил интерниран во логорите Ивањица и потоа во „Танаско Раиќ” во Крагуевац (5. Ⅴ 1940 – 6. Ⅳ 1941). Како раководител на Месниот воен штаб во… Continue reading БАБАМОВ, Неофит
БАБАМОВ, Петар
БАБАМОВ, Петар (Скопје, 13. Ⅵ 1937) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1982 до пензионирањето во 2002) по предметите Технологија на бетонот и Бетонски и армиранобетонски конструкции. Магистрирал во ИЗИИС (1968), бил на студиски престој во САД (1974). Главно е ориентиран кон експериментални истражувања, бил консултант при изградбата на повеќе… Continue reading БАБАМОВ, Петар
БАБИНКОСТОВ, Вангел Ристов
БАБИНКОСТОВ, Вангел Ристов (с. Герман, Леринско, Грција, 5.Ⅶ 1938) – математичар. Дипломирал (1962) во Самарканд, Узбекистан. Ред. проф. на ПМФ од 1998 (асистент од 1967). Магистрирал (1974) на ПМФ во Бел-град, а докторирал (1992) на ПМФ во Скопје со темата Прилог кон нумеричкото решавање на диференцијалните равенки и објавил научни трудови од таа об-ласт. Н.… Continue reading БАБИНКОСТОВ, Вангел Ристов
БАБИТЕ
БАБИТЕ – в. „Свети Покров на Богородица.” Анто Бабиќ
БАБИЌ-ЃОРЃЕВИЌ, Гордана
БАБИЌ-ЃОРЃЕВИЌ, Гордана (Валево, Србија, 22. Ⅱ 1932 – Бел-град, 25. Ⅻ 1993) – историчар на уметноста, академик. Коавтор на книгата Иконе, каде што ги обработува средновековните икони од Македонија. БИБ.: Иконе на иконостасима у српској уметности, ЗЛУ, 11, Нови Сад. Цв. Гр.
БАБИЌ, Анто
БАБИЌ, Анто (с. Граховац, кај Травник, 3. Ⅰ 1899 – Сараево, 12. Ⅰ 1974) – историчар, редовен член на АНУБИХ и член на МАНУ надвор од работниот состав (од 4. Ⅴ 1972). Завршил Филозофски факултет во Загреб (1923), а потоа бил гимназиски професор во Сараево. Како учесник во НОБ, бил член на Претседателството на ЗАВНОБИХ… Continue reading БАБИЌ, Анто
БАБЈАК, ЖЛЕЗДЕСТОЦВЕТЕН
БАБЈАК, ЖЛЕЗДЕСТОЦВЕТЕН (лопен) (Вербасцум аденантум Борнм.) – локален македонски флористички ендемит од фам. Сцропхулариацеае, познат само за околината на Прилеп – Маркови Кули, Трескавец, Селечка Планина и Мариово. Вл. М. Лесновски бабјак (лопен)
БАБЈАК, ХЕРЦОГОВ
БАБЈАК, ХЕРЦОГОВ . (ЛОПЕН) (Вербасцум херзоги Борнм.) – локален македонски флористички ендемит од фамилијата Сцропхулариацеае. Се развива во клисурата на Црна Река низ Мариово и во пошироката околина на Прилеп (Плетвар, Козјак и Сивец). Вл. М.
БАБЛИКА
БАБЛИКА . (вид Сорбус ариа Л., фам. Росацеае) – вид во европскиот ареал, кој во РМ има општа распространетост во високите делови на планините. Мало дрво до 15 м или грмушка со прости, елипсовидни листови, густо, бело до сиво влакнести од долната страна. Цветовите се бели, собра-Баблика плодовите топчести (до 2 цм во дијаметар), жолто-црвеникави,… Continue reading БАБЛИКА
БАБУНА
БАБУНА – река, десна притока на Вардар. Извира на источната страна од планината Јакупица, под врвот Солунска Глава (2.540 м), од силен карстен извор, кој се наоѓа под Нежловските Карпи, на височина од 1.720 м, а се слева во Вардар во Велешката Клисура, на височина од 155 м. Во изворишниот дел најпрво тече во правец… Continue reading БАБУНА