АЏИЌ, Мирјана Љубомирова

АЏИЌ, Мирјана Љубомирова (Ниш, Србија, 13. Ⅵ 1950) – интернист, геронтолог. Медицина завршила во Скопје (1976), а специјализира интерна медицина (1991), ориентирана кон геријатрија и палијативна медицина. Од 1988 г. е директор на Геронтолошкиот завод „13 Ноември” во Скопје. Од 1997 е член на Бордот на Фондацијата Суе Ридер Царе – Лондон. Во 2000 станува примариус. Објавила над 50 трудови. Сл. М. П.