АШКЕНАЗИ

АШКЕНАЗИ – Евреи од северноевропските земји, чиј говорен јазик јидиш е комбинација од неколку јазици со хебрејско писмо. Помали групи Ашкенази се населувале на Балканскиот Полуостров уште во времето на крстоносните војни. Нивната миграција се засилила под притисок на Католичката црква во втората половина на ⅩⅣ в. Големи ашкенаски општини биле формирани и во Македонија – во Солун (општината Будин) и во Серез. Ј. Нам. Антон Ашкерц АШКЕРЦ, Антон (1856 – 1912) – истакнат словенечки поет. Во своето богато литературно дело опфаќа мотиви и од борбата на јужнословенските народи. Објавил трудови од областа на поезијата, драмата, патописот. Преведуван е на македонски од Бистрица Миркуловска и Гане Тодоровски. Во јануари 1904 г. ја објавил песната „Македонскиот востаник” во сп. „Лјублјански звон”. Восхитен од Илинденското востание поетот опишува еден детаљ од македонската епика. Позната му е и песната „Надежда Гарева – македонска драма”. Г. Т.