БАБУНА

БАБУНА – средновисока планина што се наоѓа во средишниот дел на Република Македонија , а се издига помеѓу долината на реката Бабуна и Прилепско Поле. Во средишниот дел е позната кани во штитовидни соцветија, а Планината Бабуна ко Мукос Планина со највисок врв Лута (1.499 м). Највисок врв е Козјак (1.746 м). На запад БабунаContinue reading БАБУНА

БАБУНА ПЛАНИНА

БАБУНА – средновисока планина што се наоѓа во средишниот дел на Република Македонија , а се издига помеѓу долината на реката Бабуна и Прилепско Поле. Во средишниот дел е позната кани во штитовидни соцветија, а Планината Бабуна ко Мукос Планина со највисок врв Лута (1.499 м). Највисок врв е Козјак (1.746 м). На запад БабунаContinue reading БАБУНА ПЛАНИНА

БАБУНА РЕКА

БАБУНА – река, десна притока на Вардар. Извира на источната страна од планината Јакупица, под врвот Солунска Глава (2.540 м), од силен карстен извор, кој се наоѓа под Нежловските Карпи, на височина од 1.720 м, а се слева во Вардар во Велешката Клисура, на височина од 155 м. Во изворишниот дел најпрво тече во правец… Continue reading БАБУНА РЕКА

БАБУНСКА, Вера Ѓошева

БАБУНСКА, Вера Ѓошева (Велес, 21. Ⅲ 1920 – Скопје, 2. XI 1999) – револуционер, учесник во работничкото и женското движење во Велес (од 1935) и член на КПЈ (од 1940). По окупацијата работела со жените од Велес за нивно вклучување во НОД. Во 1942 г. била два пати затворана, а потоа во декември интернирана во… Continue reading БАБУНСКА, Вера Ѓошева

БАГЕРИ, Јован Јосиф

БАГЕРИ, Јован Јосиф (Јован Јосиф Багери) (с. Нистрово, Горна Река, Гостиварско, 1870 – Приштина, 1916) – еден од најистакнатите албански културни дејци од почетокот на ⅩⅩ век. Го уредувал списанието „Схљѕпја е схљѕпнис“ во Софија. Во почетокот на ⅩⅩ век активно учествувал во просветувањето на албанското население во реканскиот регион и пошироко. Како културен и… Continue reading БАГЕРИ, Јован Јосиф

БАГЕСКИ, Никола

БАГЕСКИ, Никола (Прилеп, 15. XI 1924) – епидемиолог. Медицина завршил во Белград (1956), специјализирал епидемиологија (1967) и спортска медицина (1974) во Скопје. Бил началник на Хигиенско–епидемиолошката служба во Прилеп, директор на Заводот за здравствена заштита, управник на ДНЗ и директор на Медицинскиот центар во Прилеп. Звањето примариус го добил во 1979 г. Бил учесник во… Continue reading БАГЕСКИ, Никола

БАГРЕМ

БАГРЕМ .(вид Робиниа псеудоацациа Л., фам. Легуминосае) – еден од првите странски видови (Северна Америка), внесен уште од ⅩⅠⅩ век во Македонија. Дрво до 30 м високо, со топчеста или со овална круна. Листовите сложени непарно перести, со сочнозелени, елипсовидни, прости ливчиња (9–21). При основата на лисната дршка има два, остри, одрвенети трна. Цветовите се… Continue reading БАГРЕМ

БАДЕВ, Атанас

БАДЕВ, Атанас (Прилеп, 14. Ⅰ 1860 – ќустендил, 21. IX 1908) – композитор и музички педагог. Основно училиште завршува во родниот град. школувањето го продложува во Солун, потоа во Бугарија, каде што матурира со одличен успех во Ⅰ.машка гимназија во Софија. Во летниот одмор (1879) формира црковно-училиштен хор во родниот град. По желба на семејството,… Continue reading БАДЕВ, Атанас

БАДЕВ, Илија

БАДЕВ, Илија (Кавадарци 17. Ⅶ 1923 – Скопје, 10. Ⅲ 1997) – припадник на првата генерација македонски новинари. Во 1945 г. дописник на агенцијата Танјуг. Во наредната година преминува во „Нова Македонија” а од 1950 до пензионирањето во 1985 г. во Радио Скопје и Македонската телевизија, како репортер и коментатор. Носител на Партизанска споменица 1941.… Continue reading БАДЕВ, Илија

БАДЕВ, Јордан

БАДЕВ, Јордан (Битола, 1888 – Софија, 1944) – бугарски литературен критичар, пројавен како екстремен портпарол на десницата во редовите на бројната македонска емиграција во Бугарија, врзан за милитантното крило на Тодор Александров и Иван Михаилов. Во текот на Втората светска војна отворено се става на страната на фашистичките кругови во Бугарија. Жестоко го напаѓа Венко… Continue reading БАДЕВ, Јордан

БАДЕВ, Никола

БАДЕВ, Никола (с. Глишиќ, Кавадаречко, 8. Ⅷ 1918 – Скопје, 25. IX 1976) – интерпретатор на македонски народни песни. По освојувањето на првото место на фолклорниот фестивал во Скопје (1948), забележан од етномузикологот Васил Хаџиманов, наскоро започнал и професионална кариера како пејач и инструменталист на тамбура (1950). Бил член на Народниот оркестар на Радио Скопје,… Continue reading БАДЕВ, Никола

БАДЕМ

БАДЕМ . (МИГДАЛ) (род Амѕгдалус Л., фам. Росацеае) – родот опфаќа околу 40 вида, распространети во Европа, Азија, Африка и во Северна Америка. Тоа се лис-Бадем (Амѕгдалус Л.) топадни дрвја или грмушки, со тесни елипсовидни листови, бели, розови или црвени, петтоделни цветови, а плодовите се сплескани коскички. Во РМ, спонтано или супспонтано, се застапени три… Continue reading БАДЕМ

БАДЕНТЕР, Робер

БАДЕНТЕР, Робер (Роберт Бадинтер) (Париз, 30. Ⅲ 1928) – француски адвокат и политичар. Завршил студии по литература и право во Париз. Магистрирал на Универзитетот Колумбија (САД, 1949). Докторирал компаративно право во Париз (1951). Бил адвокат во Апелациониот суд во Париз (1951–1981), министер за правда на Франција (1981–1986) и претседател на Уставниот совет на Франција (1986–1995).… Continue reading БАДЕНТЕР, Робер

БАДЕРСКА КЛИСУРА

БАДЕРСКА КЛИСУРА – епигенетска клисура во долниот тек на Бадерската клисура реката Пчиња. Се протега помеѓу с. Бадер во Скопската Котлина до вливот на реката Пчиња во Вардар во должина од 9,5 км. Таа е всечена во палеозојски шкрилци помеѓу ридовите Каменица (479 м) и Ветерски Рид (508 м), на исток и Мрамор (418 м)… Continue reading БАДЕРСКА КЛИСУРА

БАДИВУКУ, Сихана Хусеин

БАДИВУКУ, Сихана Хусеин (Сихана Хусеин Бадивуку) (Приштина, 4. Ⅷ 1967) – виолинистка, унив. професор. Основно и средно образование завршила во Приштина, а потоа дипломирала на Конзерваториумот „Петар Илич Чајковски” во Москва. Постдипломски студии завршила во класата на проф. Е. Чугајева. Професор по виолина на Факултетот за музичка уметност во Приштина, концерт-мајстор на Гудачкиот оркестар на… Continue reading БАДИВУКУ, Сихана Хусеин

БАДНИК

БАДНИК – ден спроти големиот празник Рождество Христово – Божик. Особено богати обичаи се изведуваат вечерта спроти Божик, кога се извршуваат последните подготовки за празникот. За него е карактеристична богатата трпеза со исклучиво посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и сл. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така… Continue reading БАДНИК

БАЕЊА

БАЕЊА – вид архаичен остаток од ромската магија што Ромите ја наследиле, според верувањето, од Индија. И денес се бае за да оздрави детето, против уроци, демони, епилепсија, вртоглавица и сл. Тр. П. Георги Баждаров

БАЖДАРОВ, Георги

БАЖДАРОВ, Георги (с. Горно Броди, Серско, Егејскиот дел на Македонија, 8. Ⅱ 1881 – Варна, 19. IX 1919) – новинар, публицист, историчар, револуционер и општественик. Завршил историја на Софискиот универзитет. Уште како ученик во Битолската гимназија влегол во редовите на ТМОРО. Како секретар на четата на Илија Крчовалијата (1901– 1903) учествувал во Илинденското востание. По… Continue reading БАЖДАРОВ, Георги

БАЗАЛТ

БАЗАЛТ – изливна, вулканска карпа од групата на габровите и базалтите, односно од групата на базичните магматски карпи. Се одликува со холокристалестопорфирска до витрофирско-порфирска структура и со масивна, флуидална до мандолесто-меуреста текстура. Базалтот обично се појавува во вид на сливови на лави или поголеми плочи, при што лачењето е најчесто столпчесто. Кај базалтите кои се… Continue reading БАЗАЛТ

БАЗЕРКОВСКИ-ЛАНСКИ, Стефан

БАЗЕРКОВСКИ-ЛАНСКИ, Стефан (Прилеп, 1921 – Прилепец, Прилепско, 20. Ⅻ 1942) – радиомеханичар и комунистички деец. Како член на СКОЈ (1940) и на КПЈ (1941), бил еден од организаторите на НОАВМ во Прилеп и Прилепско, борец во Прилепската партизанска чета (септемвриоктомври 1941) и во Првиот прилепски НОПО „Гоце Делчев“ (октомври–декември 1941), а по расформирањето на одредот… Continue reading БАЗЕРКОВСКИ-ЛАНСКИ, Стефан

БАЗИЛИКА ДЕ

БАЗИЛИКА ДЕ (Хераклеја Линкестис) – источно од градските бедеми натслоена од средновековна некропола. Во периодот 1980–1986 при ископувањето на трикорабната, гробишна Базилика Де – еџтра мурос, градена во времето на Јустинијан И, е откриена некрополата што егзистирала до крајот на Ⅵ век, за потоа во времето од крајот на Ⅹ-XI в. да се лоцира средновековна… Continue reading БАЗИЛИКА ДЕ

БАЗИЛИКА, ПАЛАТА НА ПРАВДАТА

БАЗИЛИКА, ПАЛАТА НА ПРАВДАТА – базилика од почетокот на Ⅳ в. н.е. идентификувана како јавна градба – судница, откриена во Скупи. Се наоѓа во западниот дел од градот, со влезот ориентирана кон главната град-ска улица. Објектот (27,5 х 21,70 м) се состои од две простории: широка централна сала и обиколен коридор во облик на издолжена… Continue reading БАЗИЛИКА, ПАЛАТА НА ПРАВДАТА

БАЗИЛИКИ, РАНОХРИСТИЈАНСКИ

БАЗИЛИКИ, РАНОХРИСТИЈАНСКИ – епископски, катедрални базилики (регистрирани околу 300) откриени во Скупи, Стоби, Лихнид, Хераклеја итн. Во Стоби се откриени 4 интра мурос и 4 еџстра мурос базилики. Најстара е Старата епископска базилика ( Ⅳ в. н.е.). Во Североисточна Македонија (Средоземна Дакија) кај две еџтра мурос базилики (Бегов Даб и Керамидница); во Виничко Кале (Виница)… Continue reading БАЗИЛИКИ, РАНОХРИСТИЈАНСКИ

БАЗНА ОРГАНСКА И НЕОРГАНСКА ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА ВО РМ

БАЗНА ОРГАНСКА И НЕОРГАНСКА ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА ВО РМ – индустрија за производство на суровини за хемиската индустрија, од кои натаму се добиваат полупроизводи и на крај финални производи. На пример, со електролиза на готварска сол (НаЦл) се добиваат базните хемикалии хлор и натриумхидроксид. Со нив се произведуваат полупроизводи, како хартија, пластични маси и друго, а… Continue reading БАЗНА ОРГАНСКА И НЕОРГАНСКА ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА ВО РМ