БАЈАЗИД Ⅱ

БАЈАЗИД Ⅱ (Диметока, 1447 / 1448 / 1452/1453 – 26. Ⅴ 1512) – османлиски султан. Владеел со Македонија 30 години (5. Ⅴ 1481 – 25. Ⅳ 1512). Се посветил на внатрешното уредување на државата. Бил соборен од јаничарите (1512), а на власт дошол неговиот син Селим Ⅰ.Јавуз („Свирепиот”), кој го отрул. ЛИТ.: Х. Ј. Корнрумпф,… Continue reading БАЈАЗИД Ⅱ

БАЈАЗИД И

БАЈАЗИД И (Одрин, 1354/1360 – Ахшехир 8. Ⅲ 1403) – четврти османлиски султан, познат како „Илдирим” („Молња”). Владеел со Македонија 13 години (28. Ⅵ 1389 – 28. Ⅶ 1402). Во негово време биле освоени Солун (април 1394, вторпат), Кратово (1390), Воден, Скопје (кр. на 1391 или поч. на 1392 г.), Серфиџе (1393) и други помали… Continue reading БАЈАЗИД И

БАЈАЛСКИ, Ристо

БАЈАЛСКИ, Ристо (Солун, 27. IX 1916 – Скопје, 2. Ⅲ 1999) – национален комунистички деец и политичар. Како член на СКОЈ (1935) и на КПЈ (1936), бил секретар на МК на КПЈ (1936) и на Окружниот комитет на КПЈ во Гевгелија (1942 – почетокот на 1943). Во НОВ и ПОМ бил политички комесар на Гевгелискиот… Continue reading БАЈАЛСКИ, Ристо

БАЈАЛСКИ, Ристо

БАЈАЛСКИ, Ристо (Стојаково, Гевгелиско, 1926 – Москва, 20. XI 1998) – новинар кој целосна афирмација постигнал пишувајќи долги години за „Борба” и „Политика”, неделникот НИН и Југословенската телевизија. Почнал во скопските спортски весници „Фискултурен глас”, „Спортски глас” и „Спорт” (1947-1951). Во „Нова Македонија” бил соработник во Внатрешнополитичката рубрика (1952) и дописник од Белград, известувал и… Continue reading БАЈАЛСКИ, Ристо

БАЈАЛЏИЕВ, Димитар

БАЈАЛЏИЕВ, Димитар (с. Лагунци, Егејскиот дел на Македонија, 1944) – универзитетски професор, правник. Основно образование и гимназија завршил во Гевгелија. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1968), каде што магистрирал (1977) и докторирал, бранејќи ја темата „Моралната основа на категоријата право“ (1985). Избран за асистент по предметот Теорија на државата и правото (1965), а потоа… Continue reading БАЈАЛЏИЕВ, Димитар

БАЈРАКТАРИ, Мехди

БАЈРАКТАРИ, Мехди (Гостивар, 7. Ⅰ 1936 – Скопје, 26. Ⅴ 1995) – актер во Албанската драма на Театарот на народностите во Скопје од 1954 г. Типичен карактерен актер со широк изразен дијапазон, со убава дикција и сценска појава. Со забележителен успех играше и во проекти на Турската драма. Поединечно гостувал на Фестивалот класика на југословенската… Continue reading БАЈРАКТАРИ, Мехди

БАЈРАКТАРОВА-ЃОРЧУЛОВСКА, Надежда Христова

БАЈРАКТАРОВА-ЃОРЧУЛОВСКА, Надежда Христова (Прилеп, 12. Ⅻ 1936) – специјалистортодонт, редовен професор на Ст. ф. Средно образование завршила во Струмица, Ст. ф. во Бел-град. Специјалист по ортодонција (1970), хабилитирала (1977) и докторирала (1986). Престојувала во Финска и во Норвешка. Публикувала 82 статии. Научниот интерес $ е фокусиран кон растот и развојот на структурите на краниофацијалниот комплекс.… Continue reading БАЈРАКТАРОВА-ЃОРЧУЛОВСКА, Надежда Христова

БАЈРАКТАРОВА, Бона Лазарова

БАЈРАКТАРОВА, Бона Лазарова (с. Ново Село, Струмичко, 25. IX 1946) – специјалист по детска и превентивна стоматологија, редовен професор на Ст. ф. Докторирала во 1988 г. Публикувала 70 стручно-научни трудови. Автор е на прирачникот „Млечни и трајни заби” и на учебникот „Трајна дентиција – дентална ембриологија и хистоморфологија”. Е. М.

БАЈРАМ, Амди

БАЈРАМ, Амди (Скопје, 30. Ⅷ 1956) – бизнисмен и политичар. Сопственик на конфекцијата „шутекс”. Еден од основачите и претседател е на ПЦЕР и основач и претседател на партијата Сојуз на Ромите од Македонија (од 1996). Пратеник во три мандати во Собранието на РМ (1996–2002 и од 2008). Р. Газанфер Бајрам

БАЈРАМ, Газанфер

БАЈРАМ, Газанфер (Газанфер Баѕрам) (Скопје, 17. Ⅲ 1943) – академски сликар, мозаичар и професор од турската националност во РМ. Завршил постдипломски студии на Отсекот за монументално сликарство на Академијата за ликовна уметност во Белград. Специјализирал фреско-сликарство и мозаик. Две години работел на Отсекот за мозаик на Академијата за убави уметности во Равена. Мозаиците се изложени… Continue reading БАЈРАМ, Газанфер

БАЈРАМ, Есад

БАЈРАМ, Есад (Есад Баѕрам) (Охрид, 1934) – поет, раскажувач, преведувач од турската националност во РМ. Бил општествено-политички работник, директор во основно училиште, дописник и новинар во в. „Бирлик” во Скопје. Пишува на турски и на македонски јазик. Член е на ДПМ од 1987 г. конгрес на Народната федеративна партија (Солун, 1909) и еден од основачите… Continue reading БАЈРАМ, Есад

БАЈРАМ, Ферид Ф

БАЈРАМ, Ферид Ф. (Скопје, 1. Ⅲ 1880 – Скопје, 23. Ⅱ 1965) – просветен деец, општественик и новинар; по националност Турчин. Завршил турска гимназија во Скопје, а потоа бил учител во турското основно училиште во Велес (2. Ⅷ 1902 – 1907), каде што воспоставил врски со македонските социјалисти Илија и Лазар Плавев. Извесно време бил… Continue reading БАЈРАМ, Ферид Ф

БАК, Розина

БАК, Розина (Ружа) Јоха (шид, Србија, 7. Ⅲ 1923 – Скопје, 7. Ⅲ 1994) – комунистички деец, новинар и општественик. Била член на Литературното друштво „Јефимија“, на Црвениот крст и на Скаутската организација, а поради членството во СКОЈ (1939) била исклучена од Женската гимназија во Скопје (кон крајот на 1940). Тогаш станала член на КПЈ… Continue reading БАК, Розина

БАКАЛОВ, Георги Иванов

БАКАЛОВ, Георги Иванов (Стара Загора, Бугарија, 1873 – Москва, СССР, 1939) – припадник на бугарското социјалдемократско и комунистичко движење. Истакнат независен публицист, исклучуван од БКП. Го поддржувал и го помагал македонското ослободително дело, со девизата: „Македонија на Македонците“. Во анкетата на „Балканска федерација“ (1925) за решавање на македонското прашање ја осудил поделбата на Македонија и… Continue reading БАКАЛОВ, Георги Иванов

БАКАЛОВСКА, Марија

БАКАЛОВСКА, Марија (Охрид, 1928) – универзитетски професор и стопанственик. Дипломирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград (1954). Работела во „Југохром” – Јегуновце. Специјализации и студиски престои во Белгија, швајцарија, Полска, Бугарија и во В. Британија. Била раководител на лабораторија, контрола и на службата за развој во „Тетекс” – Тетово (од 1956). Работела на Технолошко-металуршкиот факултет во… Continue reading БАКАЛОВСКА, Марија

БАКАРНО ВРЕМЕ

БАКАРНО ВРЕМЕ . ( енеолит лат. цупрум – бакар, грч. λиθος ‡?камен) – културно-историски период што ја означува појавата и обработката на првиот метал, бакарот (→ ИВ–Ⅲ милениум пр. н.е.). Доста долго траел, така што неговата еволуција се одвивала во три фази, обележани како ран, среден и доцен енеолит. Почетоците му се совпаѓаат со времето… Continue reading БАКАРНО ВРЕМЕ

БАКАРНО ГУМНО

БАКАРНО ГУМНО .(с. Чепигово) – праисториска населба, на околу 500 м ј-з од селото. Претставува доминантна височинка на која, со ископувањата во 1959 г. од Народниот музеј во Прилеп, биле констатирани траги од четвртести надземни куќи од дрво и кал, фрагменти од керамички садови, култна пластика и орудија од камен и од коска, од крајот… Continue reading БАКАРНО ГУМНО

БАКЕВСКИ, Петре

БАКЕВСКИ, Петре (Кавадарци, 5. Ⅰ 1947) – поет, романсиер, раскажувач, публицист, театарски критичар. Работел како новинар, театарски критичар и уредник. Бил уредник на Културната рубрика на весникот „Вечер” и директор и главен уредник на Книгоиздателството „Детска радост” при НИП „Нова Македонија”. Уредник во весникот „Македонија денес”. Член на ДПМ (1974). Бил претседател на Советот на… Continue reading БАКЕВСКИ, Петре

БАКУЛЕВСКИ, Никола

БАКУЛЕВСКИ, Никола (Битола, 27. XI 1928 – Скопје, 2002) – правник, општественик и државник. Основно училиште завршува во Битола, а гимназија во Скопје. Виша управна школа завршува во Земун, а дипломира на Правниот факултет во Белград. Се вработува во СВР Скопје, потоа во Републичкиот секретаријат за внатрешни работи како помошник на правниот советник, а потоа… Continue reading БАКУЛЕВСКИ, Никола

БАКУЛЕВСКИ, Никола

БАКУЛЕВСКИ, Никола (Битола, 26. Ⅴ 1939) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола. Дипломирал на Архитектонскоградежниот факултет во Скопје (1963). Магистрирал на Архитектонскиот факултет во Загреб (1981), во областа на урбанизмот и просторното планирање и хабилитирал во областа на просторното планирање. Предавал урбанизам, просторно планирање и нацртна геометрија. Бил претседател на Комисијата за настава… Continue reading БАКУЛЕВСКИ, Никола