СУРМЕЈАН, Хазарос (Скопје, 21. Ⅳ 1943) – балетски играч. Балетското образование го завршува во Балетското училиште во Скопје, во класата на А. Доброхотов. Член е на Балетскиот ансамбл при МНТ (1958-1961). Играч со сигурна балетска техника и со чувство на танцова поддршка и партнерство. Солист на балетите во Келн и во Минхен (1961-1965), а од… Continue reading СУРМЕЈАН, Хазарос
Category: Енциклопедија
СУРОВА
СУРОВА (СУРВА) – именување на Новата година според стариот календар. Името доаѓа од суровењето, удирањето на луѓето и стоката (особено болните и изнемоштените) со сурови прачки, со верување дека ќе иницираат здравје и среќа. И во песните се пее: „Сурова, сурова година…“ Обичаите ги изведуваат одделно децата, одделно возрасните. Децата палат оган на сретселото, потоа… Continue reading СУРОВА
СУРЏЕЛ
СУРЏЕЛ (Јасминум фрутицанс Л., фам. Олеацеае) – полузимзелена грмушка од источниот Медитеран и од Западна Азија. Леторастите се зелени, листовите сложени, ситни, триделни. Цветовите се жолти, собрани по 2-5 на куси, странични гранчиња. Плодот е цр-Сурџел на, сува бобинка. Елемент на псевдомакијата и шибјаците во Повардарието. Ал. Анд.
СУШЕЊЕ НА ДРВОТО
СУШЕЊЕ НА ДРВОТО – систем од методи и техники за отстранување на непотребната вода (влага) од дрвото. Намалувањето на водата во дрвото се изведува со сушење. За сушење на масивното дрво се користат следниве начини: сушење без доведување топлина и сушење со доведување топлина (вештачко-термичко сушење). Во првата група влегуваат: природното (атмосферско), механичкото и биолошкото… Continue reading СУШЕЊЕ НА ДРВОТО
СУШЕЊЕ ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
СУШЕЊЕ ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК. Во минатото Малешевијата и Пијанец тежеа од сливи. Се одгледуваше малешевската сина слива, која е најквалитетна за сушење и за други преработки. Сливите се сушеа во примитивни сушници со дрва, наречени фурни. Со товарен добиток се продаваше во Солун и на други пазари. штитестата вошка и шарката наполно ја уништија оваа… Continue reading СУШЕЊЕ ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
СУШЕЦ, Ѓуро М
СУШЕЦ, Ѓуро М. (Загреб, Хр-СЦЕНОГРАФИЈА – уметничка време на малешевската слива. Во ватска, 21. Ⅵ 1914 – Загреб, дисциплина за создавање амбиен-РМ се сушат по 200–300 т овошје и 1976) – спец. ортопед, редовен ти наменети за претстави. Сцешумски плодови, во класични проф. на Мед. ф. во Скопје. нографијата подразбира употресушници на течно гориво. Пос-Дипломирал… Continue reading СУШЕЦ, Ѓуро М
ТАВИТИЈАН, Гарабет
ТАВИТИЈАН, Гарабет (Скопје, 26. Ⅳ 1953) – перкусионист, еден од оформувачите на групата „Леб и сол“ (1976). Во 1990 г. ја основал и групата „Парамециум“. Се занимавал и со творештво, создавајќи и музика за театарски претстави („Диво месо“, „Дупло дно“ и др.) и филмска музика („шмеќер“; „Ослободување на Скопје“). Има обемна дискографија со „Леб и… Continue reading ТАВИТИЈАН, Гарабет
ТАЕН МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКИ КРУЖОК
ТАЕН МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКИ КРУЖОК (ТМОК)(С.-Петербург, 1900–1906) – тајна револуционерна и добротворна асоцијација на македонските студенти во С.-Петербург, филијала на ТМОРО во Русија. Иницијатор и прв претседател е студентот на Духовната академија Иван Сапунаров (од Костурско). На првиот состанок на ТМОК (12. Ⅺ 1900) во Протоколната книга е запишано:„Нашиот кружок има цел да го помага материјално македонското… Continue reading ТАЕН МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКИ КРУЖОК
ТАЖАЧКИ ПЕСНИ
ТАЖАЧКИ ПЕСНИ – лирски обредни песни со епски елементи, составен дел на култот кон покојниците. Создавани се главно од жени, како неразделен дел од погребниот ритуал. Некогаш ги исполнуваат интерпретаторки што не се во роднински врски со покојниот, а има случаи и на професионални тажачки. Во нив се регистрирани многу настани од минатото, од насилства… Continue reading ТАЖАЧКИ ПЕСНИ
ТАИПИ, Таип
ТАИПИ, Таип (с. Асамати, Ресенско, 26. Ⅹ 1924 – Белград, 19. Ⅹ 2001) – политички деец. Завршил правен факултет. Бил учесник во НОБ (од 1941) како заднински соработник, а потоа како борец во Битолскопреспанскиот НОП одред (од јули 1943), во Првата, а потоа во Третата македонска НОУ бригада. По Ослободувањето бил на разни раководни должности… Continue reading ТАИПИ, Таип
ТАИРИ, Џемаил
ТАИРИ, Џемаил (Струга, 1924 – Струга, 1990) – работник и политички деец. Како учесник во НОБ (од 1943) бил политички комесар на чета и заменик политички комесар на баталјон, демобилизиран како резервен капетан на ЈНА. По Ослободувањето работел, главно, како професионален политички работник и меѓу другото, бил секретар на Општинскиот комитет на СКМ во Струга,… Continue reading ТАИРИ, Џемаил
ТАЈАНЕ
ТАЈАНЕ – календарски обичај поврзан со празникот Раѓање на свети Јован Крстител – Иванден (7. Ⅶ/24. Ⅵ). Најдолго се задржал во Прилепско, Битолско и Крушевско. Вечерта спроти Иван-ден групи момчиња и девојки собирале билки, со кои закитувале едно ѓумче и го полнеле со вода од три чешми. Едно го носело ѓумчето на главата и него… Continue reading ТАЈАНЕ
ТАЈВАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
ТАЈВАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Се воспоставуваат по потпишувањето на документот за воспоставување дипломатски односи во Тајпеј од страна на министерот за надворешни работи на Република МакедонијаАлександар Димитров (27. И 1999) и Одлуката на Владата на Република Македонија(8. Ⅱ 1999) за воспоставување дипломатски односи со Р Кина–Тајван. На 29. И 1999 г., претседателот на Република МакедонијаКиро… Continue reading ТАЈВАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
ТАЈМИШТЕ
ТАЈМИШТЕ – рудник на Фе руда, кој се наоѓа на источните падини на планината Бистра. Тој е карактеристичен претставник на вулканогено-седиментни наоѓалишта на железо. Локализиран е во вулканогено-седиментна средина изградена од различни видови карпи, при што рудната минерализација е ограничена на продуктивниот хоризонт со дебелина од повеќе десетици метри. Моќноста на рудните слоеви е од… Continue reading ТАЈМИШТЕ
ТАЈНА ОСЛОБОДИТЕЛНА МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА
ТАЈНА ОСЛОБОДИТЕЛНА МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА (ТОМО) – македонска национална и политичка организација во Егејскиот дел на Македонија, основана во Воден на 20. И 1945 г. Организацијата била раководена од 7-члено раководство на чело со Вангел Ајановски-Оче. На 28. Ⅳ 1945 г. ТОМО влегла во составот на Македонскиот народноослободителен фронт (НОФ). ЛИТ.: В. Ајановски-Оче, Егејски бури, Скопје,… Continue reading ТАЈНА ОСЛОБОДИТЕЛНА МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА
ТАКИ, Хамид
ТАКИ, Хамид (с. Ваксинце, Кумановско, 8. Ⅴ 1924) – политички деец. Бил учесник во НОБ (од 1941), член на КПМ (од 1943), заменик политички комесар и политички комесар на баталјон на НОВ и ПОМ. По Ослободувањето бил на разни раководни должности во ЈНА (до 1948), ја завршил Вишата политичка школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Белград и… Continue reading ТАКИ, Хамид
ТАКОВСКИ, Јован
ТАКОВСКИ, Јован (с. Умлена, Берово, 18. Ⅲ 1942) – теолог, свештеник, професор, преведувач. Завршил богословија во Приштина, Богословски факултет во Белград (1967), Филолошки факултет во Скопје (1980), а постдипломски студии во Париз. Докторирал како прв доктор по теолошки науки на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Работел во Богословијата и на Богословскиот факултет во… Continue reading ТАКОВСКИ, Јован
ТАЛАГАНОВ, Коста
ТАЛАГАНОВ, Коста (Скопје, 4. И 1939) – градежен инженер, редовен професор од областа на сеизмологијата. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје. Во ИЗИИС завршил постдипломски и докторски студии и работел како раководител на отсек, заменик-директор и директор (1976– 2004). Бил член на Агенцијата за евалуација на високото образование на РМ; директор на Меѓународниот курс за… Continue reading ТАЛАГАНОВ, Коста
ТАЛЕВСКИ, Владимир
ТАЛЕВСКИ, Владимир (Кичево, 7. Ⅲ 1959) – актер и режисер. Дипломирал актерска игра на ФДУ во Скопје (1983). Од 1983 г. е член на Народниот театар во Битола, потоа градоначалник од ВМРО ДПМНЕ. УЛОГ: Силјан („Црна дупка“), Хамлет (во истоименото дело), Мајсторот („Мајсторот и Маргарита“), Ангеле („Отепувачка“) и др. Владимир Талевски РЕЖИИ: „Малограѓанска свадба“, „Операција… Continue reading ТАЛЕВСКИ, Владимир
ТАЛЕСКИ, Благоја Петров
ТАЛЕСКИ, Благоја Петров (псевд. Иван) (Прилеп, 17. И 1924 – Скопје 26. Ⅲ 2001) – припадник на работничкото и на ослободителното движење, политичар и државник. Бил член на КПЈ (од 1940) и учесник и организатор на партизанските одреди во НОБ, член на МК на СКОЈ, секретар на МК на КПЈ и член на Воениот штаб… Continue reading ТАЛЕСКИ, Благоја Петров
ТАЛЕСКИ, Борка Петров
ТАЛЕСКИ, Борка Петров (псевд. Црниот, Модерното, Октопод) (Прилеп, 19. Ⅷ 1921 – с. Плетвар, Прилепско, 2. Ⅲ 1942) – политички деец, учесник во напредното студентско и ослободителното движење, афирматор на македонската нација. Во 1939 г., како член на КПЈ, учествувал на Илинденските демонстрации (1940) во Прилеп и говорел за ослободување на Македонија. Бил затворан. Во… Continue reading ТАЛЕСКИ, Борка Петров
ТАМБУРА
ТАМБУРА – општ термин за повеќе видови жичени инструменти, кои според обликот меѓусебно многу не се разликуваат. Разликата се состои во бројот на гласовите (и жиците), од каде што произлегуваат разните термини за овој инструмент. Така, едногласната тамбура од две унисони жици се вика литарка или иќителлија, двогласните тамбури од четири жици (две по две… Continue reading ТАМБУРА
ТАНАСКОВА, Фиданка Цветкова
ТАНАСКОВА, Фиданка Цветкова (с. Зрзе, Прилепско, 12. Ⅱ 1948) – новинар и публицист. Студирала на Правниот факултет во Скопје. Првин била новинар на в. „Студентски збор“, а потоа соработник и уредник на Политичката рубрика и рубриката Македонците во светот на в. „Нова Македонија“ (1971–2004). Во повеќе наврати остварила подолги престои во Австралија, САД и Канада.… Continue reading ТАНАСКОВА, Фиданка Цветкова
ТАНЕ ЦАЛЕСКИ АД
„ТАНЕ ЦАЛЕСКИ“ АД – Кичево – фабрика за навојни производи од жица. Изградбата започнала во 1962, а производството на завртки и навртки во 1964 г. Производниот процес се базира врз технологијата на ладно ковење на жица во алат и тоа: завртки и навртки со димензија од М 20 мм, при што технолошкиот процес е заокружен… Continue reading ТАНЕ ЦАЛЕСКИ АД