ТАЛЕСКИ, Благоја Петров

ТАЛЕСКИ, Благоја Петров (псевд. Иван) (Прилеп, 17. И 1924 – Скопје 26. Ⅲ 2001) – припадник на работничкото и на ослободителното движење, политичар и државник. Бил член на КПЈ (од 1940) и учесник и организатор на партизанските одреди во НОБ, член на МК на СКОЈ, секретар на МК на КПЈ и член на Воениот штаб во Прилеп. Од април 1943 г. бил секретар на Вториот обл. ком. и дејствувал на терен за проширување на востанието. По Ослободувањето вршел високи партиски и државни функции: член на ЦК и на ИК на КПМ, член на ЦК на СКЈ, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, генерален директор на „Југотутун“ и два мандата претседател на Собранието на СРМ. ЛИТ.: Претседатели на Собранието на Република Македонија (1944–2004), Скопје, 2004. О. Ив.