ТАНАСКОВА, Фиданка Цветкова

ТАНАСКОВА, Фиданка Цветкова (с. Зрзе, Прилепско, 12. Ⅱ 1948) – новинар и публицист. Студирала на Правниот факултет во Скопје. Првин била новинар на в. „Студентски збор“, а потоа соработник и уредник на Политичката рубрика и рубриката Македонците во светот на в. „Нова Македонија“ (1971–2004). Во повеќе наврати остварила подолги престои во Австралија, САД и Канада. Почнувајќи од 1992 г,. до денес е редовен известувач на повеќе медиуми на македонски јазик на нашите сонародници во светот: „Македонски глас“ (Торонто, Канада), Државната радио мрежа СБС (Австралија), радиото Вестдојче рундфунг (Келн и Берлин),в. „Македонија-Европа“ (Дортмунд, Германија) и Радиопрограмата на македонски јазик „Три ипол зед“(Мелбурн, Австралија). Учествувала на повеќе меѓународни симпозиуми (Белград, Истанбул, Мелбурн и Сиднеј). Освен тоа, била претседател на Музичката младина на Македонија (1976–1982), секретар и потоа претседател на Здружението на новина-Фиданка Танаскова рите на Македонија (1987–1992), претседател на Здружението за граѓанска иницијатива, член на Советот на ССМ, член на Матицата на иселениците и Иселеничкиот совет при Министерството за иселеништво на Владата на РМ, активист и главен и одговорен уредник на в. „Солидарност“ на Црвениот крст на Македонија (1992–2008). Сега е главен и одговорен уредник на Издавачката куќа „Македонска искра“ во Скопје. БИБ.: Вистината за Методија АндоновЧенто, Скопје, 1990; Македонски вознес, Скопје, 1994 (со коавтор); Поетски иселенички меридијани, Скопје, 1996 (со коавтор); Македонците од Хамбург, Скопје, 1998 (со коавтор); Од Ресен до Мелбурн, Скопје, 2003. С. Мл.