БОФИНАТ

БОФИНАТ – средновековно утврдување во Пелагонија, јужно од Битола, на патот Виа Егнација. Го наведуваат западните извори веднаш по Битола, на патот на крстоносците од Драч кон Солун и кон Цариград. Се идентификува со селото Буф (Буфи, Акритас) во денешна Грција. Се лоцира ис-точно од селото, на локалитетот „Градиште“. Утврдувањето го контролирало патот Виа Егнација,… Continue reading БОФИНАТ

БОЦЕВСКИ, Боте

БОЦЕВСКИ, Боте (Боро) (Скопје, 21. Ⅰ 1921 – с. Каталинец, Врањско, Боте Боцевски 3. Ⅳ 1943) – браварски работник, комунистички деец и првоборец. Завршил три класа вечерно занаетчиско училиште. Бил член на СКОЈ (1939), на ПК на СКОЈ за Македонија и на МК на КПЈ во Скопје (1940), организатор на штрајкови на металските работници. По… Continue reading БОЦЕВСКИ, Боте

БОЦЕВСКИ, Владимир

БОЦЕВСКИ, Владимир (Куманово, 3. Ⅵ 1947) – кошаркар. Завршил Средно фискултурно училиште во Скопје (1968). Член е на Кошаркарскиот клуб „Партизан” во Куманово (1960– 1963), „Работнички” од Скопје (1963–1979) и КК „Куманово”. Бил еден од најдобрите играчи, со што придонел за успесите на своите екипи. Одиграл 49 натпревари за младинската и сениорската репрезентација на Југославија… Continue reading БОЦЕВСКИ, Владимир

БОЧВАР, Марко

БОЧВАР, Марко (Боцарис Маркос) (ок. 1788 – Мисолунги, 21. Ⅷ 1823) – учесник во Грчкото востание. Со наредба од претседателот на востаничката влада, Маврокордатос, бил назначен за командант на грчките востанички сили (1823). Загинал при одбраната на Мисолунги. Бил близок со Бајрон, кој изразил желба да биде закопан до Бочвар. ЛИТ.: Христо Полјански-Андонов, Одбрани дела,… Continue reading БОЧВАР, Марко

БОШАВА

БОШАВА – река, десна притока на Вардар. Извира во подножјето на планината Кожув, на височина од 1.070 м, а се слива во Вардар пред Демиркаписката Клисура на височина од 95 м. Долга е 51,5 км, има вкупен пад од 979 м и просечен пад 19,0 %. Сливот зафаќа по2 вршина од 467,7 км . Нејзини… Continue reading БОШАВА

БОШАЛЕ, Никола

БОШАЛЕ, Никола (Охрид, 27. Ⅶ 1929) – универзитетски професор, социолог. Основно образование завршил во родното место, а учителска школа во Битола. Дипломирал педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје. Постдипломски стидии по социологија завршил во Белград, а докторат по социолошки науки одбранил во Скопје (1975). Бил професор во Вишата туристичка школа во Охрид. Втемелувач на социологијата… Continue reading БОШАЛЕ, Никола

БОШЕВСКИ, Ристо Јосипов

БОШЕВСКИ, Ристо Јосипов (с. Журче, Демирхисарско, 7. XI 1948) – бригаден генерал на АРМ. Завршил средно училиште во Битола и Воена академија на ЈНА во Задар (1975). Бил командир на вод, батерија и артилериски дивизион на ЈНА. Во АРМ (од 1992) бил началник за организацискомобилизациски работи во корпус, командант на граничен баталјон и на пешадиска… Continue reading БОШЕВСКИ, Ристо Јосипов

БОШЕВСКИ, Томе

БОШЕВСКИ, Томе (Битола, 8. Ⅹ 1937) – ел.-инж., д-р на техничките науки, ред. проф., раководител на Институтот за ЕЦРП, на факултетската Лабораторија за обработка на податоци и на постдипломските студии. Три мандати бил декан на ЕТФ во Скопје. Тој е дописен член на МАНУ (1988 г.) и редовен (1994 г.). Бил на усовршување во Западна… Continue reading БОШЕВСКИ, Томе

БОШКОВ, Ванчо

БОШКОВ, Ванчо (Неготино, 1934 – Скопје, 1984) – ориенталист, османист, универзитетски професор. Во 1957 година дипломирал на Катедрата за ориенталистика во Сараево. Пет години работел во Државниот архив на Македонија, превел повеќе турски сиџили (досиеја) и турски документи од 1600-1912 г., три години бил на специјализација во Каиро. Две години бил на истражување во Историскиот… Continue reading БОШКОВ, Ванчо

БОШКОВА, Марија

БОШКОВА, Марија (Мери) (Битола, 2. Ⅴ 1924) – драмска и филм-ска актерка, меѓу водечките македонски театарски уметници. Изградила широк репертоар од лирски до драмски и карактерни улоги, а посебно се истакнува во делата на современите странски и наши писатели. Два периода е во МНТ (1945–1956 и од 1963 до пензионирањето, 1982); во меѓувреме е во… Continue reading БОШКОВА, Марија

БОШКОВИЌ, Ѓурѓе

БОШКОВИЌ, Ѓурѓе (Белград, 11. Ⅳ 1904 – Белград, 29. XI 1990) – историчар на уметноста и архитектурата и археолог, унив. професор, член на МАНУ надвор од работниот состав (од 26. Ⅻ 1974). Дипломирал на Техничкиот факултет (Архитектонски отсек) во Белград (1928). Првин бил кустос на Историско-уметничкиот музеј во Белград (1930-1934), а потоа преминал на работаContinue reading БОШКОВИЌ, Ѓурѓе

БОШКОВСКИ-ТАРЦАН, Трајко

БОШКОВСКИ-ТАРЦАН, Трајко (с. Голем Радобил, Прилепско, 12. Ⅵ 1918 – с. Сливник, Велешко, 6. Ⅰ 1943) – столар, комунистички деец и легендарен првоборец. Како член на СКОЈ (1935), учествувал и во работничкото движење во Белград (1937). Во времето на Илинденските демонстрации (1940) одржал два забележителни говора. Како член на КПЈ (1941), бил член на МК… Continue reading БОШКОВСКИ-ТАРЦАН, Трајко

БОШКОВСКИ, Владимир

БОШКОВСКИ, Владимир (Скопје, 5. Ⅰ 1944) – архитект. Дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет (Архитектонски оддел) во Скопје (1968). Истата година е избран за асистент, а потоа и во другите наставнички звања. Од 1998 г. е редовен професор на Архитектонскиот факултет по предметите Архитектонски конструкции 1 и Структурни системи и технологии на градење. Се занимава со научноистражувачка… Continue reading БОШКОВСКИ, Владимир

БОШКОВСКИ, Јозо

БОШКОВСКИ, Јозо (Јон) Т. (с. Острилци, Крушевско, 14. Ⅰ 1933 – Скопје, 2. Ⅳ 2008) – поет, раскажувач, преведувач, публицист, есеист и сликар. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје и бил новинар на МРТ. Член е на ДПМ (1965) и почесен член на Европската академија за литература и уметност во Неапол (Италија). БИБ.: Бој со… Continue reading БОШКОВСКИ, Јозо

БОШКОВСКИ, Љубе

БОШКОВСКИ, Љубе (Тетово, 24. Ⅹ 1960) – политичар. Основно и средно образование завршил во Тетово. Дипломирал право на Правниот факултет во Скопје (1986). По дипломирањето пријавил ново живеалиште во Ровињ, РХ (1987–1999). Во Република Македонија се вратил Љубе Бошковски по парламентарните избори (1998), кога станува државен секретар во МВР (31. И– 5. Ⅴ 2001), потоа… Continue reading БОШКОВСКИ, Љубе

БОШКОВСКИ, Петар Т

БОШКОВСКИ, Петар Т. (с. Острилци, Крушевско, 9. Ⅰ 1936 – Скопје, 13. Ⅶ 2006) – поет, романсиер, есеист, крититичар, драмски автор, преведувач, антологичар. Бил уредник во Македонското радио и уредник на сп. „Разгледи”. Неговиот модерен поетски сензибилтет понира длабоко во мислата и смислата на индивидуалното и негово вкоренување во колективното меморирање. ДЕЛ: стихозбирки: Суводолица, Ск.,… Continue reading БОШКОВСКИ, Петар Т

БОШКОСКИ, Борис Крстев

БОШКОСКИ, Борис Крстев (с. Никодин, Прилепско, 26. Ⅹ 1915 – Скопје, 5. Ⅰ 2004) – богослов и филолог, гимн. професор, прв ректор на Макед. правосл. богословија, проф. на Богословскиот ф-т во Скопје. Учел Правосл. богословија во Битола, матурирал во Сараево, Богосл. ф-т студирал во Белград и во Софија. Од 1945 до 1952 г. во СкопјеContinue reading БОШКОСКИ, Борис Крстев

БОШНАКОВСКИ, Јован Александров

БОШНАКОВСКИ, Јован Александров (Берово, 17. Ⅲ 1942) – ветеринар, редовен проф. на ФВМ во Скопје. Докторирал на В. ф. во Љубљана (1992). Има објавено 82 научни и стручни трудови. Бил на специјализација (1976/77) на Корнел универзитетот во САД, во ИАЕА-Саиберсдорф во Виена (1995), во Ветеринарниот институт Хановер (1989), како и во Париз, Лион и Лелистад,… Continue reading БОШНАКОВСКИ, Јован Александров

БОШНАКОСКИ, Драган

БОШНАКОСКИ, Драган (Галичник, 12. Ⅵ 1934) – архитект и дизајнер. Дипломирал на Академијата за применета уметност – Отсек за внатрешна архитектура во Белград (1959). Познат по синтезата на ликовната уметност и архитектурата, користејќи ги традиционалните архитектонски форми. Самостојно излагал во Скопје (1959 и 1973). Внатрешно уредил повеќе конаци, „Св. Пантелејмон” во Скопје, во манастирот „Св.… Continue reading БОШНАКОСКИ, Драган

БОШЊАЦИТЕ ВО Република Македонија

БОШЊАЦИТЕ ВО Република Македонија – етничка заедница во Република Македонија што ја сочинува исламизирано словенско население од Босна и Херцеговина и од Србија (Санџак и Нови Пазар). Како посебен етнос (Муслимани) се признати во периодот на ФНРЈ (по 1961). На територијата на Република Македонија по Втората светска војна се населија 1.100 муслимански семејства. Тие формираа… Continue reading БОШЊАЦИТЕ ВО Република Македонија

БРАЖАНСКИ, Димче

БРАЖАНСКИ, Димче (Скопје, 6. XI 1923 – Скопје, 23. Ⅳ 1976) – припадник на првата генерација македонски новинари. Во повоените години почнал во „Млад борец” и во Радио Скопје. Од 1953 г. повеќе од две децении е на значајни функции во „Нова Македонија” (уредник на Скопската и на Внатрешно-политичката рубрика, коментатор). Го уредувал и неделниот… Continue reading БРАЖАНСКИ, Димче

БРАЗДА

БРАЗДАСКОПЈЕ – агријанска населба на 5 км северно од Скопје, на крајните југозападни падини на Скопска Црна Гора. Во нејзиниот атар се регистрирани разни археолошки локалитети, меѓу кои централно место има локалитетот Градиште, доминантен рид со зарамнето плато на јужната периферија на с. Бразда. Локалитетот е познат како предримска утврдена населба, со најинтензивно… Continue reading БРАЗДА

БРАЈКОВСКИ, Живко

БРАЈКОВСКИ, Живко (с. Беличица, Гостиварско, 5. IX 1917 – Тетово, 20. Ⅷ 1963) – првоборец, политичар и општественик. Како припадник на НОД (1941), бил член на КПЈ (1942), борец на Мавровскиот НОПО (1943) и член на Реонскиот комитет на КПЈ во Маврово, а од септември и секретар на Околискиот комитет на КПМ за Мавровско (1943–1945).… Continue reading БРАЈКОВСКИ, Живко

БРАЈКОВСКИ, Филип

БРАЈКОВСКИ, Филип (С. Беличица, Гостиварско, 15. Ⅷ 1924) – првоборец и политичар. Како припадник на работничкото и комунистичкото движење, бил член на СКОЈ (1941), на КПЈ (1942), на Реонскиот и Околискиот комитет за Мавровско-галичкиот реон, повлечен во заднина (1943), а потоа на партиска работа во Дебар ( Ⅳ 1944 –Ⅶ 1945). По Ослободувањето бил претседател… Continue reading БРАЈКОВСКИ, Филип