БОШКОВСКИ, Јозо

БОШКОВСКИ, Јозо (Јон) Т. (с. Острилци, Крушевско, 14. Ⅰ 1933 – Скопје, 2. Ⅳ 2008) – поет, раскажувач, преведувач, публицист, есеист и сликар. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје и бил новинар на МРТ. Член е на ДПМ (1965) и почесен член на Европската академија за литература и уметност во Неапол (Италија). БИБ.: Бој со гадурија, Скопје, 1963 (поезија); Активен говорник – поет, Скопје, 1966 (поезија); Македонска трагедија, Скопје, 1966 (поетска драма); Цветовина, Скопје, 1969 (поезија и цртежи); Мудроста на сонцето – Знаја – крајни консеквенци, Скопје, 1976 (поезија, есеи и цртежи); Умиште – глава на вселената, Скопје, 1980 (монографија); Вечна река, Скопје, 1980 (поезија); Деца и цвеќиња, Скопје, 1981 (поезија за деца); Т’га за југ, Индија, 1981 (антологија на македонската поезија); Осветлен човек, Скопје, 1984 (поезија; Црна поезија, Скопје, 1984; Светла на вселената, Скопје, 1989 (поезија); Умиште, Скопје, 1990 (монографија); Големата експлозија, Скопје, 1992 (поезија и есеи); Лек против смртта, Скопје, 1994 (поезија и есеи); Скопската овца, Скопје, 1996 (раскази); Умжарт, Скопје, 1998 (поезија); Атлантида вистинската и Македонија – високоцветна Македонија, Скопје, 1998 (историја и поезија); Триумф на материјата, Скопје, 2000 (естетика – водич). С. Мл. Карпуш Бошковски БОШКОВСКИ, Карпуш Благоев