БОШЕВСКИ, Томе

БОШЕВСКИ, Томе (Битола, 8. Ⅹ 1937) – ел.-инж., д-р на техничките науки, ред. проф., раководител на Институтот за ЕЦРП, на факултетската Лабораторија за обработка на податоци и на постдипломските студии. Три мандати бил декан на ЕТФ во Скопје. Тој е дописен член на МАНУ (1988 г.) и редовен (1994 г.). Бил на усовршување во Западна Германија и во шведска. Работел во Лабораторијата за физика и динамика на нуклеарните реактори во Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидрич”, Винча, Србија. Неговата истражувачка дејност опфаќа: а) развој и усовршување на методите за експериментално определување на нуклеарните перформанси на тешководните реакторски решетки и проучување на неутронскиот флукс во клетката на нуклеарниот реактор; б) развој и усовршување на методите за пресметка на физичките параметри на тешководните реактори со уранско гориво, рециклација на плутониумот, прегрејување на пареата во БХЊР–реакторите, израмнување на неутронскиот флукс во активната зона на ПХЊР– реакторите и др. Значаен е и неговиот придонес во решавањето на актуелните проблеми на ЕЕ во РМ, како што се: топлинското оптоварување на животната средина од постојни и предвидени ЕЕ извори (како и квантификацијата на други штетни влијанија што произлегуваат од работата на тие извори), избор на локации за големи ЕЕ извори, долгорочно и краткорочно планирање на работата на централите во ЕЕС и др. ЛИТ.: „Билтен на единаесетто изборно собрание”. Посебно издание – реферати и прилози, МАНУ, Скопје, март 1994. Др. Р.