БОШКОВСКИ, Љубе

БОШКОВСКИ, Љубе (Тетово, 24. Ⅹ 1960) – политичар. Основно и средно образование завршил во Тетово. Дипломирал право на Правниот факултет во Скопје (1986). По дипломирањето пријавил ново живеалиште во Ровињ, РХ (1987–1999). Во Република Македонија се вратил Љубе Бошковски по парламентарните избори (1998), кога станува државен секретар во МВР (31. И– 5. Ⅴ 2001), потоа министер за внатрешни работи на Република Македонија (2001–2002) и пратеник (20022004). Мандатно-имунитетната комисија му го одзема имунитетот на 1. Ⅴ 2004 г. поради сомневање за вмешаност во случајот „Раштански лозја”. На 30. Ⅳ 2004 г. инцогнито заминува во РХ, каде што по шестмесечна истрага против него се покренува обвинителен акт за случајот „Раштански лозја”, но не се иницира постапка по барањето на Хашкото обвинителство за предавање поради сомневање за кршење на законите и обичаите на војувањето на 12. Ⅷ 2001 г. во с. Љуботен. РХ го екстрадира во Хаг на 24. Ⅲ 2005 г. Првото негово појавување пред Хашкиот трибунал е на 1. Ⅳ 2005 г. Обвинителен акт во случајот „Љуботен” се покренува на 15. Ⅲ 2005 г., изменет и дополнет на 2. XI 2005 г. Судската расправа започнува на 16. Ⅳ 2007 г. Ослободен како невин на 10. Ⅶ 2008 г. ИЗВ.: Министерство за правда на РМ; Обвинителен акт против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, 15. Ⅲ 2005, со измени и дополнувања од 2. XI 2005, хттп://њњњ.ун.орг.ицтѕ. БИБ.: Љубе Бошковски, Мојата борба за Македонија, Скопје, 2004. Св. ш. и Т. Петр. Петар Т. Бошковски