ГАЈДАРКА

ГАЈДАРКА (гајдурка, гајденица, сурла, клепарка, вражаљка, вигурка) – еден од најважните делови на гајдата: дрвена мелодиска цевка со мал додаток на долниот крај од рожена коска, свиткана о околу 120 С. На предниот дрвен дел од слагарката се издупчени седум мелодиски отвори и еден од задната страна за палецот. Првиот мелодиски отвор, наречен мрморец, и… Continue reading ГАЈДАРКА

ГАЈДАРЏИСКА ЈОСИФОВСКА, Марија

ГАЈДАРЏИСКА ЈОСИФОВСКА, Марија (Штип, 19. Ⅻ 1958) – физичар, ред. проф. (1996) на Универзитетот Висконсин во Милвоки, САД. Дипломирала (1981) на ПМФ. Магистрирала (1986) во Сиднеј и докторирала (1991) во Темпи, Аризона, со ис-тражување на структурата на кермети, односно електронска микроскопија на површини на тврди тела. Од 1987 г. е во САД, од 1994 е… Continue reading ГАЈДАРЏИСКА ЈОСИФОВСКА, Марија

ГАЈДИК-СЛАВКО, Роберт

ГАЈДИК-СЛАВКО, Роберт (Злин, Чехословакија, 1923 – Липљан, Косово – 14. Ⅰ 1942) – комунистички деец и борец (од чешко потекло). По окупацијата на Чехословакија (1938) се доселил кај своите родители во Скопје, го завршил Среднотехничкото училиште (Градежен отсек) и станал член на СКОЈ (1939). По налог на МК на КПЈ за Скопје, се вработил во… Continue reading ГАЈДИК-СЛАВКО, Роберт

ГАЈДОВ, Стефан

ГАЈДОВ, Стефан (Велес, 8. Ⅵ 1905 – Охрид, 18. Ⅵ 1992) – композитор, диригент и музички педагог. Средно музичко образование завршува (1929) во Белград. Еден период (1929-1932) предава музика во Гимназијата во Велес и го води хорот „Јека са Вардара”. Потоа работи како професор на Гимназијата во Вуковар (1932-1941), каде ги води училишниот хор и… Continue reading ГАЈДОВ, Стефан

ГАЈТАН

ГАЈТАН – правоаголно парче платно, украсено со богат вез во техниката сокаечко, со стари метални пари, монистра, каури школки, како и со богат поткит од црни, црвени или бели волнени реси. Се носел на денот на свадбата како составен дел на сокајот, поради својата тежина, закачен со јадица за невестинскиот клашеник. Сл. Ѓ.

ГАЈТАНИ, Адем

ГАЈТАНИ, Адем (Адем Гајтани) (Абдурамани, Адем) (Подуево, Косово, Југославија, 21. Ⅷ 1935 – Скопје, 19. Ⅲ 1982) – поет и преведувач. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1961). Со книжевна дејност се занимавал од 1955 г. Соработувал во весниците и списанијата на албански јазик („Зани и ринис” и др.), бил новинар на в. „Рилиндја” и… Continue reading ГАЈТАНИ, Адем

ГАЛЕБИ

ГАЛЕБИ (Ларус) – род средно големи птици со должина на телото од 30 до 60 цм, кои во Македонија главно се јавуваат во периоди на миграција и преку зима. Досега кај нас се регистрирани шест вида галеби. ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус. Цамбридге, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге, 2004;… Continue reading ГАЛЕБИ

ГАЛЕВ, Гале

ГАЛЕВ, Гале (с. Сачево, Струмичко, 11. Ⅱ 1943) – правник, универзитетски професор. Основно образование завршил во родното место, а учителска школа во Штип (1963). Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1968), каде што магистрирал (1979) и докторирал на тема „Слободата на договарањето како еден од основните принципи на договорното (облигационо) право во социјалистичка Југославија“ (1989).… Continue reading ГАЛЕВ, Гале

ГАЛИ

ГАЛИ (Келти) – палеоевропска популација (етнички супстрат на европските народи) од индоевропско потекло. Првобитно живееле по Горна Рајна (ги нар. Келти), од каде воⅤв. пр. н.е. се преселиле во Иберија, Британија и во Галија (Грците ги нар. Галати, а Римјаните Гали). Во Ⅳ в. пр. н.е. го нападнале Балканот (310 г. пр. н.е., кралот КасандарContinue reading ГАЛИ

ГАЛИ, Бутрос Бутрос

ГАЛИ, Бутрос Бутрос (Боутрос се оформени во неколку музејски икони од византискиот период со Боутрос Гхали) (Каиро, 14. XI 1922) институции, во градски цркви и во исклучително значење – дваесе– египетски унив. професор и дипманастири. Од богатата колекци-тина скапоцени икони со релатиломат. Професор по Меѓународја на Музејот на Македонија се из-вен историски и стилски континуно… Continue reading ГАЛИ, Бутрос Бутрос

ГАЛИЌ, Ристо

ГАЛИЌ, Ристо (Скопје, 25. Ⅴ 1925 – Скопје, 1. Ⅳ 1985) – дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград (1951), магистрирал на Економскиот факултет во Скопје (1973) и докторирал на Архитектонскиот факултет во Белград хитектонскиот факултет во Бел-град по предметот урбано зонирање. Се занимавал со урбанистичко и архитектонско проектирање и со научноистражувачка… Continue reading ГАЛИЌ, Ристо

ГАЛИЧИЦА

ГАЛИЧИЦА – висока планина сместена во крајниот југозападен дел на Република Македонија која во форма на типичен хорст се издига помеѓу Охридската Котлина на запад и Преспанската на исток. На север продолжува во планините Петри-но и Исток, а со превалот Буково (1.207 м) морфолошки е одвоена од Плакенска Планина. Има меридијански правец на протегање со… Continue reading ГАЛИЧИЦА

ГАЛИЧКА СВАДБА

ГАЛИЧКА СВАДБА -. традиционална годишна народна манифестација во с. Галичник. Во ова село во минатото свадбите се правеле главно на Петровден (12 јули) и поретко на Голема Богородица (28 август). За Петровден обично се враќале печалбарите, дури и од најоддалечените земји. Свадбите траеле и по цела недела. Собирачите на македонски народни (1976). Редовен професор на… Continue reading ГАЛИЧКА СВАДБА

ГАЛИЧНИК

ГАЛИЧНИК – село во Мијачкиот крај. Се наоѓа на западните падини на планината Бистра на надморска висина од околу 1.400 м. Со Маврово е поврзано преку локален асфалтен пат. Во минатото Г. било голема населба и административен центар. Се смета дека е формирано од сточарите доселени од реката Галик во Солунската Котлина, кои доаѓале со… Continue reading ГАЛИЧНИК

ГАЛОГАЖА, Стефан

ГАЛОГАЖА, Стефан (Пониква кај Топуско, 20. Ⅱ 1893 – логор Јасеновац, по 1. Ⅹ 1944) – хрватски писател и публицист. Завршил правен факултет во Париз (1919), а подоцна му пристапил на комунистичкото движење (1928), поради што повеќе пати бил апсен. Како уредник на литературното сп. „Критика“ (Загреб, 1928), ги објавил првите Рацинови текстови – прозниот… Continue reading ГАЛОГАЖА, Стефан

ГАЛТОН, Херберт

ГАЛТОН, Херберт (Херберт Гал-тон) (Виена, 1. Ⅹ 1917 – Виена, 9. Ⅻ 2004) – лингвист, славист од еврејско потекло. Автор на неколку стотици трудови посветени на фонолошките и граматичките системи на словенските јазици. МАНУ во 1976 му ја објави книгата Тхе маин фунцтионс оф тхе Славиц вербал аспецт. З. Т.

ГАМБУЗИИ

ГАМБУЗИИ (Поецилидае) – фамилија живородни рипки, природно распространети во водите на Америка. Кај нас е интродуциран С. Галичник видот гамбузија (Гамбусиа аффинис), како биолошко средство за борба против маларијата. ЛИТ.: М. Беазлеѕ, Гуиде то Фресхњатер Фисх оф Бритаин анд Еуропе, Лондон; Ј. Цривелли, Тхе Фресхњатер фисх ендемиц то тхе Нортхерн Медитерранеан Регион, Тоур ду Валат… Continue reading ГАМБУЗИИ

ГАМЕТОГЕНЕЗА, РИБИ

ГАМЕТОГЕНЕЗА, РИБИ – созревање на машки и женски поло-ви клетки, гамети. Половите клетки кај рибите се развиваат во тек на еден репродуктивен циклус, период во кој една генерација на герминативни клетки се оформува во функционални гамети. Морфолошките одлики на гаметогенезата и развојот на гонадите во текот на репродуктивниот циклус се изучувани кај повеќе видови риби… Continue reading ГАМЕТОГЕНЕЗА, РИБИ

ГАНЗОВСКИ, Ѓорѓи

ГАНЗОВСКИ, Ѓорѓи (с. Стенско, Костурско, 1924 – Скопје, 1986) – универзитетски професор, економист. Основно и средно образование завршил во Костур, Егејскиот дел на Македонија. Член на Комунистичката младинска организација на Грција од 1941 г. Активно учествувал во борбите против окупаторите на земјата. Се борел во редовите на ЕЛАС, во Егејската бригада на ДАГ (1946-1949). Преку… Continue reading ГАНЗОВСКИ, Ѓорѓи

ГАНЧЕВ-СТОЈАНОВ, Стојан

ГАНЧЕВ-СТОЈАНОВ, Стојан (Ајтос, Бугарија, 28. Ⅻ 1929) – оперски певец – тенор, првенец на Операта на МНТ. Во 1960 г. дипломирал соло-пеење на Софиската музичка академија (проф. Брмбаров), а студирал и оперска режија (проф. Коџиев). Солист на Софиската опера (1960-1963) и солист во Операта на МНТ (1964-1969). Имал ангажман во Загрепската опера (до 1993). Тој… Continue reading ГАНЧЕВ-СТОЈАНОВ, Стојан

ГАПКОВСКИ, Наум

ГАПКОВСКИ, Наум (с. В’мбел, Костурско, 1. Ⅲ 1941) – инж. геол., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1990) по инженерска геологија и механика на карпи. По емиграцијата од Грција (1948), живеел и се школувал во Чешка и во Полска, а од 1956 г. во Југославија. Завршил Рударскогеолошки факултет во Белград, по што, до доаѓањето… Continue reading ГАПКОВСКИ, Наум

ГАРАШАНИН, Драга

ГАРАШАНИН, Драга (Париз, 1921 – Белград, 1997) – археолог. Студиите по класична филологија ги завршила (1946) во Белград, докторирала (1953) во Љубљана (за Старчевачката неолитска култура во Србија). Работниот век го поминала во Народниот музеј во Белград како кустос, раководител на Одделот за праисторија и научен соработник. Заедно со својот сопруг Милутин, кораководела неколку истражувачки… Continue reading ГАРАШАНИН, Драга

ГАРАШАНИН, Милутин

ГАРАШАНИН, Милутин (Бел-град, 11. IX 1920 – Белград, 4. Ⅳ 2002) – академик, проф. по археологија. Студии завршил во 1946 г. на групата за Класична филологија на Филозофскиот факултет во Белград. Докторирал на Филозофскиот факултет во Љубљана (1950). Работел во Музејот на град Белград и во Народниот музеј во Белград (1945-1946). Од 1950 г. е… Continue reading ГАРАШАНИН, Милутин

ГАРВАНОВ, Иван

ГАРВАНОВ, Иван (Стара Загора, Бугарија, 1869 – Софија, 28. XI 1907) – Бугарин по националност, претседател на ЦК на ТМОРО (1901–1903), главен иницијатор за одлуката за востание (1903). Дипломирал физика и математика во Софија (1892). Специјализирал во Виена. Професор во Солунската егзархиска гимназија (1894–1903). Претседател на Бугарското тајно револуционерно братство (1897– 1899). Одржувал врски со… Continue reading ГАРВАНОВ, Иван