ГАНЧЕВ-СТОЈАНОВ, Стојан

ГАНЧЕВ-СТОЈАНОВ, Стојан (Ајтос, Бугарија, 28. Ⅻ 1929) – оперски певец – тенор, првенец на Операта на МНТ. Во 1960 г. дипломирал соло-пеење на Софиската музичка академија (проф. Брмбаров), а студирал и оперска режија (проф. Коџиев). Солист на Софиската опера (1960-1963) и солист во Операта на МНТ (1964-1969). Имал ангажман во Загрепската опера (до 1993). Тој е носител на околу 80 поголеми и помали улоги. Позначајни водечки улоги: Радамес (Аида), Манрико (Трубадур), Полионе (Норма), Марио Каварадоси (Тоска), Самсон (Самсон и Далила), Ерик (Хо-ланѓанинот скитник), Дон Хозе (Кармен), Василиј Ⅱ (К. Македонски Цар Самуил), Фауст, Јеник (Продадена невеста), Отело. Гостувал во повеќе странски земји. Се занимава и со режија и вокална педагогија. Поседува силен глас со широк дијапазон и со сигурни висини, како и висок артизам во толкувањето на сценските ликови. Ф. М. Наум Гапковски