ГАЛЕВ, Гале

ГАЛЕВ, Гале (с. Сачево, Струмичко, 11. Ⅱ 1943) – правник, универзитетски професор. Основно образование завршил во родното место, а учителска школа во Штип (1963). Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1968), каде што магистрирал (1979) и докторирал на тема „Слободата на договарањето како еден од основните принципи на договорното (облигационо) право во социјалистичка Југославија“ (1989). Избран е за асистент (1971), за предавач (1979), за доцент (1989), за вонреден (1994) и за редовен професор (1999) на областа Граѓанско право и индустриска сопственост. Бил проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (1996-1998) и министер за образование и наука во Владата на Република Македонија (1999-2000). Бил декан на Правниот факултет во Скопје (2004-2008). Еден од втемелувачите на Централниот регистар на Република Македонија (1997-2000) и на Европскиот кредитен трансфер-систем на Правниот факултет во Скопје (2005). Бил претседател на Државната комисија за подготовка на Законот за облигационите односи (1998-2001) и учествувал во изработката на повеќе законски проекти од областа на сопственичките односи, денационализацијата, залогот, договорната хипотека, централниот регистар и високото образование. По негова иницијатива Правниот факултет „Јустинјан Први“ станал дел од регионалните постдипломски студии по Европското деловно право, организирани на 13 високообразовни институции од Југоисточна Европа. Во рамките на Европскиот кредит трансфер систем на високото образование, како декан на Факултетот, ја промовирал и ја реализирал идејата „Учебник за секој студент“ со што издавачката факултетска продукција била подигната на над 40 нови изданија го-дишно, кои по правило се донирале на судентите. Објавил над 100 научни труда од областа на граѓанското право. БИБ.: Облигационо право – практикум, Скопје, 2001; Двесте години од донесувањето на Цоде цивил (1804-2004), Скопје, 2005; Извори и начела на облигационото право, Скопје, 2007; Облигационо право, Скопје, 2008 (коавтор со проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска). ЛИТ.: Правен факултет – Педесет години 1951 – 2001, Скопје, 2001. Св. ш. пуштените или незаштитените цркви и манастири се изложени во неколку цркви во Македонија. Во црквата „Св. Богородица” во Ново Село крај Штип, во градската црква „Св. Никола” во Штип, во црквата „Св. Кирил и Методиј” во Тетово, во црквата „Св. Петнаесет тивериополски маченици” во Струмица, во црквата „Св. Никола” во Куманово, во Бигорскиот манастир „Св. Јован Претеча” кај Гостивар, во охридските цркви „Св. Никола-Геракомија”, „Св. Богородица” во Каменско, во струшката црква „Св. Ѓорѓи”, во „Св. Спас” во Скопје и др. ЛИТ.: К. Балабанов, Галерија на икони, Штип, 1988; истиот, Галерија на икони во црквата Св. Кирил и Методиј во Тетово, Тетово, 1990; Н. Панзов, Галерија на икони, Штип, 1991; М. Георгиевски, Галерија на икони – Охрид, Охрид, 1999; В. Поповска-Коробар, Ј. Зисовска, Икони од Кумановско во црквата Св. Никола во Куманово, Куманово, 2000; Ф. Јовева, Галерија на икони Св. Петнаесет тивериополски маченици, Струмица, 2000; В. Поповска-Коробар, Икони од Музејот на Македонија, Скопје, 2004. В. П.-К.